Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ФИЈАСКО НА ЈАВНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

February 3, 2026 Filed Under: Македонија

Во 2025 – та реализација е под 65 отсто а на контото на многу министерства останале неискористени милијарди предвидени денари!

МВР Ова министерство бил онајревносно во трошењето на буџетот

АНЕТА ДОДЕВСКА

Од ресорите со милионски буџети за капитални расходи, најголема реализација имале МВР и Министерството за социјална политика. Во Министерството за транспорт и Министерството за одбрана, кои располагаа со стотици милиони евра за јавни инвестиции, една третина од парите останала неискористена, пишува Порталб. Дел од ресорите не успеале да реализираат ниту 10% од планот, а неколку пак остварила над 90% од планираното.  Во 2025 капиталните расходи се реализирани со 65,76%. “Порталб“ ги рангира ресорите според висината на буџетите и нивото на остварување на инвестициските проекти.

КОЈ РЕСОР КОЛКУ ПОТРОШИЛ ОД БУЏЕТОТ Министерството за транспорт и врски кое е на врвот според износот за капитални расходи, лани позиционирани на над 252 милиони евра, во економската 2025 та испорачало реализација од 73,1%.  Втор ресор со „најголем“ буџет за инвестиции во износ од 124 милиони евра е Министерството за одбрана кое од годишниот план реализирало 64,3%. Реализацијата на капиталните расходи во Министерството за финансии-функции на држава, од каде се алиментираат носечки капитални проекти и на централно и на локално ниво, од вкупно 63 милиони евра, реализирало само 32,2%. Овој сегмент од Министерството за финансии е „задолжен“ и за проектите на општините кои се финансирани од унгарскиот кредит.

Министерството за внатрешни работи испорачало позначајни 82,7% реализација на вкупниот буџет во износ од 35,5 милиони евра.  Министерството за образование, кое лани имаше 42,5 милиони евра за капитални инвестиции, на крајот од годината испорача реализација од 60,4% додека Министерството за земјоделство од вкупната сума од 9,1 милион евра,  потрошило 78,4%.   Од вкупниот буџет за јавни инвестиции во износ од 8,5 милиони евра, Министерството за здравство потрошило 3,9 милиони евра или 53,5% од сумата.

Министерството за социјална политика и демографија од вкупно 7,1 милион евра за јавни инвестиции испорачало реализација од 78,8% а Министерството за животна средина од вкупниот буџет во износ од 58,4 милиони евра потрошило 70,3% додека во Министерството за енергетика реализацијата изнесува  61,6 %.

Капитални расходи – реализација 2025 та

 

Мин за внатрешни работи                                              82,7%

Мин. за соц.политика и демографија                           78,8%

Мин за земјоделство                                                         78,4%

Мин за транспорт                                                               71,3%

Мин за животна средина                                                 70,3%

Мин за одбрана                                                                  64,3%

Мин. за образование                                                         60,4%

Мин. за здравство                                                              53,5%

Мин за финансии-функции на држава                          32,2%

Извор МФ

 

Во групата ресори со ниска реализација спаѓаат Министерството за локална самоуправа со само 16,2% и  Министерството за култура кое  потрошило незначителни 9,6% од вкупниот износ за јавни инвестиции а помалку од 10% реализација има и во Министерството за правда. Министерството за економија и труд кое лани за капитални расходи имало незначителни 124 000 евра, испорача реализација од 41,5%.  Реализација од 55,2% има во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ КАЈ КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ  Позначајна реализација пак на капиталните расходи имаат Министерството за јавна администрација кое потрошило 96,6% од планираната сума и Министерството за дигитална трансформација 90,6%. Во оваа група е и Министерството за спорт кое располагаше со поголема износ за капитални расходи од над 8,5 милиони евра при што од оваа сума потрошило  96,9%.  Нула реализација на капиталните расходи има Инспекцискиот совет, Националната агенција за европски образовни програми и Бирото за судски вештачења. Годинава капиталните расходи се проектирани на ниво од 640 милиони евра. Од Министерството за финансии објаснија дека нивото на јавни инвестиции годинава е пониско во однос на лани поради реална проекција и структура на планираните капитални проекти.

 

Filed Under: Македонија

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet