После анкетата на Социетас цивилис за односот кон ковид-10 јасно покажува дека нашите граѓани се далеку од здраворазумските и цивилизациски текови. И пред да започне вакцинацијата пролетва анкетата на ИРИ не покажа масовна верба во вакцинирањето против ковидот
Речиси 65 отсто од граѓаните сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, а 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани, и се плаќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од ковид.
Ова се наодите од истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“ спроведено од Институт за демократија „Социетас Цивилис” (ИДСЦС), во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).
Миша Поповиќ, раководител на центар и постар истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на денешното презентирање на наодите птоенцираше дека според одговорите од анкетата, кај граѓаните постои висока дистрибуција на прифатливост на теории на заговор.
Дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.
Како што рече Поповиќ, 72 отсто од граѓаните сметаат дека светот го контролираат неколку моќни семејства, односно дека на некои тајни самити во некои замоци во Европа е одлучено за тоа како ќе тече историја, кој ќе дојде на власт итн.
Исто така, 46 отсто од испитаниците се согласуваат дека климата се контролира со одредени сателити или радари, а од локалните теории на заговор, 44 отсто од испитаниците се согласуваат со тоа дека бројките за ковид-болни се зголемувани, заради тоа што се паќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од ковид, а 46 отсто од граѓаните сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.
Од малку пониските бројки, во истражувањето се наведува дека 29 отсто од испитаниците сметаат дека не постојат климатски промени, а 57 отсто од испитаниците сметаат дека големите медиуми шират лаги.
Анкетата на ИРИ што се направи пролетва се осврнуваше и на пандемијата со корона вирусот со неколку прашања. Според одговорите, владата не се справувала добро со ковид-19. Две третини од испитаниците рекле дека досега власта била делумно или целосно неуспешна во решавањето на здравствената криза. Над половина сметаат дека соседните земји биле подобри.
Сепак, однесувањето на луѓето е посочено како главен фактор за ширењето на вирусот во земјата, а потоа е владиното управување со кризата и слабото спроведување на мерките за заштита.
Во март и во април, кога била спроведувана анкетата, масовната вакцинација не беше почната и беше неизвесно кога државата ќе набави доволно вакцини. Прашани дали ќе се вакцинираат кога вакцините ќе станат достапни, позитивно одговориле половина испитаници. Од другите, 13 отсто рекле дека веројатно нема, 19 отсто дека сигурно нема, шест отсто дека тоа ќе зависи од вакцината што ќе им се понуди, а исто толку дека не веруваат во безбедноста на ниту една вакцина. Сѐ на сѐ, околу една третина од населението не е заинтересирано за вакцинирање.
Според последните информации од Министерството за здравство, дотогаш за вакцинирање се пријавиле околу 450 илјади граѓани. Од нив, околу 190 илјади чекаат да ја примат првата доза. Инаку последните податоци говорат дека во земјава не се вкцинирани со дцве вакцини ниту 800 илјади граѓани!