Алксандар Радиќ е секако најистакнат воен аналитичар во Србија, Од првите денови нанападот на Русија на Украина тој известувал на лице место и уште тогаш очно и храбро кажал што ќе се случува со агресорите. Целосно ги оголуваше лагите што на планот на воената безбдност ги приготвуваше српската власт а таа го претбори во подвижна цел!

Режимот на Вучиќ пред 15 месеци, во страв од насобраниот народ на Славија употреби нешто што е забрането со меѓународни конвенции – воздушен топ што остава трајни последици кај оние што се цел на таквиот напад. Ова беше предмет на сериозни забелешки во меѓународни документи. Но, белградската власт чекаше тој момент најпрвин да се заборави а потоа да ја преврти приказната наопаку – студентите вежбале и масовно симулирале дека се нападнати. За тоа да им пројде ја јавноста направиле цело сценарио полно со измислици, бидејќи зад себе секогаш ги имаат огромниот број медиуми во оваа земја кои бесрамно ќе тврдат што и да им порачаа од Преседателската палата, ама свдочењето на веројатно најистакнатиот воен стручњак – Александар Радиќ им го сруши мизерниот.
По низа маклтретирања од цивилните обвнитиелства ама и од воените, што се сменувале со паузи чето и од само половина час (!), Радиќ објави дека заминал од земјата и посочи дека била загорзена неговата ќерка, за која самата власт му давача сигнали, објавувајќи снимки на своите таблоиди како го слефи девојчето!
Зборувајќи за можниот мотив, Радиќ оцени дека владата сака да го отстрани од сцената како критична личност која е „длабоко поврзана со војската“ и дека приказната за наводната употреба на звучен топ е добра можност.
Тој процени дека владата можеби сакала тој да ја напушти земјата.
„Бидејќи ако ме стават во притвор поради информациите, тоа би создало лоша слика за малтретирање на новинарите. Што треба да прават откако ќе создадат атмосфера на линч освен да ме затворат? Некои од безбедносните структури мислат дека е планирано да ме пресретнат на улица од еден или повеќе бандити и дека ТВ Информер вели дека тоа се „граѓани“, кои спроведуваат правда“ изјави тој.
Радиќ рече дека нема да биде изненаден ако, по прегледот на неговите компјутери и телефони, биде обвинет за „подготовка на државен удар, шпионажа за најмалку три служби и екстремизам“.
„Електронските уреди беа земени од Министерството за внатрешни работи и тие ги предадоа на Воената полиција, извинете на Агенцијата за воена безбедност (VBA). Нека читаат. Моите компјутери се без заштита, бидејќи, таму нема ништо што ја загрозува државата, само илјадници и илјадници документи. Тие веќе ќе смислат нешто да покажат злонамерно или ќе додадат, дали им е тешко да лажат?“, додава тој..
Тој изјави дека слично нешто се случило пред неколку години кога едноставен вербален конфликт со припадник на одбранбениот систем под заштита на ВБА „воената полиција се обидела да го претвори во афера“.

„Што да очекувам сега освен големи лаги. Со години го чувствувам ледениот здив на ВБА на мојот врат, постојано прогонување и следење. Тие имаа особено силен интерес каде ја чувам опашката и конусот на хеликоптерот на мајорот Омер Мехиќ (кој се урна во 2015 година). Кризата ескалираше во февруари минатата година по интервјуто што го дадов за „Радар“ на тема ВБА. Од тој момент, тие не престанаа, секој ден. Ден и ноќ. Се обидоа да се пресметаат во септември минатата година за време на парадата, се обидував да преживеам, да си ја работам работата, сè до сега“, додаде тој во писмена изјава.
Зошто режимот го претвори Александар Радиќ, најистакнатиот воено-политички коментатор во Србија, во подвижна мета? – прашува и главниот уредн н неделникот „Време“ Филип Шварм, кој за својот земјак вели дека е најистакнатиот воено-политички коментатор во Србија.
– Меѓу другото, тој ја следеше првата година од војната во Украина за „Време“. Само Бог знае колку време поминал следејќи ги настаните на фронтовите, руските и украинските социјални мрежи, технолошките и тактичките весници, но и разговарајќи со веродостојни извори. Она што го предвидел на почетокот на конфликтот всушност се случило; неговите проекции за текот на војната од 2022/23 година, денес изгледаат врежани во мермер – кажува Шварм. – Еднаш, на кафе, го прашав Радиќ за доблестите и недостатоците на одредено оклопно возило. Одговорот се претвори во предавање ex cathedra за неговиот развој, претходниците низ историјата, актуелниот воено-политички контекст и траеше најмалку еден час. Ако некој навистина ја живее својата професија со секој здив, тоа е Александар Радиќ..
Радиќ, како и Војкан Костиќ – исто така соработник на Време, воено-политички коментатор и уредник на Бета – знаат за што зборуваат. Тие го прават тоа добро, паметно и одговорно, за разлика од брборењето на режимските пропагандисти кои наводно се занимаваат со безбедноста, војската, воените конфликти и слични прашања. Оние во режимот не можат подобро затоа што немаат поим, не знаат поинаку затоа што нивната „вистина“ е само дериват на оваа или онаа агенда на режимот.
Посветеноста на Радиќ на повикот долго време им е трн во око. Објективен, секогаш добро информиран и исклучително професионален, никогаш не се двоумеше да ја нарече работата со лопата. Ако некој навистина сака – тоа е вистински патриотизам. Затоа народот му верува.
Сакам да кажам следново: едно е кога Радиќ вели дека на 15 март било употребено акустично оружје, а сосема друго е да се критикува Д. Ј. Вучиќевиќ или Ѓука на Информер и квази-патетичните монодрами на Вучиќ на телевизија. Добро е познато чиј збор има тежина.велат во „Време“.
Како експерт посветен на својата професија, Радиќ е изложен на политички прогон. Режимот ја злоупотребил секоја институција до која можел да дојде. Вклучувајќи – што е особено гнасно – и VBA.
Нивната цел е јасна: да го разоткријат Радиќ како странски шпион, предавник и да го претворат во подвижна мета на улиците на Белград. „Информер“ не е првиот што објавува дека ја напуштил земјата без причина, иако му се заканува едно од најтешките кривични дела…
„Пораснав гледајќи партизански филмови и верувам во должноста на нас граѓаните да ја продолжиме борбата, и покрај личните загуби“, изјави Александар Радиќ за „Време“. „Нема структура што ме плаши. Долго време сум без приходи, но докажав дека сум тврдоглав и нема да прифатам предавство на идејата за нормално општество“.
Смрт на фашизмот и слобода на народот, другар Радиќ! Партизаните никогаш не ги напуштаат своите другари и другари – му порачуваат неговите колеги.
И да се потсетиме, буидејќи заборавот е најсилно оружје на ваквите режими. По 15 март 2025 година власта прво негираше дека има такво тајно оружје. Набргу признала дека го има (постојат докумнти дека е купено од нам извесниот Вулин), ама орудието си седело во магазините на полицијата! Потоа дојде ново признание – било изнесено од магазините и поставено на неколку места во центарот на Белград ама не било користено. За кусо време голема градација околу звуќниот топ!
Власта чекајќи подолго време во даден момент (доаѓаат пртседателски и парламентарни избори веројатно во октомври) сега без да ја експлоатира претходната градација на вистината за оружјето изнесува „докази“ дека студентите „вежбале“ симулација на таков напад пред митингот на 15 март. Висе верува? Радиќ е напросто непријатен сведок, па и за власта е најдобро да го нема и од тоа да направат нова обвинителна прикзна.
(текстот користи извешта и коментари на белгадски медиуми)




