Обвинителката Русковска вели дека од тоа што успеала да го прочитам од тие анализи за наводните докази на Милошоски, е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави – рече таа
Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“, во емисијата од петокот, 13 ноември, зборуваше и за пријавите за видео и аудиоматеријалите што пратеникот Антонио Милошоски ги достави до ова обвинителство, а имаа за цел да го инволвираат претседателот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев, во случувањата со предметот „Рекет“.
„Се беше предадено на вештачење, во едниот случај диктафон, а во вториот случај беше телефон. Тие беа дадени на компјутерска форензика во рамките на Министерството за внатрешни работи и по екстрахирањето на податоците се вршеа анализи на истите. Од тоа што успеав да го прочитам од тие анализи е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“, вели Русковска.
Таа не сакаше да го искористи терминот дека снимките биле „сечени, лепени и монтирани“, но според тоа што го појасни, според нивните анализи се работи за повеќе снимки кои не се целосни, а се додавани повеќе парчиња од различни разговори.
Шефицата на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“ зборуваше и за тоа дека случајот со директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, не е единствениот во кој пред органите на прогонот е актуелен функционер.
Русковска рече дека постапуваат и по други пријави кои се однесуваат на актуелни, но и поранешни функционери.
„Имаме обвинение против поранешен потпретседател на Собрание редовите на, и тогаш и сега, владејачката партија. Пред обвинение е исто и државен секретар. Како добиваме пријави или материјални докази, без разлика дали се работи за сегашни или поранешни функционери, ние постапуваме“,
рече Русковска.
Таа вели дека сите предмети се третираат исто, но проблемот е во тоа дали ќе успеат или нема да успеат да обезбедат доволно докази.
ефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“ зборуваше и за случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и за истрагата што е отворена за четири лица, вклучувајќи го и првиот човек на Агенцијата, директорката Лидија Димова.
Русковска рече дека во медиумите и јавноста повеќе бил интересот на доделувањето на средствата за проекти, но тие имаат и друго сомнение.
„Не станува збор само за доделување на средства за проекти, туку се работи и за сомнение и дека е прекршен и Законот за јавни набавки. Видете, секој има право да мисли дека не сторил кривично дело“,
рече Русковска.
Таа додаде дека брзината со која донеле наредба за спроведување на истражна постапка е и во тоа што надлежната обвинителка била веќе во тек со предметот, па затоа еден ден по кривичните пријави од страна на Финансиската полиција, ја донеле одлуката за истрага.
ефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“ зборуваше и за случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и за истрагата што е отворена за четири лица, вклучувајќи го и првиот човек на Агенцијата, директорката Лидија Димова.
Русковска рече дека во медиумите и јавноста повеќе бил интересот на доделувањето на средствата за проекти, но тие имаат и друго сомнение.
„Не станува збор само за доделување на средства за проекти, туку се работи и за сомнение и дека е прекршен и Законот за јавни набавки. Видете, секој има право да мисли дека не сторил кривично дело“, рече Русковска.
Таа додаде дека брзината со која донеле наредба за спроведување на истражна постапка е и во тоа што надлежната обвинителка била веќе во тек со предметот, па затоа еден ден по кривичните пријави од страна на Финансиската полиција, ја донеле одлуката за истрага.
Oбвинителката Вилма Русковска побара осум, но добива пет нови обвинители.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ќе добие пет нови обвинители.
Според претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, одлуката за пет обвинители е поради хроничниот проблем со недостиг на кадар ширум државата
Систематизација е направена во согласност со новиот Закон за јавно обвинителство, кој стапи на сила пред еден месец, според која Обвинителството на Русковска би требало да брои 18 обвинители, вклучително со шефицата. Но, оттаму тврдат дека и ова е мала бројка за потребите на Обвинителството.
Колевски тврди дека состојбата со кадар не е идеална, поради одење во пензија, а во моментов недостасуваат 60 јавни обвинители.
Според Колевски некои обвинителства ќе мора да се затворат, како тоа во Тетово, Прилеп, Битола, Гевгелија и Свети Николе, каде ќе немаат ниту еден јавен обвинител.