Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНКЕТА НА „ФОКУС“: КОВАЧЕВСКИ НАЈПОПУЛАРЕН ПОЛИТИЧАР

October 10, 2023 Filed Under: Македонија

Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните

ПРВ ВО АНКЕТИТЕ Ја водеше владата низ неколку големи светски кризи и тоа секако остава впечаток

Додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е зафатена со внатрепартиски битки помеѓу актуелниот претседател, Христијан Мицкоски и пораншениот, Никола Груевски, рејтингот на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски е во постојан раст.

За неполни две години од седнувањето на „жешкото столче“ станува најпопуларен политичар во земјава, покажува последната анкета на „Фокус“.

Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните.

Успешното справување со енергетската и економската криза очигледно го подигнаа рејтингот на премиерот Ковачевски.

Од друга страна, внатрешниот раздор и јавните расправии помеѓу актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски, покажуваат намалување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Никола Груевски и Христијан Мицкоски започнаа да се препукуваат во јавноста, започна да слабее рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но и видлив стана раздорот и можноста за нова политичка опција поддржана од Груевски.

Според последната анкета на „Фокус“, прва по раздорот во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ужива поголема доверба од Мицкоски, што само ги засилува шпекулациите дека експремиерот би можел да поддржи нов политички субјект кој ќе настапи со сопствени листи на изборите.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet