Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА: КАКО ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ФИРМИЕ И ГРАЃАНИТЕ?

March 24, 2020 Filed Under: Македонија

Народната банка нема законска надлежност да пропише мораториум на наплатата на кредитите. Но, суштински, во споредба со мерка само со мораториум, донесените регулаторни измени нудат поширок сет на поволности за граѓаните и фирмите

КОНТИНУИТЕТ Гувернерката крај колекцијата на монети на НБРСМ – имаме континуитет на стабилноста

Во интервју за МТВ, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска појасни што сѐ се овозможува со регулаторните измени коишто Советот на Народната банка ги донесе во петокот и одговори на низа прашања поставени во изминатите денови.

Банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата:

– одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;

–  пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период

– пониска каматна стапка или – одобрување на нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот, ова важи за сите кредитни услуги: -потрошувачки, станбени, автомобилски кредити итн.

– кај кредитни картички е дозволено пречекорување (одобрен минус)

– кредити на фирмите.

Се овозможува навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит. Банките и штедилниците учествуваа во процесот и ги поддржаа регулаторните измени. Тие ќе се придржуваат до јасно утврдените критериуми во Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик донесена од Советот на Народната банка.

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ Кај кредитните картички се разгледува можноста за влегување во минус?!

Банките и штедилниците истакнаа дека се подготвени да одговорат на барањата на засегнатите кредитокорисници. Тие се мотивирани на засегнатите кредитокорисници да им ги понудат поволните можности за промена на постојните договорни услови. И во нивен интерес е да помогнат фирмите да го пребродат овој шок и да можат да опстанат на долг рок и да имаат капацитет за да можат понатаму да ги сервисираат обврските. Регулаторните измени со коишто се олеснува финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, нивната важност може да биде продолжена.

КРЕДИТИ Доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит

Народната банка нема законска надлежност да пропише мораториум на наплатата на кредитите. Но, суштински, во споредба со мерка само со мораториум, донесените регулаторни измени нудат поширок сет на поволности за граѓаните и фирмите (одложување, промена на каматна стапка и сл.). Добрата и ефективна имплементација на можностите од донесените регулаторни измени може да даде значајни резултати за олеснување на финансискиот товар на засегнатите граѓани и фирми. Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација работат на уредба со која ќе се утврди поедноставен начин за комуникација и уредување на договорните односи меѓу засегнатите кредитокорисници и банките и штедилниците. Се изнаоѓа најефикасен начин и тој ќе биде соопштен на граѓаните Гувернерката потсети дека заштедите се сигурни и денарот останува стабилен!

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet