ВМРО ДПМНЕ користи две форми за да ја задуши работа на Комисијата: – прво, постојано ја оптоварува со нови и нови предмети. Некои од нив ќе бидат без основ, како во случајот со наводните странски фирми на Манчевски. Други ќе бидат веќе пресудени и завршени предмети, како оние на Заев. Зошто? За да се нема време да се направи увид во реални коруптивни предмети за какви што мирисаат оние на Христијан Мицковски, на пример
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Со силен сентимент се сеќавам на предавањата на одамна покојниот професор на Правен факултет – Иво Пухан, кој го држеше предметот Римско право. Колку беа тие предавања интересни покажуваше фактот дека на нив доаѓаа да слушаат и студентите од Економскиот и Педагошкиот факултет, во она време кога сите бевме сместени во една зграда. Неговиот предмет впрочем имаше цел да не вовлече во смислата на делењето на правда, во добивањето на познавање на основните правни правила, во логиката на правната држава… Едно од правилата кои имаат почесно место во таа средба со правото е принципот res judicata, кој значи дека не е дозволено повторно да се суди еднаш пресудена работа.
Но токму неодамна Антикорупциска комисија отвори низа предмети за премиерот Зоран Заев, потоа за вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и за министерот Дамјан Манчевски. Како што рече претседателката на Антокорупциската комисија Билјана Ивановска, предметите се отворени по претставки на ВМРО – ДПМНЕ и тоа за изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, потоа за „1 евро корупција“, во јавноста познат како „1 евро за црквата, едно за Вицето“ како и за продажбата на касарната во Струмица.
Потоа, по пријава на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, отворен е предмет и за „бугарските фирми“ на Заев, како и предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев во кој ќе се истражува градежно земјиште дадено под закуп за изградба на хидроцентрала, а ќе се истражуваат и наводите за „ грчките фирми“ на министерот Дамјан Манчевски.
Она што падна во очи е фактот дека дел од нив се судени и донесени се пресуди кои имаат своја конечност, токму според принципот кој погоре го споменавме – res judicata. Кога тоа не се примени на една од седниците на Комисијата, односно претседателката прифати отворање на предмети кои се судски завршени а што беше видливо од тв извештаите, гледачите мораат да се трлаат очите. Да не се работи за погрешно слушнати зборови? Дали правото се превртува на глава?
Колку што можше да се чуе на таа седница, претсадателката Ивановска овој потег го образложи со фактот дека Комисијата не сака да биде селективна во стартот и дека отвора предмет за секој случај а кога ќе го разгледа од сите аспекти може и да го отфрлат. Но, во стартот сите предмети влегуваат во „тапанот“.
Бранејќи ја оваа практика, нејзнииот заменик Нури Бајрами во гостувањето во емисијата на Алсат- М „360 степени“ рече дека целта на таквите отворање на предметите е да се види каде и колку, евентуално грешеле судовите, ако добро го свативме. Значи при сета таа работа на Антикорупциска сега истата си зема своевидна аналитичко-статистичка ролја…Впрочем, ако утврди некакви прекршувања во тие предмти таа би требала да покрене прекршочна или друга судска постапка, ама тие судови, каде ќе стигне нивната иницијатива, би требале по автоматизам истите да ги отфрлат!
Во меѓувреме, се разбира, имињата на оние јавни личности, кои се обвинети или осомничени од страна на Антикорупциска, макар и времено, ќе бидат изложени на бламирање.
Како мал отклон од Анрикорупциска да обрнеме внимание на неодамнешна пресуда на Кривичен – Скопје 1, на кој обрнува внимнание Комисетот за заптита на правата кој укажува дека е донесена пресуда за трговија со марихуан, при што за поседување на 2,8 килограми марихуана, им се судело на 9 граѓани а вкупната затвоорска казна која што беше изречена е 45 години затвор. Највисоката казна е 13 години затвор, другите казни се 9, 8, 6, и 4 години а најниските казни се по 1,5 години затвор. При тоа Комитетот соопштува дека за тој предмет веќе еднаш е судено и постои правосилна пресуда. Ниту судот не се држи до она правило res judicata! (Настрана драконските казни за осудените, во споредба со предмети кои содржат многу потешки криминали).
Значи на два влеза, еден граден од судиите за кои никој во јавноста нема добро мислење, во еден генерален смисол, втор од Антикорупциска, влегуваме во капиџикот на правната држава, кој покрај корумпираното судство сега го градат токму оние во кои верувавме дека ќе ја одбранат идејата за правна држава?!
Впрочем, тактиката на партијата која стои на браникот на минатото, преполна со неправда, заради што е создадено СЈО, кое е токму на удар на оваа партијаа, сега е во филмот да се задуши Антикорупциска. И сега, свесно или не, Комисијата влегува во таа стапица! Имено, ВМРО ДПМНЕ користи две форми за да ја задуши работа на Комисијата: постојано ја оптоварува со нови и нови предмети. Некои од нив ќе бидиат без основ, како во случајот со странские фирми на Манчевски, други ќе бидат веќе пресудени и завршени предмети, како оние на Заев. Зошто? За да се нема време да се направи увид во реални коруптивни предмети за какви што мирисаат оние на Хриситијан Мицковски и неговите мини-централи, изградени во време на неговото директорување со ЕЛЕМ и покривани со пари од странски финансиски помагања за нашата економија за наводна изградба на „зелена економија“…
И еве, антиикопрупционерите се притиснати со таа поплава од вакви спорни предмети но тие не прават многу на конкретна разработка на поднесени пријави (се нема кога, наводно) а се претвораат во обични поштари!
Говорејќи на оваа тема Нури Бајрами во споменатата дебата, призна дека тие се задушуваат и тоа го објасни со фактот дека се работи за почеток на работа на лица кои прв пат се соочуваат со овој вид на преокупација, што секако е точно.. Се чекаат нови простории (до кога веќе), за да се вгради помоќна техника за поврзување со другите институции во системот и секако за да се вработат лица кои би биле „висинските поштари“ однсоно кои би правеле предобработка за да се тфрлуваат предметите кои не можат, по разни основи, да бидат предмет на работа на Комисијата.
Во меѓувреме Антикорупциска реши да си олесни во оваа ситуација и да почне со селекцијата. Им се посреќи на функционерите на ВМРО ДПМНЕ, кои сега добиваат „амнестија“ за своите недела во корупцијата и непотизмот, доколку делата за кои се обвинуваат се постари од три години. И така Антонијо Милошески, на пример, може да биде виновен дека врабоувал „по баби и стриковци“ ама предметите му застареле, па сега ќе дели лекции од страна на новите властодршци како треба да се работи во духот на правната држава!
Добто, секој би рекол, ако за тоа постои правен основ, принипот на затареност нека важи, ама зошто не ваќи принципот „пресудено-затворено“?! Дали тука немаме двојно однесување на Антикорупциска