Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА МОТИВИРАНИ ЗА РЕФОРМИ

April 14, 2026 Filed Under: Македонија

Главните кандидати за влез во ЕУ ние „каскаме“ со суштински промени во клучните сектори 

ДОНЕСЕН Е САМО ЕДЕН ЗАКОН Се работи за измена на Законот за трговски друштва – вели Анамарија Велиновска од Институт за демократија

АНЕТА ДОДЕВСКА

Пробиени рокови за суштински реформи, сеуште неостварени промени во економскиот живот, да се изградат конкурентни компании и транспарентни јавни финансии. Роковите за остварување на реформските таргети од Реформската агенда 2024-2027 течат, промените сеуште не се видливи, велат експертите што ги консултираше  Порталб. Од Владата се уверени дека ќе бидат испорачани резултати.

РЕФОРМИ Податокот дека се исполнети само 30%  од реформите што се таргетирани во Реформската агенда на земјава од Планот за раст на Западниот Балкан, според експертите , потврдуваат дека земјава декларативно сака да биде дел од ЕУ заедницата, но во пракса, домашната задача не е сфатена сериозно.

„Потребно е да се мобилизира повеќе политичка поддршка и да се зајакне капацитетот за усогласување и спроведување, да се покажат позитивни резултати кои би ја вратиле довербата и мотивацијата да продолжиме по тој пат во услови кога пристапниот процес е формално блокиран. Тука улога имаат и нашите власти кои треба да го водат процесот и ЕУ која треба да обезбеди значајна поддршка“ – вели Ана Крстиновска, експерт за надворешна политика.

Според најновата анализа на Институтот за демократија, освен во правосудството, Македонија сеуште нема исчекор во реформите кои треба да го отворат патот за конкретна економија, одржлив развој и пред се зголемена транспарентност при трошење на парите на граѓаните и на централно и на локално ниво.

„Засега е донесен само еден закон, поточно измени на Законот за трговски друштва во делот на број на членови на управни одбори и моментално се работи на Законот за трговски друштва и јавни претпријатија во државна сопственост, за кој рокот беше до декември минатата година“ – изјави  Анамарија Велиновска од Институт за демократија.

Државата доцни со реформи, особено оние во најважните сектори како правосудството, економијата, транспарентноста, вели аналитичарот Мерсел Биљали.

„Ние секоја година сме се поназад. Се уште не сме посегнале по суштински реформи за отворена пазарна економија, соодветни инвестиции, користење на ресурсите, еднакви можности и пристап, правда, функционално судство, демократски непартиски механизми. демонополизација, поедноставени процедури и над се мерит систем“ – вели Биљали за “Порталб“.

Според проценките на Владата пак, иако има задоцнување и со така наречениот  “грејс-период“ за реализација,  Македонија испорачува резултати а како една од причините за “застојот“ биле и локалните избори во 2025 та.

„Тие што не можеме, објективно кажуваме зошто не можеме, бидејќи не би сакале да бидеме Влада која што едно ветува пред нашите партнери од меѓународната заедница, а друго прави позади завеса. Тоа што можеме да го испорачаме, ќе го испорачаме, тоа што не можеме ќе ги дадеме нашите аргументи зошто не можеме, и сме подготвени секогаш на искрен дијалог и разговор со нашите партнери од меѓународната заедница, посебно со нашите партнери од ЕУ’ – оценува премиерот Мицкоски.

Според Крстиновска пак, додека дома сеуште нема внатрешно-политички консензус за тоа кој треба да биде курсот кон Еу интеграцијата, регионот веќе ја истрчува патеката што води кон Брисел.

„Нормално е дека Црна Гора и Албанија ќе напредуваат побрзо од нас кога имаат тековни преговори и јасна мотивација, односно цел – членство до 2030 година. Кај нас таа мотивација е тешко да се одржи и мораме како држава да вложиме дополнителен напор, да ги сфатиме реформите како нешто што го правиме за нас самите, а не за ЕУ. Тоа не е воопшто лесна задача во услови кога од една страна капацитетот на јавната администрација се намалува, а од друга страна легитимитетот на реформите традиционално се оправдува и објаснува со членство во ЕУ“ – вели Крстиновска за „Порталб“.

Реформските закони во правосудството, како еден од клучните столбови за правна држава, веќе се во собраниска процедура откако претходно беа пробиени роковите од утврдената агенда. Во тек е нов обид за измени на Изборниот законик кои треба да донесат стабилен, кредибилен и фер изборен систем.

Filed Under: Македонија

ЕКОНОМИЈА: КОЈ СО ОРБАН ТИКВИ САДЕЛ…
ШЕЌЕРИНСКА: НАТО E БУДНО, ПРЕСРЕТНАВМЕ ЧЕТИРИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ А ЗАШТИТЕНА Е И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
НЕСПЕХОТ НА ОРБАН: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА УНГАРИЈА, ПОМИСЛЕТЕ НА БУГАРИЈА
ДА НЕ БЕШЕ УНКО, НЕМАШЕ ДА БИДЕ ГОРАН, ДА НЕ БЕШЕ ГОРАН НЕМА ДА БЕШЕ ДЕЈАН
ВЛАДАН ЃОКИЌ: МОЈАТА ПРЕМИЕРСКА ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКА УЛОГА ЌЕ ЈА ОДРЕДАТ СТУДЕНТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

Најново

  • ЕКОНОМИЈА: КОЈ СО ОРБАН ТИКВИ САДЕЛ…
  • ШЕЌЕРИНСКА: НАТО E БУДНО, ПРЕСРЕТНАВМЕ ЧЕТИРИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ А ЗАШТИТЕНА Е И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • НЕСПЕХОТ НА ОРБАН: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА УНГАРИЈА, ПОМИСЛЕТЕ НА БУГАРИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet