Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОВСКА: ПО НАМАЛУВАЊЕТО ПРЕКЛАНИ, ЛАНИ ВКУПНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ БЕЛЕЖАТ РАСТ

January 5, 2022 Filed Under: Македонија

Странските директни инвестиции се исклучително значајни за економската активност, бидејќи тие овозможуваат пристап до надворешни извори на финансирање на растот, што е многу значајно за мали економии коишто немаат доволен обем на капитал

БЕЖОВСКА Очекуваме дека овој тренд ќе продолжи и наредната година, за кога се проектира вкупен економски раст од 3,9%.

По пандемичниот шок од 2020 година, во 2021 година има поповолни трендови кај странските директни инвестиции, но и кај вкупните инвестиции како компонента на БДП, посочи во интервју за Ал џезира, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Странските директни инвестиции се исклучително значајни за економската активност, бидејќи тие овозможуваат пристап до надворешни извори на финансирање на растот, што е многу значајно за мали економии коишто немаат доволен обем на капитал за финансирање на растот. Уште позначајно е тоа што тие позитивно влијаат врз квалитетот на растот, поради приливот на знаење и технологии коишто го носат. Преклани, при големиот пандемичен шок, дојде до значително забавување на странските директни инвестиции кај нас. Тие изнесуваа околу 1,5% од БДП, што значи половина од она што беше стандарден износ кај нас пред пандемијата“, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа посочува дека во годинава којашто измина, нето странските директни инвестиции забележуваат попозитивни остварувања, со 200 милиони евра во првите три квартали, што е повисок износ во однос на првите три квартали од 2020 година, кога тие изнесуваа 100 милиони евра. Се очекува дека овие трендови ќе продолжат и во натамошниот период, при очекувања за натамошен раст на глобалната економија и постабилни согледувања на меѓународните инвеститори.

Приливите врз основа на странски директни инвестиции придонесуваат за раст и на вкупните инвестиции. Гувернерката посочува дека се гледа постепено закрепнување на инвестициите, но тоа оди побавно во однос на другите компоненти од БДП, односно во просек, растот на инвестициите е околу 3,4%. Сепак, ова е позитивно придвижување, наспроти големиот пад којшто се случи во 2020 година од околу 16%. Очекуваме дека овој тренд ќе продолжи и наредната година, за кога се проектира вкупен економски раст од 3,9%.

Ангеловска-Бежоска истакнува дека пандемијата предизвика глобален шок од невидени размери и доколку не беа преземени брзи и навремени мерки од страна на носителите на политиките, шокот ќе беше уште поголем. Според процени на ММФ, во отсуство на силната реакција на монетарната и фискалната политика, во глобални рамки, падот на економската активност можеше да биде тројно посилен.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet