Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: КРИЗНА ОДЛУКА ВО КРИЗНО ВРЕМЕ

October 25, 2022 Filed Under: Македонија

Следната буџетска година ќе започне со веќе „изместени“ владини проекции кои се зацртани во Фискалната стратегија. Владата најави кратења кај повеќе ставки –  трансфери, стоки и услуги, субвенции, пишува Порталб

КУСЕЊА Ова е секако кризен буџет и тиој значи кусења во некои сектори

АНЕТА ДОДЕВСКА

Дали прогнозите за трошење во  2023 година беа „надувани“, па има простор за намалување или поради кризата нема друго решение освен да се стесни ременот за буџетските трошења.

Намалување          Очекуван ефект

За плати и надоместоци                            10 отсто           49  000 000 евра

За субвенции, трансфери, дотации          20 отсто            49 000 000 евра

За стоки и услуги                                         20 отсто            49 000 000 евра

 

 

Намалување на расходите за плати и надоместоци

За исплата на плати и надоместоци на буџетарите за годинава се планирани скоро 540 милиони евра – сума која со ребалансот на Буџетот се зголеми за 1,7 отсто. Кај оваа ставка Владата планира намалување за 10 отсто во однос на 2023 година, кога е проектиран износ од 570,3 милиони евра. Од ова кратење се очекува заштеда од 49 милиони евра.

Плати и надоместоци

2022 година                         540.000.000 евра

2023 година                          570.300.000 евра

Како дел од планот се и намалување на расходите на Јавните претпријатија, агенциите, фирмите во државна сопственост – и тие имаат обврска да ги намалат трошењата, но и да ги намалат платите онаму каде што тие се далеку над републичкиот просек.

 

Намалување на  расходи за субвенции, трансфери, социјални надоместоци

„Најчувствителните“ буџетски ставки на расходната страна се оние за субвенции, трансфери, социјални надоместоци – Владата планира догодина да ги намали за  20 отсто во однос на рамката за 2023 година. А во 2023 година дел од овие ставки според Фискалната проекција веќе се намалени во однос на годинава, но дел се и значајно зголемени.  И со овие  кратењата  се очекува заштеда од 49  милиони евра.

Расходи по ставки

2022 година                  2023 година (проекција)

Социјални трансфери              2.100. 000.000 евра              2. 200.000.000 евра

Трансфери и субвенции               550.000.000 евра                    514.500.000 евра

Трансфери до општини           375.000.000 евра                   408.600.000 евра

Овие буџетски ставки се финансиски најиздашни – само за социјани трансфери, со кои, меѓу другото се опфатени пензии, надоместоци за невработени, социјална помош, со годинешниот буџет е планиран износ од 2,1 милијарда евра. Дел од овој пакет за кој се планира намалување се и трансферите и субвенциите – ставка која во моментов „тежи“ 550 милиони евра, но за која веќе има проекција во Фискалната стратегија да се намали за цели  35.000.000 евра . Трансферите до општините за годинава се планирани на ниво од 375 милиони евра, а блок дотациите изнесуваат  333 милиони евра.

Кај овие позиции во Буџетот има простор за кратење – премногу се „набилдани“ трошењата  догодина, планирани се високи износи кои се „скриени“ во буџетските подставки како онаа  „други трансфери“. Секако не се очекува намалување на износот, на пример за социјална помош – тоа би била непопуларна мерка, напротив, се најавува зголемување, коментира економски аналитичар за Порталб

Тој додава дека со владините проекции од Фискалната стратегија нереално се планирани капиталните расходи – милионски суми кои не се реализираат.

Nамалување на расходи за стоки, услуги

Една од најкоментираните буџетски ставки е онаа за стоки и услуги – ги опфаќа трошењата на државна сметка поврзани со дневници за службени патувања, договорни услуги, сметки за комуналии, купување на мебел, опрема и други јавни набавки.

За годинава по овој основ државата планира да потроши 375 милиони евра, износ кој се зголеми за 11,9 отсто во однос на првичниот буџетски план.

Стоки и услуги ( 2022 година )

Патни и дневни расходи                                             14.600.000 евра

Договорни услуги                                                         120.400.000 евра

Комунални сметки                                                        77.100.000 евра

Материјали и ситен инвентар                                     80.700.000 евра

Сега со новиот владин План овие трошења треба да се намалат за 20 отсто во однос на фискалната рамка за следната 2023 година за кога е планиран износ од 373.600.000 евра.

Стоки и услуги

Буџет  2022 година                                     375.000.000 евра

Буџет 2023 (проекција)                               373.600.000 евра

Ефектот од кратењата кај трошоците за стоки и услуги би „тежел“ 49 милиони евра.

Сите овие буџетските кратење треба да ослободат пари за поддршка на граѓаните и на фирмите во ек на енергетска криза која веќе доби димензии и на економска криза.

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet