Таа е на врвот на естрадната понуда, но нејзините корени се едноставно „домаќинбски“, таа е како повеќеѕо нејзини врснички од Драчево, каде живее во скромен дом
Нема сомнение дека настапот на нашата Андријана Петрушовска во две сезони нз Гранд парадата (Ѕвездите на Гранд) каде се претставуваа нови естрадни надежи, беше повеќе од впечатлива. Во првиот настап, во сезоната 2022/2023 таа беше шеста во конечниот пласман а во последниот натпревар 2023/2024 таа влезе во првите тројца меѓу кои се бираше крајниот победник. Таму, знаеме беа двајца претставници од Македонија и една од БиХ, која победи, пред се заради поделбата на гласовите – очекувано – меѓу македонските претставници. Но, без сомнение Андријана сега е на врвот на естрадната понуда а секако ќе има поддршка и од менаџментот на Град продукцијата. Во тие рамки неодамна претставници од Гранд каналот беа во нејзиниот дом во населбата Драчевво, прикажувајќи го нејзиниот скромен дом и другото лице на пејачката која блескаше и со својата гардероба (се чини дело на Елена Лука?).
„Ако не може да зготви јајце, не треба ни да пее” – со оваа мисла како домаќинка Андријана ги пречекала репортерите од Белград. Од фотографиите се гледа дека таа пораснала во скромен дом, малку подалеку од светлата на велеградот, во една атмосфера која не се разликува од онаа во која егзистираат стотини илјади девојки во земјава. Затоа таа и можела да ги покаже своите кулинарски вештини.
Иако постои предрасуда дека убавите девојки не се вешти во домашните задолженија, Петрушовскаја не убеди во спротивното, констатираат посетителите.
Андријана имал помош од нејзината мајка во изработката, но за некои од специјалитетите кои биле на масаата биле нејзини. Таа е експерт, велат консуматорите.
– Се подготвив со помош на мајка ми. Јас правам француска салата, ајвар, салата, мезе. Бидејќи е топло, не сакав ништо тешко – објаснува Андријана, додека нејзината мајка потврди дека и е добро во кујната.
– Таа мие садови, правиме ајвар заедно, таа знае сè и искрено помага – додаде мајката.
На изјавата на новинарот дека многу пејачи дури и не знаат како да сварат јајце, Петрушовска имаше подготвен одговор.
–Секако дека јас знам. Нека научат, ако не го знаат тоа, дури и не треба да пеат – вели Андријана со насмевка.
Во интервју пак за „Жеенски магазин“ се констатира дека иако пејачката е убава, талентирана и вредна, таа признава дека не е лесно да се најде момче, а во неодамнешен разговор, Андријана откри дали мажите често ѝ приоѓаат за време на нејзините настапи.
-Уплашени се не знам дали го имам тој став или страв. Ако има некој кој ќе дојде и ќе се додворува и ќе каже нешто, одлично, но има повеќе кои се плашат – призна таа.
Атрактивната пејачка Андријана Петрушовска по своето учество на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што стаса до самото финале е доста ангажирана на настапи низ домашните локали. Андријана на секое појавување во студиото на „Гранд“ во Белград ги изненадуваше жирито и публиката со своите смели и провокативни креации.
Едно од прашањата до неа се дали потајно, во себе си се надеваше дека ќе победиш на „Ѕвездите на Гранд“?
– Целта ми беше да стигнам до финале, напорно работев на тоа и горда сум на себе и на својот ментор што го достигнавме тоа, а за победа не се надевав.
– Во текот на целото натпреварување се трудев да покажам професионалност како во пеењето така и со физичкиот изглед. Секоја креација која ја носев беше моја замисла и на мојот ментор. Соработував со многу добар тим на професионални дизајнери кои ја реализираа секоја моја замисла. Сè што носев на себе беше прифатливо за сцена и за оваа професија и нормално дека имав самодоверба. Перфекционист сум кога станува збор за физичкиот изглед, а по мој вкус сè беше изработено перфектно!
Се грижиш ли за негативните коментари на твоја сметка, ги читаш ли?
– Секој има право на свое мислење, коментари не читам, имам своја цел и напорно работам за да ја остварам. Негативни коментари секогаш имало и ќе има.
Таа за себе вели дека во „Ѕвездите на Град“ била борец кој има храброст и смелост да се носи со таа сцена, а и приватно била истата храбра девојка која сепак ја има најголемата доблест на карактерот, а тоа е скромноста и горда е на себе поради тоа.
– Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам – кажува таа за љубопитните.