Вкупната реализација изнесува 78,3 отсто. Кои министерства и институции и колку потрошиле ?

АНЕТА ДОДЕВСКА
Во 2021 та не се достигна планираното и најавено реализирање на паиталните инвестции од најмалку 80%. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 31 декември 2021 та, биле реализирани 379 милиони евра капитални расходи што претставува 78,35% во однос на планираните. Заклучно со ноември само три министерства испорачале реализација повисока од 80% а има институции кои не успеале да потрошат ниту 10% од годишниот буџет за капитални, односно јавни инвестции. Инспекцискиот совет има нула процент на реализација на капиталните раходи. „Порталб“ објавува детали за тоа кои институции колку пари потршиле за капитални расходи заклучно со ноември – за кога се достапни и последните податоци.
Реализација на капиталните расходи кај министерствата ..
Министерствата со “поголеми“ буџети за капитални расходи успеале да потрошат повеќе средства за оваа намена, но заклучно со единаесеттиот месец од 2021 та ниту еден ресор не надминал реализација повисока од 90%. Највисок процент на остварување има Министерство за култура кое на располагање имало 534 000 евра а релизирало 89,6%,
Повеќе од 70% реализација на капиталните инвестции е остварена во Министерство за внатрешни работи кое од 15,5 милиони евра на располагање – потрошило 81,1%, Министерство за земјоделство од вкупните средства во износ од 29,3 милион евра за капитални расходи, реализирало 80,7% и Министерство за економија од 3,9 милион евра по основ на капитални расходи потрошило 76,8% . Со еден од поголемите буџети за капитални проекти во износ од 44,9 милиони евра беше Министерството за одбрана кое од оваа сума потршило 69,7%.
Министерство за финансии лани имало на располагање 11,1 милион евра за капитални расходи а реализацијата изнесувала 61,0% додека преку Министерство за финансии-функции на држава реализација е 63,7% заклучно со ноември.
Министерство за образование имаше буџет за капитални проекти од 22,7 милиони евра, реализација изнесувала 60,1%, Министерството за информатичко општество од 685 000 евра потрошило 58,4% додека останатите министерства имаа ниво на остварување пониско од 60%.
Така, Министерство за надворешни работи од 344 000 евра реализирало 54,3%, Министерство за транспорт и врски кое располага со еден од поголемите буџети од 49,6 милион евра и во негови раце се значајни инфраструктурни проекти, реализирало 50,9%, Министерство за труд и социјална политика од 27,6 милион евра за капитални проекти – потрошило 49,3% додека Министерство за здравство од 11,2 милион евра реализирало 48,3%.
Министерство за локална самоуправа имало на располгање 124 000 евра од кое реализирало 44,1%, Министерство за правда од 116 000 евра потрошило 41,1%, Министерство за животна средина од вкупно 6,3 милион евра за капитални расходи, реализирало 49,6% а Министерството за политички систем во 2021 та имало на располагање скоро 94 000 евра за капитални проекти а потрошило само 39% од парите.

Реализација на капиталните расходи кај агенциите и инспекторатите ..
Од институциите со низок износ на остварување на капиталните расходи се Собранието кое лани имало за тршење 1,5 милиони евра а заклучно со ноември реализирало само 11,3%. Помалку од 15% реализација за 11 месеци регистрирани се кај повеќе државни агенции и инспекторати. Комисијата за заштита на конкуренцијата која од 6 000 евра за капитални раходи потрошила само 440 евра или 7,3%, низок степен на реализација од 1,58% има кај Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кај Државниот завод за индустрикса сопственост реализацијата изнесува 1,44% а кај Државниот просветен инспекторат е 8,7%. Низок степен на остварување на капиталните расходи од само 13,6% има кај Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Според најавите и очекувањата 2021 та требаше да заврши со реализација на капиталните инвестиции од најмалку 80%. Имаше и најави дека будно ќе се следи остварувањето на јавните инвестиции а институциите кои нема да го исполнат планот можат да останат со “куси ракави“ кога се работи за буџетски средства за инвестициски проекти.