Moj ДДВ не е „играње со технологијата“ – да не е технологијата нема ниту да одиме напред, ниту да ги задржиме младите тука, смета новата министерка за финансии
Да не се технологиите нема да има ниту фискална транспарентност, ниту следење на јавниот долг, ниту фискална дисциплина, ниту младите ќе ги задржиме во земјата, ниту ќе успееме да ја придвижиме земјава напред. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска реплицирајќи на комисиската расправа за ребалансот на буџетот во Собрание, на тврдењето дека мерката „Мој ДДВ“ е играње со технологија. Таа исто така истакна дека „Мој ДДВ“ е само една мерка од сеопфатна стратегија за решавање на сивата економија. Велите зошто не сте го намалиле ДДВ-то. Порано беше „Фискална во рака, награда без мака“ – зошто тогаш не беше намалено ДДВ-то. Тогаш фискалните се испраќаа во плик и се доделуваа станови. Ја користевте како мерка за да адресирате проблем со која мислевте дека ќе ја решите сивата економија. Не. Тоа е само еден мал дел. И Мој ДДВ е само една мерка. Има стратегија и ќе ја решаваме сивата економија – рече Ангеловска во Собранието..
Инаку со ребалансот на буџетот се обезбедуваат 300 милиони денари за мерката Мој ДДВ чија прва исплата ќе биде за неполни три месеци. Со мерката Мој ДДВ физичките лица преку собирање на своите фискални сметки и пријавување до даночниот орган имаат право на враќање на дел од ДДВ, односно 15 отсто од данокот искажан во фискалните сметки. Оваа мерка ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката и на наплатата на ДДВ, како и врз намалување на даночната евазија и сивата економија.