Сер Роберт „Боби“ Чарлтон (Sir Robert “Bobby” Charlto) почина во саботата наутро на 86 години
Откако во јули го загуби својот постар брат Џек (играше во халф линијата на Лидс и репресентација) а потоа и клупскиот другар Ноби Стајлс во петокот, восаботата рано наутро почина и легендарниот капитен и на Јунајтед и на тимот на Гордиот Албион. Тој во последно време страдал од деменција.
Што да се каже за Боби? Беше сметан за еден од најдобрите игарачи за врска на сите времиња и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој бил еден од клучните членови на англиската репрезентација која го освоила Светското првентво во 1966, а истата година ја добик и наградата за најдобар европски фудбалер. Најголемиот дел од клупската кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, каде стана препознатлив по неговите напаѓачки инстинкти, одличните додавања и страшниот шут од далечина. Тој е познат и по неговите кондиција и идржливост, поради кои доминирал на теренот.
Роден во Ешингтон, Чарлтон дебитирал за првиот тим на Манчестер Јунајтед во 1956 година, а во следните две сезони ообебедил постојан првотимски статус. За тоа време, тој ја преживел Минхенската авионска несреќа во 1958 година откако бил спасен од голманот Хари Грег. Откако му помогнал на Јунајтед да ја освои титулата во Првата англиска лига во 1965 година, го освои и Светското првентво во 1966 со Англија во 1966 година и уште една титула во Првата англиска лига наредната година. Во 1968 година, тој бил капитен на Манчестер Јунајтед кој го освоил Европскиот куп на шампиони, постигнувајќи два гола во финалето за да му помогне на својот тим да стане првиот англиски тим кој победил во ова натпреварување. Има постигнато повеќе голови за Англија и Манчестер Јунајтед од било кој друг играч. Чарлтон долго го држел рекордот за најмногу настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, но бил поминат од Рајан Гигс на 21 мај 2008 година (финалето во Лигата на шампионите). Чарлтон, исто така, го држел и рекордот за најмногу настапи во лигата (606) додека не бил поминат од Гигс на 11 март 2011 година.
Во јануари 2011 година, Боби Чарлтон бил прогласен за четвртиот најдобар играч на Манчестер Јунајтед на сите времиња од читателите на Инсајд Јунајтед и ManUtd.com, зад Рајан Гигс, Ерик Кантона и Џорџ Бест.
Во времето кога се пензионирал од националната репрезентација во 1970 година, тој бил играчот со најмногу настапи за репрезентацијата, настапувајќи на 106 натрпевари од највисоко ниво. Тој рекорд бил надминат од Боби Мор, Питер Шилтон, а потоа и од Дејвид Бекам.
Боби Чарлтон го напуштил Манчестер Јунајтед за да стане менаџер на ФК Престон Норт Енд во сезоната 1973/1974.. Во 1994 година, Чарлтон ја добил титулата „Сер“ од кралицата на Обединетото Кралство.
Сер Боби Чарлтон е член на Laureus World Sports Academy.
Боби Чарлтон бил во сродство со неколку професионални фудбалери од страната на мајка му. Негови чичковци биле Џек Милбам (Лидс Јунајтед и Бредфорд Сити), Џорџ Милбам (Лидс Јунајтед и Честерфилд), Џим Милбам (Лидс Јунајтед и Бредфорд Сити), Стен Милбам (Честерфилд, Леичестер Сити и Рокдејл), а легендарниот играч на Њукасл Јунајтед и англиската репрезентација, Џеки Милбам, бил братучед на мајка му. Сепак, Чарлтон го должи раното развивање на неговата кариера на дедо му Танер и мајка му Сиси. Неговиот постар брат Џек работел во полицијата, пред да стане професионален играч за Лидс Јунајтед.
Чарлтон станал еден од познатите Базбиеви Бебиња, збир на талентирани млади фудбалери кои потекннуваат од фудбалката школа на Олд Трафорд во 40-тите, 50-тите и 60-тите години од минатиот век, во планот на Мет Базби да го обнови клубот по Втората светска војна. Во исто време, тој служел војска во Кралските артилерсиски сили во Шревсбери, по препорака на Базби сепак можелда игра за Јунајтед за време на викендите. Во исто време, неговиот соиграч Данкан Едвардс служел војска на истото место. Рпутцијата му се зголемила следната сезона во која стигнале во четвртфиналето против ФК Црвена Ѕвезда од Белград. Во првиот натпревар, Јунајтед победил со 2-1. На реваншот во Југославија, Чарлтон погодил двапати за водство на Јунајтед од 3-0, но домаќините успеале да се вратат и да израмнат на 3-3. Сепак, со вкупен резултат од 5-4, Манчестер Јунајтед продолжил кон полуфиналето и играчите во весело расположение заминале да се качат на авион кон дома
Авионот кој ги пренесувал играчите на Манчестер Јунајтед и персоналот од аеродромот Земун требал да застане во Минхен за да наполни гориво. Тоа се случувало при лоши временски услови и додека го наполниле авионот и ги повикале патниците да се вратат на авионот, почнал да паѓа снег кој ја прекрил пистата и земјата околу аеродрмот. Првите два обида за полетување биле неусшени и поради тоа се создала загриженост меѓу патниците. За да се поправи мала техничка грешка, стјуардесата им кажала на патниците повторно да се симнат од авионот.
По само 10 минути на аеродромскиот терминал, играчите добиле повик повторно да се вратат на авионот, па некои патници почнале да се чувствуваат нервозно. Чарлтон и неговиот соиграч Денис Вајолет ги замениле местата со Томи Тејлор и Дејвид Пег, кои мислеле дека ќе бидат побезбедни во задниот дел на авионот.
Во следниот обид за полетување, авионот ја закачил оградата на крајот на пистата, а со крилото удрил во една блиска куќа, при што се запалил. Крилото и дел од опашката на авионот се откачиле и удриле во дрво и дрвена колиба, а другиот дел од авионот се вртел по снегот сѐ додека не застанал. Чарлтон, врзан за седиштето, испаднал од кабината и кога голманот на Јунајтед, Хари Грег (кој некако излегол од дупка на авионот неповреден и започнал мисија за спасување), го нашол, мислел дека е мртов. Ги грабнал Чарлтон и Вајолет за панталоните и ги одвлечкал подалеку од авионот, со постојан страв дека ќе експлодира. Грег се вратил во авионот да им помогне на повредените Базби и Бенчфлауер и кога се свртел, му олеснало кога видел дека Чарлтон и Вајолет успеале да се одврзат од седиштата и гледале кон остатоците од авионот.
Очекувано, Јунајтед испаднал од Европскиот куп во полуфиналето по поразот од ФК Милан со вкупен резултат од 5-2, а и во англиската лига остварил слаби резултати. Недолго потоа морал како репрезентативец да дојде во Белград и тој морал најпрвин да го победи својот страв. Југославијас победила со 5- 0! Програмата за обнова на тимот на Мет Базби по минхенската тргаедија продолжила да напредува со две титули во Првата англиска лига за три сезони, во 1965 и 1967 година. Во меѓувреме, Чарлтон настапувал и на Светското првенство во 1966 година за кое Англија, како домаќини, не морале да се квалификуваат. Успешната (но бестрофејна) сезона со Манчестер Јунајтед му овозможила да ги заслужи наградите за Фудбалер на годината според Сојузот за фудбалски новинари и Европски играч на годината. Во тоа време, тренер на Англија бил Алф Ремзи кој успеал да преземе ја контролата од комитететот за избор на играчи за националната селекцијата; систем кој траел до претходното Светско првенство. Ремзи веќе отстранил некои постари играчи кои претходно постојано биле избирани од комитетот. Тој вовел систем на избор со кои биле избирани само играчите кои играле добро на клупско ниво, но прикажувале и добра вешитина и форма. За среќа, Чарлтон бил добар во сите три категории.
Последниот натпревар го играл против ФК Челзи на Стемфорд Бриџ на 28 април 1973 година. Натпреварот завршил со пораз на Јунајтед од 1-0. Последниот гол го постигнал еден месец претходно, на 31 март, во победата со 2-0 над Саутемптон.
Боби Чарлтон ја запознал својата сопруга, Норма Бол, на едно лизгалиште во Манчестер во 1959 година и се оженил за неа во 1961 година. Тие имаат две ќерки, Сузен и Андреа. Сузен работела како презентерка за временската прогноза во ББС за време на 90-тите години. Тие сега имаат внуци, вклучувајќи го синот на Сузен, Роберт, кој бил крстен во чест на дедо му.
Во 2007 година, додека ја најавувал неговата автобиографија, Чарлтон открил дека имал долготрајна караница со брат му Џек Чарлтон. Тие ретко разговарале по караницата на неговата сопруга и мајка му Сиси (која починала на 25 март 1996 година на возраст од 83 години). Боби ја немал видено мајка му после 1992 година, како резултат на караницата.
На 6 февруари 2012 година, Сер Боби Чарлтон бил пренесен во болница откако се разболел, каде му извадиле камен од жолчката. Ова го спречило да ја прими Наградата за животно дело од Лауреатите на светскиот спорт.