Последното испитување на јавното милалење покажа предностна на СДСМ, која не е ниту малку пријатмна за ниту една голема партија. Разликата е на ниво нз статистичка грешка! Ова значи дека оное кои мислзт да обезбедат локална власт ќе мора да ги засукаат ракавите. Четири гоини паѓа рејтингот на сите партии и тоа кумулативно за 20 отсто
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Владејачката партија СДСМ сподели информации за податоци од теренска анкета правена од агенцијата „Брима“ во периодот од 28 мај до 16 јуни , преку ТАПИ методот а во која биле опфатени 1.194 испитаници , со маргина на грешка од плус минус 2,8 отсто. Откако и била понудена, СДСМ ја откупила анкетата од која сега партијата ги споделува параметрите.
На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.
Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто, информираат од СДСМ.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.
Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува, заклучуваат социјалдемократите.На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.
Ова значи дека нашите граѓани се силно поставени на европскиот курс, дека не гледаат алтернатива на ЕУ, сметаат од владејачката партија, дополнувајќи дека ова значи пораз на структурите кои заговараат свртување од европската агенда, враќање кон изолација и поделби.,Брима“:
Кога се работи за анкетите деновиве Дојче веле потсети дека во јуни 2017 година првпат по повеќе од една деценија една анкета покажа поголема популарност на СДСМ и на нејзиниот водечки политичар Зоран Заев од онаа на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиерот Никола Груевски. Станува збор за анкетата на Брима, во која доверба во СДСМ тогаш имаа 22,4 проценти од испитаниците, пред ВМРО-ДПМНЕ, која доби поддршка од 19,8 отсто од анкетираните граѓани. И во втората категорија која ја мери популарноста на водечките политичари, лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев по речиси 11 години константен повисок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година му го презеде приматот на ривалот Никола Груевски. Доверба во Заев тогаш имаа 17,7 проценти од испитаниците, а во Груевски – 13 проценти. До промената во рејтингот дојде само неколку недели по преземањето на власта од страна на социјалдемократите. Четири години потоа опаѓа рејтингот и на двете партии кај граѓаните, кој, според анкетите последнава година, е под 20 проценти.
Резултатите од последната анкета на „Брима“ е правена под „наслов“ – ако утре има парламентарни избори, што не е седдно ако се гледа на ова изјаснување на граѓаните ако се земе во предвид дека наесен следуваат локални избори! Тоа мора да се има во предвид! Инаку анкетата покажува дека владејачката партија се уште стабилно седи на тронот. Таа има предност пред опозицијата од 2,6 проценти, откако 18,9 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто за ВМРО-ДПМНЕ на прашањето на Брима : „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“.
„Релативно се забетонирани позиции на СДСМ напрема ВМРО-ДПМНЕ, и на лидерот на владејачката партија Зоран Заев наспроти неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски“, оценува за ДВ аналитичарот Петар Арсовски. Според него, последната анкета на Брима, покажува еден статичен однос во рејтинзите меѓу двете најголеми партии од власта и од опозицијата, но укажува и на намалената подготвеност на граѓаните да излезат на избори и да гласаат.
Аналитичарите сметаат дека власта има минимална предност пред опозицијата, бидејќи нема поголем скандал кој што би го сменил распоредот на силите. Продолжувањето на бугарската блокада и „не“ од ЕУ за евроинтеграциите на земјата, би можело во иднина да доведе до промена на рејтинзите. Но, објективно тука е и добрата организација на битката со короната која укажува на кадарнот на власта да се справува со кризни ситуации.
„Ова е мртов период, тешко можат да се сменат работите во поглед на довербата којашто ја уживаат партиите кај граѓаните“, коментира Арсовски, додавајќи дека ситуацијата ќе остане така, се додека не се случи некоја крупна промена, нешто драматично не се промени во наративот на Заев или Мицкоски.
Според анкетата на Брима, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и понатаму останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. Ако во 2017 година тој водеше со 17.7 проценти пред Никола Груевски кој имаше 13 проценти поддршка кај граѓаните, сега е двојно поголема разликата меѓу лидерот на СДСМ и неговиот политички опонент Христијан Мицкоски. Па така, 12,6 осто од граѓаните велат дека имаат најголема доверба во Заев, додека за Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.
Споредено со истражувањето од „Брима“ спроведено во јули 2020 година, може да се забележи дека има пораст на довербата кај граѓаните кон Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ. Тогаш 18,7% од испитаниците одговориле дека би гласале за СДСМ, додека за ВМРО-ДПМНЕ поддршка би дале 15,1%. Во однос на рејтингот на партиските лидери, 9,4 отсто од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во претседателот на СДСМ, Заев, додека само 4,2 отсто се изјасниле за Мицкоски.
Третата позиција во анкетите е резервирана на ДУИ, чија поддршка полека се топи во споредба со ланските анкети. Ако партијата лани имала поддршка од 8,2% од анкетираните, според последното истражување од јули годинава, таа е падната на 6,3 отсто. Но, затоа е подобрен личниот рејтинг на лидерот на ДИ, Али Ахмети во споредба со јули минатата година кога бил 2,8 отсто. Според последната анкетата на „Брима“, Али Ахмети со рејтинг од 5,6 отсто го претрка Зијадин Села (5,3 отсто), но и претседателот Стево Пендаровски ( 4,6 проценти) и Димитар Апасиев (3,5 отсто). За Арсовски, ваквиот рејтинг на претседателот Пендаровски е исклучок од сите досегашни анкети. Претседателите, според него, традиционално уживале висок рејтинг во анкетите, и тогаш кога граѓаните не биле сосема задоволни од начинот на којшто ја вршат функцијата.
Во пресрет на локалните избори коишто треба да се одржат во октомври, партиите изминатиов период преку најразлични анкети се обидоа да ги измерат силите. Владејачката СДСМ речиси на сите анкети изминатиов период води пред опозициската партија, освен во анкетите на ИПИС, чиј програмски директор е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.
Анкетата на ИРИ во јуни годинава, опипувајќи го пулсот на граѓаните за локалните избори покажа дека СДСМ би освоиле 19% од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би имала поддршка од 16% од избирачите. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за која би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4% од гласачите. Вкупно 21% одговориле дека не знаат за кого би гласале, а 9% дека воопшто нема да гласаат.
Во анкета на Телма/МЦМС во декември 2020 партиите водеа „мртва трка“ за довербата кај гласачите. Но, таа анкета, покажа дека споредено со сите нивни досегашни анкети од 2016 година наваму, за прв пат поддршката за двете најголеми партии во земјава СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ падна под 20 отсто.
Резултатите тогаш покажаа дека 18,6 отсто би гласале за СДСМ, а 18,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, со што предноста на СДСМ пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше многу тесна – од само 0,5 процентни поени. Таа анализа покажа и дека поддршката за ДУИ е 6,7%, за Алијанса за Албанците 4,6%, Алтернатива 0,5, и за Беса се изјасниле 2,4 отсто од анкетираните. Но, сепак најголем процент од испитаниците, 21,1 отсто тогаш се изјаснија дека нема да излезат на гласање, 11,1 отсто одбиваат да гласаат, а 6,4 отсто не знаат, што покажува дека гласовите на неопределените и понатаму се одлучувачки за исходот на изборите.