Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНГЕЛОВСКИ: „ОТВОРЕН БАЛКАН“ ДАВА РЕЗУЛТАТИ ЗА НАШЕТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ

May 23, 2023 Filed Under: Македонија

Преку „Отворен Балкан“ е зголемен српскиот интерес за македонското грозје

МАКЕДОНСКО ГРОЗЈЕ Извозот во зџемјите од Отворен Балкан ја подигна цената на нашето грозје

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата „Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Концептот „Отворен Балкан“ значи и различна перцепција во различни држави, рече Трајан Ангеловски, претседателот на Сојуз на стопански комори. Во суштина вели „Отворен Балкан“ секако значи зближување и соработка меѓу институциите во различните држави. Тој се осврна и на развојот во винскиот сектор. Според Ангеловски преку винската промоција на регионот се зголемил српскиот интерс за македонското грозје, па така цената за килограм од домашното грозје се зголемува од 30-40 денари.

„Отворен Балкан секогаш се чувствува од политички аспект и тој е различно перцепиран од различни држави. Но настрана политичката перцепција реалноста е дека владите и институциите почнаа да комуницираат и веќе почна да се размислува што може да се поедностави за да работите течат полесно. Треба секој од нас позитивно да влијае на тие капацитети. И претходно постоеше мануелен систем за отворање компании но сега се работи да тие процеси и сувишни постапки се отстранат со цел да се скратат и олеснат процедурите“, рече Ангеловски.

ДЕБАТА Забрчанец подвлече дека отворањето на границите даде поттик на стартот за туризмот и за винарството

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата „Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец оценува дека „Отворен Балкан“ веќе донесе олеснет транспортот на земјоделски продукти, нови туристи и висока оценка и светска промоција на домашните вински производи.

„Преку Отворен Балкан државата и регионот се претставуваат како врвен вински, гастрономски и туристички регион, а преку вмрежување на винариите сериозно правиме и промоција на домашното вино на светскиот пазар. На следниот лидерски пазар во Белград ќе се активира слободниот пазар на труд преку вадење на идентификациски број без дополнителни процедури или барања за престој.
Исто така наскоро ќе се активира заеднички систем на е-наплата на патарините со цел да нема застој во сообраќајот.
Подготвуваме и иницијатива за младински кампови и школи со ефекти врз образованието но и врз туризмот и надвор од туристичката сезона. Со помош на коморите се планира и нов проект за обезбедување на комерцијални попусти на бензиски пумпи, музеи, настани и др. Важно е да се напомене и дека српскиот културен центар во Париз, Франција ќе стане центар на „Отворен Балкан“ што значи нова можност за промоција на македонската култура и силни врски на македонскиот, српскиот и албанскиот народ.“, истакна Забрчанец

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet