Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АПСЕЊА ЗА ШПИОНАЖА ВО СОФИЈА

March 8, 2022 Filed Under: Свет

Уште една шионска афера во Бугарија поврзана со Русија. И тоа во ек на руската инвазија на Украина

ОБВИНИТЕЛ Иван Гешев е обвинител кој го гони генералот кој шпионирал во корист на Москва

Специјализираното обвинителство и Државната агенција за национална безбедност  (ДАНС) соопштија дека спроведуваат истрага за шпионажа во корист на Русија во која учествувале бугарски генерал и дипломат од руската амбасада во Софија. Генералот, кој сега е во резерва, учествувал во мисии надвор од Бугарија; работел во Министерството за одбрана; имал пристап до доверливи информации во врска со ЕУ и НАТО. Обвинителството не го објави името на генералот.

Според податоците од истрагата, за координација и пренесување на информацијата бил искористен Русин со дипломатски имунитет како советник во руската амбасада во Софија. Како покритие за незаконската активност се одржувале конспиративни средби, преносни мемориски картички, криптирани уреди и шифрограми за кодирање на меѓусебната комуникација.

Бугарските медиуми јавуваат дека во моментов се вршат претреси на две адреси и автомобили во сопственост на бугарскиот државјанин.

Ова е втор случај на шпионажа во корист на Русија.

ОРДЕН Каракачанов како министер му дал орден на полковникот Петар Петров, обвинет каско руски шпион

Пред точно една година, обвинителството повторно гласно објави дека открило група бугарски офицери кои го шпионирале Министерството за одбрана во корист на Русија. Тогашниот премиер Бојко Борисов побара од Русите да престанат да шпионираат во Бугарија. Шпионската група приведена во март 2021 година се состоеше од шест лица. Откритијата на обвинителството се фокусираа на директорот на доверливиот регистар на Собранието, Љубомир Медаров, за кој неофицијално беше објавено дека објавил тајни податоци на флеш драјвови. Случајот веќе е во суд и го води военото обвинителство. Другата личност во групата беше поранешниот шеф на военото разузнавање Иван Илиев. Двајца руски дипломати беа протерани поради аферата.

Filed Under: Свет

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet