Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АПСОЛУТНО НАЈГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ Е АНОНИМНА ДЕВОЈКА

January 8, 2019 Filed Under: Ревија

На социјалните мрежи во Америка сите пишуваат за една анонимна девојка која о себе постојано носи флаширана минерална вода

ИДЕНТИТЕТ „Девојката на Фуџи“ привлече внимание покрај фотографиите на супершминканите ѕвезди – Јетлин е девојката десно

Црвениот тепих на доделувањето на наградите Златен глобус, пледоаје на распределбите на Оскарот, ги „издржа“ сите познати холивудски ѕвезди, но вечерта ги фрли во сенка сите нив една анонимна девојка, што е сензација пред се на социјалните мрежи.

Станува збор за Келет Кулбер, моделка од Торонто, која на доделувањето била ангажирана како хостеса и која се грижела на селебрити личностите секогаш биде крај нив ако нешто им затреба. Пред се била задолжена да ги им дава минерална вода од фирмата која е инаку главен спонзор на доделувањето на Златниот глобус. Доби име – „девојката на водата Фуџи“, се додека не и го открија идентитетот.

Во елегантен фустан со послужавник полн со шишиња на минерална вода, таа била секаде во заднината на фотографиите на ѕвездите . Според порталот ABC.net, не требало многу нејзината појава да ја забележат гледачите а манифестацијата и го отвориле прашањето – која е оваа природна убавица?

Како дел од модната куќа „Тоонто Верв“ таа има фото сесии на неколку магазини, меѓи кои и една за машкиот магазин „Максим“ пред две години. Но во бизнисот е десет години и можеби ова и е некаква откочна штица во филмскиот бизнис?

ПОЗИРАЊЕ КАКО ЅВЕЗДА Кога веќе стана ѕвезда, Кетлин се сликаше и пред рекламното пано на маниофестацијата

Американските медиуми пишуваат дека ноќта на Глобусите била полна со изненадувања. Иако се очекувало дека главните награди ќе ги земат „Ѕвездата е родена“ или „Вајс“ (Vice) кои имаа по шест номинации, најголеми победници беа „Боемската рапсодија“и „Зелената книга“.

Во категоријата најдобар филм – драма победи „Боемска рапсодија“, а главниот протагонист на филмот Рами Малек ја доби наградата за најдобар актер за толкувањето на Фреди Меркјури. Во категоријата најдобра актерка славеше Глен Клоуз за „Сопруга“ (The Wife). Тоа е семејна драма за двојка која мора да прави многу компромиси за да ја одржи заедницата. Во флеш сцените, каде Глен Клоуз треба да биде млада девојка, игра нејзината ќерка (Ен Старк).

Во категоријата најдобар филм  комедија или мјузикл победи „Зелена книга“ (Green Book). Тоа комедија и воедно мјузикл, кој говори за еден џез пијанист, Афроамериканец (битна карактеристика во делово), кого го игра Махешала Али а неговиот најдобар придружник е возачот и бодигардот (Виго Мортенсен). Тие одат од мотел до мотел, каде ги примаат и им плаќаат за настапите со храна и постела. Дејствието се случува во Алабама во времето кога Роберт Кенеди се бори против расната сегрегација. Делото доби награда на Фестивалот во Торонто.

СЦЕНА Кадар од драма за семејниот живот кој и донесе на Глен Клоуз Златен глобус

Кристијан Бејл е најдобар актер за ролјата во филмот „Вајс“, односно за неговата интерпретација на Дик Чејни, потпретседател на САД. Тоа е второ дело кое говори за владеењето на претседателот Буш јуниорот (првиот е на Оливер Стоун) и започнува со извештајот кој Чејни му го дава на претпоставениот за терористичкиот акт на 11 септември 2001 година.

За ролјата на кралицата Ана Оливија Колман (The Favourite) доби Златен глобус како најдобра актерка, признание кое го овои на Фестивалот во Венеција лани. Наградата за најдобар режисер ја доби Мексиканецот Алфонсо Куарон за филмот „Рома“ (Roma) кој е прогласен и за најдобар странски филм. Овој режисер се смета дека е израснат „под шинелот“ на попознатиот земјак Роберт Родригез. Најдобра споредна улога оствариле Махершала Али во „Зелена книга“ и Реџина Кинг за „If Beale Street Could Talk“ (Ако улицата Бејл можеше да зборува).

АЛФОНСО КУАРОН Мексиканскиот режисер кој растеше под спонзорство на Роберто Родригез освои Глобус за режијата на „Рома“

Кај телевизиските награди најдобра драма е серијата „Американци“ (The Americans), а комедија „The Kominsky Method“. Ричард Мејден („Bodyguard“) и Сандра О („Killing Eve“) добија награди за најдобри актери во драмски остварувања, а Мајкл Даглас („The Kominsky Method“) и Рејчел Броснахан („The Marvelous Mrs. Maisel“) во комедија или мјузикл.

Златен глобус за животно дело, кој го носи името на Сесил Б.ДеМил, доби Џеф Бриџис.

 

Filed Under: Ревија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet