Актуелната власт бара да се разликува интересент за инвестирање од инвеститор кој потпишува валиден договор
Осум нови инвестиции со 0 денари за промоција – гордо вели вицепремиерот Анѓушев и додава дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава нови можности за стопанствениците
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски одржаа во срединаа на минатата ндела прес конференција на која се презентираше новата инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, а говореа и заможностите што ги носи Нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Вицепремиерот Анѓушев пред полната сала со новинари оцени дека политиките на Владата придонеле за стабилизирање на македонската економија и дека се постигнати одлични резултати кога станува збор за привлекување на нови инвестиции. „Во изминатите месеци осум нови компании влегоа во фаза на реализација на своите проекти во Технолошко индустриските равојни зони. Вкупно планираните инвестиции се околу 73.5 милиони евра и планирано е отворање на над 1.500 нови работни места во наредните години. А треба да знаеме дека сето тоа е направено со 0 денари трошок за промоција и меркетинг. За споредба, во претходните 7 години привлечени се 23 инвестиции за кои беа потрошени 225 милиони евра“, потенцираше Анѓушев.
Тој додаде дека Владата и Дирекцијата за ТИРЗ ќе работат напорно за доизградба на постоечките ТИРЗ, со цел да се овозможи нормално функционирање на компаниите кои реализираат инвестиции во зоните.
„Во многу од зоните пристапната и комуналната инфраструктура не е целосно изградена, и за оваа намена издвоени се над 400 милиони денари оваа година. Мора да излеземе од виртуелниот свет, да ги презентираме работите такви какви што се и да преземаме чекори за надминување на проблемите “, појасни вицепремирот. На новинарите им беа презентирани снимки од состојбите во економските зони во Струга и Прилкеп, каде се виде дека таму нема ниту пристапни патишта.
Министерот за економија Бектеши го образложи нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и појасни кои ефекти се очекуваат со примената на овој закон кој е во надлежност на министерството.
„Со создавање на законска рамка за реализација на мерките од Планот за економски раст, кој ги дефинира главните политички приоритети за претстојниот период, се очекува: зголемување на приватните инвестиции и на вработеноста, подобрување на ефикасноста, на продуктивноста и на конкурентноста на приватниот сектор, повисоко ниво на извозот и унапредување на регионалната економска соработка, а со тоа се влијае и на подобрување на благосостојбата на граѓаните“, потенцираше Бектеши.
Министерот Бектеши дополни дека со успешна имплементација на Законот, ќе се овозможи поттик за растот и развојот на приватниот сектор, под транспарентни и предвидливи услови.
Директорот на ДТИРЗ Младеновски претстави повеќе информации за најновата најавена инвестиција во ТИРЗ Скопје 1.
„Станува збор за Компанијата “САГЕН ДООЕЛ ” од фармацевската индустрија која е со седиште во Тирана, Албанија. Висината на планираната инвестиција ќе биде во вредност од повеќе од 20 милиони евра и таа планира да отвори околу 300 нови работни места. Инвестицијата е поделена во три фази, а за нејзините потреби во ТИРЗ Скопје 1 закупена е парцела со површина од околу 28.000 m2“, рече Младеновски.
Со донесување на Законот за финаниска поддршка на инвестициите се очекуваат многукратни позитивни ефекти за македонската економија и уште посилно раздвижување на економската активност на компаниите, бидејќи десетици компании со домашен и странски капитал се заинтересирани за нови инвестиции.
„Целта поради која го креиравме Планот за економски раст е да овозможиме еднаков третман за сите инвеститори – домашни и странски, со мерки кои имаат за цел да ги зголемат растот и конкурентноста на домашната економија, преку поттикнување нови инвестиции, нови вработувања, поддршка на извозот и поттикнување на растот и иновативноста на малите и средни претпријатија“, истакна министерот Бектеши, додавајќи дека основните критериуми кои треба да ги исполнуваат претпријатијата кои ќе аплицираат за мерките, се пораст на приходите, како и задржување или зголемување на бројот на вработените. Овие мерки се креирани во три столба, и тоа како финансиска поддршка: за инвестиции, за конкурентност и за малите и средни претпријатија и иновациите“ – додаде Бектеши.
Со законот, како што објасни Бектеши, се уредени видовите и висината на финансиската поддршка на инвестициите, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на деловните субјекти кои ќе инвестираат во РМ исклучиво врз начелата на транспарентност, еднаков третман и јавност.
„Со овој закон се регулираат процесите на финансиската подршка на инвестициите за првите два столба, и тоа финансиска подршка за инвестиции, во која влегува поддршка за нови вработувања, за воспоставување и унапредување на соработка со добавувачи од РМ, за воспоставување на организациски облици за технолошки развој и истражување, за инвестициски проекти од значаен економски интерес, за пораст на капитални инвестиции и приходи, како и за откуп на средства од претпријатија со потешкотии, и финансиска поддршка за конкурентност, која опфаќа поддршка на субјекти кои ја зголемиле својата конкурентност на пазарот и на субјекти за освојување на пазари и пораст во продажба“, информираше Бектеши.
Што се однесува до третиот столб од Мерките за економски раст, поточно оној со кој се опфатени процесите за финансиска поддршка на малите и средни препријатија и иновативноста, тие ќе бидат регулирани со посебни акти, преку Фондот за иновации и технолошки развој.
Интересот на новинарите беше делумно одраз на потребата од расчистување на дилемата – дали во статистичката преентација за странски инвестиции „се краде“ нешто од „оставината“ на пртходната, вмроовска власт.
Како што кажа Анѓушев, шест од странските компании кои се споменати во оние осум, се веќе присутни во земјава, но тие најавиле удвојување на своите капацитети, по препознавањето на можностите што ги нуди токму Програмата за економски раст. Вицепремиерот рече дека едно е некој да најави вложување а друго е да потпише договор. Исто така тој нагласи дека кај веќе присутните компании имаме иградба на нови погони а не нивно проширување, што е битна разлика.
Се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека компанијата „Костал“ е веќе присутна и ќе остане со посточеки капацитет, а компаниите „Мурат вајаринг систем“, „Чагатај“ и „ВИК“ своите одлуки за инвестиции ги донеле во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа значи дека четири од компаниите кои ги прикажуваат дека ќе инвестираат или се веќе присутни во Македонија или чекаа со месеци Владата на Заев и на Анѓушев да дадат согласност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека СДСМ нема никаков план, туку дека „се работи само за законски измени од кои ќар ќе имаат 4 или 5 фирми, меѓу кои и тие на Кочо Анѓушев, а за сите останати тој ќе делува дестимулирачки. Тој дури и ќе делува контрапродуктивно врз домашните фирми.“ (љ.к.)