Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: КАКВА Е СТРУКТУРАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ПО ЕТНИЧКА ОСНОВА

February 24, 2026 Filed Under: Македонија

Вработени во тој сектор се 72,5% Македонци, 21,4% Албанци, останатите 2% или помалку

ЗАСТАПЕНОСТ Највисока застапеност на Ромите во јавните служби е во Министерството за спорт

Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор кои се опфатени во најновиот Регистер за 2024 та година, 72,59% се етнички Македонци, 21,39% етнички Албанци, 2,07% се Турци а останатите заедници се застапени со помалку од 2 %, пишува Порталб. Во Регистарот на вработени во Јавниот сектор за 2024 та се нотира и укинувањето на “Балансерот“ од страна на Уставен суд.

“Почнувајќи од 2015 година, секоја институција во јавниот сектор изготвува годишен план за вработување и согласно истиот спроведува постапки за вработување. Распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност, се врши електронски преку веб алатката достапна на веб локацијата http://balancer.mioa.gov.mk/. Користењето на гореспомената алатка е укинато со одлуката на Уставен суд на Република Северна Македонија У.Бр 90/2024 од 09.10.2024 година“ – се наведува во извештајот.

Во Јавниот сектор во 2024 та работеле 127.322 лица а со извештајот се опфатени 108.670 вработени.

Етничка структура 2024

Македонци                               78 884                72,59%

Албанци                                     23.248                21,39%

Турци                                             2.248                 2,07%

Роми                                               1.281               1,18%

Срби                                                1.086                1,00%

Извор : Регистер за јавен сектор

Што покажуваат податоците за етничката структура на вработените?

Анализата на вработените според видови на институции покажува дека етничките Албанци се најмалку застапни во институциите : Претседател на РСМ со 11,86%, Служба во Владата со 12,14% и во Влада на РСМ со застапеност од 15,01%. На ниво на сите општини застапеноста на етничките Албанци изнесува 20,51%, во министерствата е 25,47% а највисока застапеност со удел 60% има во Самостојните стручни органи. Во институциите од правосудството, во Јавното обвинителство 80,56% се Македонци додека 15,93% се Албанци, во Уставниот суд соодносот на застапеност е 74.58%, односно 15.25% додека во Судовите застапеноста на етничките Албанци е 17.03%  додека на етничките Македонци е 78.68%.

Етничка структура

Македонци                       Албанци

Јавно Обвинителство             80,56%                                  15,93%

Уставен суд                                74,58%                                  15,25%

Судови                                        78,68%                                  17,03%

Извор : Регистер за јавен сектор

Најновите податоци од Регистарот на вработени во јавниот сектор покажуваат различна распределба и концентрација на вработените по етнички клуч на ниво на министерства.  Највисок процент на застапеност од 54,10% на етничките Албанци има во Министерството за односи меѓу заедниците, во кое пак 34,02% се Македонци, 3,28% се Турци, по 2,87% од вработените се Роми и Срби додека 1,23% се Бошњаци а 0,41% се Власи.

Над 30% застапеност на граѓаните од Албанската заедница има во Министерството за економија 42,37%, Министерството за здравство 37.39%, Министерството за образование 34.58%, Министерство за правда 37.99%, во Министерство за јавна администрација застапеноста изнесува 33.33%, во Министерство за локална самоуправа 35.29%, во Министерство за животна  средина 37.69% и во Министерство за европски прашања 31.00%.

Од друга страна најниски проценти на застапеност на етничките Албанци има во Министерство за спорт 12.50%,  Министерство за одбрана 13.74%,  Министерство за дигитална трансформација 16.34%, Министерство за земјоделство 19.45% и во Министерство за транспорт каде од вкупниот број на вработени, 19.47%  се етнички Албанци.

Новите податоци покажуваат дека најголем број на вработени од Турската заедница има во Министерство за економија, во Министерство за јавна администрација и во Министерството за европски прашања. Најголема процентуална застапеност пак на Ромите, над 2%, има во неколку ресори како Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за правда, Министерство за социјална политика а највисок удел од 6,25% на застапеност на Ромите има во Министерството за спорт.

Во следното тематско продолжение на “Анализа“ – вработени во Јавен сектор според етничка припадност и образованието во државните институции и агенциите.

Filed Under: Македонија

ПО СИМУЛТАНКАТА СО ПРЕДАВАЊЕТО НА ГРУБИ – НАЈВЕЌЕ ДОБИ ДУИ А ОТРОВОТ ГО ИСПИ ЧУВСВОТО НА ПРАВДА ВО ЗЕМЈАВА
ПRАВДАТА ВО РАЦЕТЕ НА ПОДОБНИ СУДИИ ВО НОВОТО ТЕФТЕРЧЕ НА ВМРО-ДПМНЕ
СЛУЖБЕНИОТ КАБИНЕТ НА ЃУРОВ: ВЕТУВАЧКИ, ЕКСПЕРТСКИ И ИЗНЕНАДУВАЧКИ
ГЕНОЦИД ВО ГАЗА: ПОЗНАТИ УМЕТНИЦИ ЗГРОЗЕНИ ОД МОЛЧЕЊЕТО НА БЕРЛИНАЛЕТО
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (167): АГРЕСОРОТ ГИ „ПРЕВОСПИСТУВА“ ГРАБНАТИТЕ УКРАИНСКИ ДЕЦА ПОД ЗНАМЕТО И ХИМНАТА НА АГРЕСОРОТ

Најново

  • ПО СИМУЛТАНКАТА СО ПРЕДАВАЊЕТО НА ГРУБИ – НАЈВЕЌЕ ДОБИ ДУИ А ОТРОВОТ ГО ИСПИ ЧУВСВОТО НА ПРАВДА ВО ЗЕМЈАВА
  • ПRАВДАТА ВО РАЦЕТЕ НА ПОДОБНИ СУДИИ ВО НОВОТО ТЕФТЕРЧЕ НА ВМРО-ДПМНЕ
  • СЛУЖБЕНИОТ КАБИНЕТ НА ЃУРОВ: ВЕТУВАЧКИ, ЕКСПЕРТСКИ И ИЗНЕНАДУВАЧКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet