Раководителката на Антикорупциска рече дека е знае што е со обвинувањето против мерки за јавните набавки а дека од Судскиот совет изчезнал еден рпедмет кој се однесува на струшкиот градоначалник
Наместо затворени истраги и судски пресуди по иницијативите на Антикорупциска, Јавното обвинителство во моментов, како што кажа Ивановска на денешната прес-конференција, не може да каже до каде е постапката против Мерко за скандалозните јавни набавки на Општината предводена од него, меѓу кои и онаа со купувањето на луксузното возило за градоначалникот. Таа говoреше и за случајот во Судскиот од чија електронска архива изчезнал и предметот против претседател на Основниот суд Струга за политичко влијание на судија кој одлучувал по барањето на Општина Струга за зголемување на минимумот на средства за функционирање на општината за да може да се изврши спорната јавна набавка, за потоа по ургениција од ДКСК од Советот да кажат дека предметот застарел
Немаше да има потреба од толкава бура што во јавноста ја предизвика одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави на „црна листа“ струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, доколку Јавното обвинителството, Судксиот совет, Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции си ја вршеле работата и постапувале по иницијативите на Државната комисија за спречување на корупција, истакна првата антикорупционерка Билјана Ивановска на денешната прес-конференција одржана токму по повод случајот со градоначалникот на Струга.
А времето што го имале институциите да постапат било четири години.
Но наместо затворени истраги и судски пресуди по иницијативите на Антикорупциска, Јавното обвинителство во моментов, како што кажа Ивановска не може да каже до каде е постапката против Мерко за скандалозните јавни набавки на Општината предводена од него, меѓу кои и онаа со купувањето на луксузното возило за градоначалникот. Таа говореше и за случај во Судскиот совет од чија електронската архива изчезнал и предметот против претседател на Основниот суд Струга за политичко влијание на судија кој одлучувал по барањето на Општина Струга за зголемување на минимумот на средства за функционирање на општината за да може да се изврши спорната јавна набавка, за потоа по ургениција од ДКСК од Советот да кажат дека предметот застарел.
„Сакаме да истакнеме дека ние во овие четити и пол години сме изработиле многу и не требаат осум илјади километри за некој да дојде до наодите туку напротив уште пред четири години најдени се наодите. Непочитувањето на работењето на независните институции не доведува до ова дереџе до кое што сме сега. Сакаме да истакнеме дека сето ова сме го кажале многу порано и дека не требало да се чека некој однадвор да ни кажува дека постојат наоди. Напротив, надлежните институции требало да си постапат по нашите наоди“, рече Ивановска.
Претседателката на ДКСК заедно со останатите членови на Држвната комисија за спречување на корупцијата на прес-конференцијата потсети на нивните активности повразни со детектирање на сомнителните коруптивни активности на струшкиот градоначалник и патешествијата на нивните иницијативи за отворање на предмети против него низ правосудните лавиринти.
Ивановска во своето излагање даде хронолошки осврт на предметите што ДКСК ги има иницирано во правосудните органи, но до ден денешен оттаму нема никаков исход во врска со нив.
„Сакаме да потсетиме дека Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) по сопствена иницијатива, а врз основа на наоди изнесени од медиумите отвори предмет за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во мај 2019 година. Притоа Државната комисија констатираше дека градоначалникот на Струга свесно и намерно ја злоупотребил својата службена положба и овластување и со пречекорување на границите на јавното овластување презел дејствија спротивно на начелата на законитост и интегиртет на јавниот интерес и на интересот на општината при што нанел штета на буџетот на општината и буџетот на државата и прибавил противзаконска корист за себе и за друг. Врз основа на констатираните наоди кои беа поткрепени и со наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) ДКСК до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 18 ноември 2019 година поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службеното лице Рамиз Мерко. Во иницијативата беа содржани и бројни наводи кои беа дел од конечниот ревизорски извештај.
Од Јавното обвинителство на Република Севрена Македонија на 4 декември 2019 година не известија дека иницијативата е доставен во надлежност на Основно јавно обвинителство Струга за натамошно постапување. На 4 декември 2020 година ДКСК испрати ургенција до ОЈО Струга со цел да добие одговор дали е постапено по иницијативата. Оттаму на 11 февруари 2021 година одговорија дека иницијативата ја доставиле на постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бидејќи Рамиз Мерко се товари за нанесена штета на буџетот на Општина Струга и буџетот на Северна Македонинја при вршење на јавни набавки“,
посочи Ивановска.
Во меѓувреме ОЈО ГОК издал наредба до едницата за борба корупција при Министерството за внатрешни работи за натамошнио постапување. На 4 август 2021 година од единицата за борба корупција при МВР Антикорупциска добила барање за доставување документи, кои ДКСК, како што рече Ивановска ги доставила.
„Оттука натаму не знаеме што се случува со предметот“,
вели Ивановска.
По објавата на одлуката на Стејт департментот за ставање на Рамиз Мерко на „црна листа“ и во рамките на подготовките за денешната прес-конференција од ДКСК вчера прашале до каде е постапката по предметот, а одговорот што денеска го добиле, како што цитираше Ивановска, бил следниот:
„Во Јавното обвинителство во тек е увид и проверка во постапувањето по предметите и од тие причини не сме во можност да ви ја доставиме бараната информација во моментов“.
Првата Антикорупционерка во детали го опиша патот на пријавата што ДКСК на 18 ноември 2019 година ја доставило до Судскиот совет на Република Северна Македонија за работењето на претседателот на Основниот суд Струга поради сомнеж за политичко влијание врз судијата кој постапувал по барањата од должникот Општина Струга за зголемување на минимум средства за извршување на основната дејност на општината бидејќи за две решенија со иста фактичка состојба и исти образложени причини донесени се две различни одлуки.
Таа појасни дека од 2010 година Општина Струга работи со блокирана сметка и минимумот за функционирање на општината го определува судот. За да може да се изврши набавката на возилата потребно е тој минимум да биде зголемен.
„Години по ред од 2013, потоа 2014-та, 2015-та, 2016-та се бара од судот зголемување на тој минимум, меѓутоа во 2017 година по барање на градоначалникот Мерко тој минимум е зголемен. Значи при непроменети услови минимумот за функционирање на општината бил зголемен. На 20 мај 2021 година ДКСК доставува ургенција до Судскиот совет имајќи предивид дека поминал подолг период од доставувањето на пријавата. Судскиот совет на 7 јули 2021 година по доставената ургенција не известува дека по извршените проверки во електронската архива таков предмет не е пронајден“,
рече Ивановска.
Дека таква претставка била испратена и примена од Судскиот совет, Ивановска пред новинарите ја покажа доставницата дека документот бил примен во Судскиот совет.
Потоа, како што кажа Ивановска, од Судскиот совет биле известени дека предметот со наводите за претседателот на судот бил застарен бидејќи решенијата биле издадени во 2016 и 2017 година.
„Значи во времето кога ние сме го доставиле предметот не бил застарен затоа што не биле поминати три години, потоа предметот изчезнува иако имаме доставница дека сме го доставиле, а во меѓувреме кога треба да ни одговорат по ургенцијата велат дека предметот застарел. По добиените одговори од надлежните институции во ДКСК постапката по овој предмет е запрена затоа што ние реално немаме што да постапуваме. Сме дале иницијативи, сме дале препораки и тоа е од наша страна толку. Затоа сакам да истакна дека во изминатиот период од четири и пол години ДКСК само од меѓународниот фактор добива директна потврда за оправданоста на активностите кои ги презема и за ажурноста на Комисијата во овој состав која преку своето работење, независност и непристраност вложува сериозни напори да се зајакне и задржи интегритетот на институцијата, а со своето залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи“, рече претседателката на Државната комисија за спречување на корупција.
Ивановска, говорејќи во тој контекст, рече дека е сериозно прашањето зошто државните институции честопати не ги почитуваат и не постапуваат по наодите и укажувањата, препораките, извештаите и иницијативите од незивнисните институции како што е Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Народниот правобранител.
„Со ваквото однесување се нарушува неопходниот систем на проверки и баланс кој во практиката треба да овозможи законско работење на институциите, да овозможи ефикасен надзор и контрола и санкционирање на утврдените прекршувања. Рушењето на овој систем на проверки и баланс во води кон рушење и на владеењето на правото, односно на целиот систем за спречување и борба против коурпцијата и криминалот“, рече Ивановска.
Дел од причините за ваквите состојби, посочи таа, лежат и во наодите од последното истражување за ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија кадешто самите судии кажаа дека постојат притисоци и влијанија од страна на извршната власт, од страна на нивни колеги од повисок ранг, политички партии, бизнисмени…
За соработката со републичкото Јавно обвинителство, Иваноска потести дека ДКСК со ЈО имаат потпишано меморандум за соработка.
„Им го освеживме списокот на сите доставени иницијативи до сега, а оттаму беше определено лице за контакт кое треба да не известува за преземените активности од нивна страна. Тоа лице денеска е исконтактирано и еве што ни одговори. Се трудиме на секој начин да ја подобориме соработката со обвнителството не заради нас туку за општо добро за да одат предметите што побрзо. И во оваа прилика сакам да истакнам дека сите оние предмети кои се засновани на наоди од наша страна, наоди од Државниот завод за ревизија треба да одат на побрза лента во Јавното обвинителство заради тоа што тие се со поткрепена документација и веќе е изработено голем дел од истражувањето. Така што обвинителството, го почитувам нивното правило дека треба сè да истражат, но во овие случаи можат да се потпрат и на работата на незивисните институции“, подвлече Ивановска.
Во меѓувреме од кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во целост ги демантираа и ги оценија како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат.
Во таа насока им предочуваме на членовите на ДКСК дека заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, во согласност со овластувањето што го има од претседателот на Владата е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата.
Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори. Од тие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе.
За жал не е прв пат, Државната комисија за спречување на корупцијата до Кабинетот на вицепремиерката Грковска да доставува предмети за кои вицепремиерката нема надлежност, како што неодамна беше случајот со Агенција којашто за својата работа одговара пред Собранието.
Истовремено ја потсетуваме ДКСК дека Кабинетот задолжен за политики за добро владеење не е истражен и обвинителски орган. Тоа значи дека сите случаи и информации кои пристигнуваат во Кабинетот се пренесуваат на надлежност на институциите кои според закон треба да постапуваат и да ги процесираат.
Нагласуваме, членовите на Владата ниту можат, ниту смеат да ја преземат улогата на обвинителските и судските органи во државата. Факт е дека правосудните органи не испорачуваат задоволителни резултати во борбата со корупцијата, но тоа не значи дека треба да се наруши уставната поделба на власта, туку да се инсистира на доследни реформи и одговорност во нивните редови.
Овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата има поддршка од Владата, како ниту еден состав претходно, особено во јакнење на капацитетите.
Само за потсетување, од 2017 година има зголемување на буџетот за 59 проценти. Во последните пет години бројот на вработени во Секретаријатот на Комисијата е двојно зголемен, додека во февруари 2021 година, со одлука на Владата обезбедени се нови просторни капацитети кои во целост ги исполнуваат нејзините потреби, а инсталирана е ИКТ опрема обезбедена во 2018 година.