После девет месеци војна сигурно е тешко за сите завојувани страни на украинско тло да отворат дијалог за прекин на војната
Директорот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс на состанокот во Анкара минатиот понделник разговарале за неупотребата на нуклеарно оружје, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Според информациите добиени од директорот на турското разузнавање, Русија и САД разговарале за неупотреба на нуклеарно оружје. Преговарачите во моментов не покажуваат знаци дека се обидуваат да го искористат. Употребата на нуклеарно оружје може да доведе до нова светска војна. Мораме да го исклучиме овој ризик“, им изјави Ердоган на новинарите, пренесе ТВ каналот ТРТ. Шефот за медиуми и комуникации во турското претседателство, Фахтин Алтун, потврди дека Наришкин и Бурнс одржале состанок во Анкара на 14 ноември..
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потоа, по ова открие на Анкара соопшти дека во Анкара се водат преговори меѓу Русија и САД, пренесе РИА Новости. Претходно рускиот весник „Комерсант“ објави дека руската и американската делегација пристигнале на преговори во Анкара, а во руската делегација е и директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин.
Неименуван претставник на Белата куќа објави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс е во Анкара за да разговара со својот руски колега за последиците од можната руска употреба на нуклеарно оружје во Украина. Официјален претставник на Белата куќа рече дека Барнс, поранешниот американски амбасадор во Русија, не води никакви преговори со Наришкин, објави Ројтерс.
„Тој не води преговори и не разговара за решавање на војната во Украина“, рече претставникот, додавајќи дека Барнс ќе го покрене прашањето за Американците затворени во Русија, пренесува Танјуг.
Американската кошаркарка и двократна олимписка освојувачка на златен медал Бритни Гринер беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром, бидејќи, во багажот имала масло од канабис, кое е забрането во Русија, а на 4 август беше осудена на девет години затвор.
Адвокатот Александар Бојков, кој ја застапува Грејнерова, претходно изјави дека Американката би можела да биде дел од размена на затвореници меѓу САД и Русија.
Ердоган ги откри информациите на турската разузнавачка служба:
дека претставниците на Белата куќа, ги известиле украинските власти пред патувањето на Барнс во Турција.
Руската и американската делегација последен пат се сретнаа во Женева на 10 јануари за да разговараат за безбедносните гаранции. Русија не ја отфрли можноста за средби на високо ниво со САД, изјави потоа рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Зборувајќи за новинарите, Рјабков рече дека дополнителни состаноци со САД за „стратегиска стабилност“ би можеле да се одржат на претстојниот состанок меѓу двете сили во египетскиот главен град Каиро на 29 ноември. Стратегиска стабилност е термин што го користат Русија и САД, двете најголеми нуклеарни сили во светот, за да го намалат ризикот од нуклеарна војна.
„Ако Американците покажат интерес и подготвеност, ние нема да одбиеме“, рече Рјабков, цитиран од агенциите. Сепак, официјалниот претставник на Кремљ претходно посочи дека нема што да се разговара со САД за Украина. „Не, едноставно немаме што да разговараме со нив за Украина“, рече тој. „Дијалог, а камоли преговори, со оглед на радикално спротивставените позиции, едноставно не може да има“, рече тој.