Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА : СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ

September 18, 2024 Filed Under: Македонија

Но во меѓувреме капиталните се на „инфузија“ со реализација од 36%

КИТЕЊЕ СО ТУЃИ ПЕРЈА Од опозицијата опоменуваат дека актуелната власт се фали со проекти зад кои стојат потписи на нивни функционери!

Во пресрет на првите “100 дена новата Влада“, досега, официјално се најавени четири големи инвестиции во вкупна вредност од 620 милиони евра и со опфат на 1 600 вработувања. Заклучно со јули годинава вредноста на странските директни инвестиции изнесува 590 милиони евра или 4% од БДП, пишува Порталб.мк. Според податоците, годинава има раст на странските инвестиции, но јавните засега се на „инфузија“.

ГОЛЕМИ НАЈАВИ ЗА ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ Само два дена по изборот на новата Влада на 23 јуни, новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски  ја промовираше првата инвестиција, во енергетиката.  Уште од позиција на мандатар тој најави „инвестициски бум“. Еден од главните најавени приоритети на Владата беа токму странските и јавните инвестиции.

Се ситнат “100 дена“ Влада, во најава се амбициозни странски директни инвестиции со стотици вработувања:

Инвестицискиот фонд „Алказар енерџи“

Прва најавена инвестиција во енергетика. Вредноста е 500 милиони долари. Ќе се градата 55 ветерници кои треба да  обезбедат 20 % од потребните за  струјата на домаќинствата. Инвестицијата треба да отвори 630 работни места. Изградбата на ветерниот парк треба да започне во втората половина на 2025 а завршен во 2027 година.

Инвестиција на “Вабтек“

Од Вашингтон најавена инвестиција на американската компанијата “Вабтек“. Ќе се произведуваат сопирачки за шински возила. Вредноста на инвестицијата е 35 милиони евра со повеќе од 100 планирани вработувања.

Инвестиција на „Епсотех Аим“

На почетокот на јули објавена е изградба на фабрика за пластика зад која стои германско – белгиската компанија „Епсотех Аим“. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра а треба да се отворат 110 работни места. Фабриката се очекува да почне со производство за една година.

Инвестиција на „BMZ Group“

На почетокот на овој месец се удри камен-темелник на нова фабрика за производство на литиум јонски батерии. Вредноста на инвестицијата изнесува 65 милиони евра со предвидени 755 вработувања.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИ ИНВЕСТИЦИИ Во најава е проширување на производното портфолио на веќе постоечки инвестиции од автомобилската индустрија во земјава и нова инвестиција од 150 милиони евра за која сеуште се преговара. Додека Власта тврди дека веќе прави терен за инвестициски бум, опозициската СДСМ им порача дека се „китат со туѓи перја“.

„Сведоци сме на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како го крева патриотскиот занес и без срам се фали со „проекти и инвестиции” кои Владата на СДСМ ги започна и реализира. Срамно е да се живее од туѓи успеси и со празни зборови да се кријат сопствените неуспеси. Последната инвестиција на германската BMZ е последната од низа инвестиции целосно сработени од СДСМ кои Мицкоски се обиде да ги прикаже како свои “ – сметаат од СДСМ а поединечно за последната инвестиција реагираа и пратеникот, поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи и поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски кои велат дека зад оваа инвестиција стојат нивни потписи.

ГЕНЕЗА: САЛДО НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со јули годинава салдото на Странските директни инвестиции изнесувало 590 милиони евра или 4% од БДП.  Бруто-инвестициите пак изнесувале 25,8% од БДП.

Странски директни инвестиции

Јули 2024                            590 000 000 евра

2023 год                              617 000 000 евра

2022 год                              745 000 000 евра

2021 год                              471 000 000 евра

2020 год                              201 000 000 евра

2019 год                              399 000 000 евра

2018 год                              614 000 000 евра

Извор: МФ

Со исклучок на годинава, во изминатите шест години најдобра инвестициска година, со салдо на СДИ од 745 милиони евра била 2022 та додека во однос на БДП највисоко ниво од 5,7%  било регистрирано во 2018 та и во 2022 та година. И анализите на НБМ покажуваат дека оваа економска година започнала со раст на бруто-инвестиции, при што се посочува дека имало нето-одлив на портфолио-инвестициите.

“Во првото тримесечје се забележани нето-одливи и кај трговските кредити и аванси, како и кај портфолио-инвестициите и заемите. Од друга страна во истиот период има  нето-приливи кај странските директни инвестиции, главно како резултат на  реинвестираната добивка и сопственичкиот капитал“– наведуваат од НБМ.

Според ребалансираниот Буџет 2024, годинава Бруто-инвестициите се очекува да остварат раст од 10%. Преку буџетската владина програма “Економски развој“ за привлекување на СДИ и за развој на ТИРЗ за годинава предвидени се 4,5 милиони евра , сума која е значајно пониска од онаа што беше планирана со Буџетот пред да биде прекроен но средствата за Технолошко-индустриските развојни зони се зголемени на 13,5 милиони евра. Зголемување има и на буџетските средства за поддршка на инвестициски вложувања на ниво од 28,1 милион евра а за финансиска поддршка на инвестициите планирани се 17,8 милиони евра.

Буџет 2024

Поддршка на инвестициски вложувања           28 100 000 евра

Финансиска поддршка на инвестициите           17 800 000 евра

Технолошко-индустриски развојни зони           13 500 000 евра

Привлекување на СДИ и развој на ТИРЗ              4 500 000 евра

Извор: МФ

За разлика од странските инвестиции, годинава јавните инвестиции “колабираа“. Заклучно со почетокот на септември реализацијата на капиталните инвестиции изнесува околу 36%.

(порталб.мк)

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet