Под диригентството на Светската здравствена организација се зајакнува кампањата која пропагира обврзувачко вакцинирање на децата како начин да се спречат многу актуелни епидемии. Од друга страна пропагирањето на невакцинирањето стивнува и заради тоа што во многу земји има и забрана на таквото однесување дури и кај социјалните мрежи. На прашањето на истражувач на „360 степени“ за тоа зошто кај нас таквата пропаганда против вакцините се дозволува дури и на јавниот сервис, во ААВМУ рекле дека немаат надлежност- не биле лекари да пресечуваат во вакви работи. А, барем да прочитале некој напис за да ја сфатат темата?!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На 18 март во емисијата „360 степени“ која се емитува на фрекфенцијата на Алсат – М се објави прилог(https://www.youtube.com/watch?v=klguZvjBlmk) во кој се прикажува како јавниот сервис и еден приватен канал промовираат антиваксерска кампања од инаку познати протагонисти на ваква реторика. Репортерот Петар Клинчарски на јасен, едноставен и преку многу учесници ни го отвори проблемот на „држењето на вода“ во нашата земја на антиваксерските размислување и тоа, дури и како репризи на тв прилози од 2011 година (!). И тоа среде една акутна ситуација која ја имаме а која практично значи дека постои епидемија на морбили со многу смртни исходи и од декември 2018 и заклучно со 15.03.2019, во Република Македонија се регистрирани 555 случаи на мали сипаници, а од нив 439 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.
Иако репортерот се обратил и до ААВМУ заради тоа што во ваква ситуација кај нас кај радиодифузерите се уште дуваат ветришта кои го олеснуваат а можеби и шират отпорот против вакцинацијата, оттаму добил одговор дека се работи за некаква ситуација за која тие би биле компетнтни.
Најпрвин тука е прашањето како една агенција која врши надзор над програмската содржина и која може да реагира промптно ако некој новинар, на пример, бил „строг“ кон некој политичар, да не речеме и кога интервјуто „уште не преспало“, ама за нешто што трае најмалку деценија и се емитува дури и на јавниот сервис и тоа во ударно време, со несоодветни актери и се прават слепи кога се прави огромна штета на – јавното здравје! За реакцијата која се очекува од ААВМУ не треба да се има бел мантил, туку да се има елементарна информираност за ситуацијата во која се наоѓаме и ние и светот на овој план. Или – да се прочита барем некој весник …
Јавниот сервис признава дека спорниот прилог (исповед на извесна Слаѓана Велков) се емитувал и на Првиот и на Третиот канал (Собранискиот) и тоа многу пати како реприза откако прв пат е прикажан во 2011 година а уредничката Виолета Димовска не ја гледа својата вина за тоа.
Но, појавата на Слаѓана Велков е регионален скандал подолго време! (https://www.telegraf.rs/vesti/1422903-ona-je-najglasniji-protivnik-vakcinacije-upoznajte-sladjanu-velkov-doktorku-koja-vas-savetuje-da-gledate-u-sunce-i-izlecite-se-f). Таа е самонаречена лекарка, и освен што е поборник за невакцинирањето, смета дека и најтешки болести се лечат со гледање во сонце а дека на жените не им треба менструација, бидејжи оплодувањето треба да се обавува по вештачки пат… http://zase.mk/articles/229325/makedonskata-nadrilekarka-pod-istraga-nudela-belilo-kako-lek-za-deca
Обвинителството за високотехнолошки криминал во Србија започна со постапка против самопрогласенатата лекарка и им наложија на вештаци и експерти да го испитаат лекот кој истражителите го прибавиле, а кој се нуди како лек. Исто така ќе ја испитаат и наводна диплома, која што таа ја поседува од Македонија, пишува српски „Блиц“. (https://www.blic.rs/vesti/drustvo/rame-uz-rame-sa-nadrilekarkom-velkov-poznati-antivakcinasi-pod-istragom-zbog-ovih/mrsw5ph)
– Обвинителството и полицијата биле во контакт со луѓе кои имаат здравствени проблеми по преземањето хемикалијата MMS, која Слаѓана Велков ја претставува како лек за разни болести, вклучувајќи аутизам кај децата. Според првичните наоди, хемикалијата при реакција има истите својства како белило, кое е многу штетно за здравјето на луѓето – вели изворот за „Блиц” запознаен со податоците од истрагата.
Според изворот, во исто време ќе се проверува и дипломата на Велков на која таа се повикува.
– Во овој случај тоа е од суштинско значење за да се провери наводната диплома и сертификатот. Човек не може да оди на курс и да реч дека е лекар. Тоа е од суштинско значење за граѓаните да бидат внимателни кога некој нуди нешто преку интернет, како лек – вели нивниот извор.
https://sitel.com.mk/makedonskata-nadrilekarka-pod-istraga-nudela-belilo-kako-lek-za-deca.
Во прилогот емитуван на „360 степени“ хрватски лекар вели дека во шишенцето кое го продава Велков има хлорид кој може моментно по пиењето да ги блокира белите дробови а „служи“ за лекување на Даунов синдром кај децата!
Честа посетителка на тв студијата е и Јадранка Бибан која неодамна гостувала на Канал 5 а уредничката Јадранка Спанџовска истакнала дека немало реприза на таа антиваксерска тирада на гостинката по интервенција на Лекарката комора.
Првиот човек на Лекарската комора на Македонија – Калина Гривчева Старделова како давател на изјава за прилогот на истражувачот од „360 стпени“ јасно истакна дека двете споменати и чести гости на малите екрани немаат никаква регистрација кај нив како лекари, па дури немаат ни акредитација за лекување со т.н. традиционални, природни лекови!
Додека глобалните мрежи објавиле војна против антиваксерите во земјава сомнежот кон вакцинините и против традициционалната медицинска грижа се промовира преку телевизиските канали, дури и преку јавниот тв сервис! Се јавуваат дури и лица кои се прмовираат како доктори, иако здрваствените работници јасно говорат дека тие доктори не се тоа во вистинска смисла на зборот. Кој има прави надзор на тие луѓе, се прашуваат вистинските лекари
Министерот Филипче изјавува дека тој во мигот се консултира со јавното обвинител што да се преземе против ваквите „протагонисти“.
Отфрлувањето на вакцинирањето СЗО ги нарекува едно од 10-те најголеми опасности по здравјето на луѓето во мигот. Таа оценка е дури и ноторен факт.