Во Франција жртвите на крадците се невмателните патници кои излегувале на попатни станици да испушат цигара. Во ЛОндион во становите на најбогатите жители оперирала меѓународна банда во која имало и Балканци
Француската полиција уапси група мажи осомничени дека со години краделе предмети од патници од прва класа во француските возови.
Проценетата вредност на украдените предмети е околу 300.000 евра.
Се верува дека тие украле багаж од патниците откако седеле до нив во брзите возови.
Еден маж, на возраст од 57 години, наводно се преправил во жена и носел перика. Тој и уште двајца мажи, на возраст од 47 и 40 години, признале дека извршиле кражби во претходните пет до шест години, јавуваат француските медиуми. Се верува дека тие ја чувале украдената стока во стан во јужниот град Марсеј.
Наводниот начин на работа бил да се украдат предмети кога возовите застанувале на станиците, а сопствениците излегувале од вагоните за да ги испружат нозете или да запалат цигара.
Полицијата првпат била известена во април кога патник пријавил кражба на актовка во која имало накит вреден 50.000 евра, јавуваат локалните медиуми. Четири месеци подоцна, полицијата откри куп украдена стока во стан во споменатиот Марсеј. Во станот пронашла 130.000 евра во кеш, часовник од 70.000 евра, дизајнирани чанти, чевли, фотоапарати и накит.
Локалната полиција верува дека повеќе од 100 луѓе се ограбени и се обидува да ги идентификува патниците кои биле цел на возовите кои сообраќаат меѓу Париз, Женева и Ница.
Мажите се соочуваат со казна затвор до седум години доколку бидат осудени за грабеж.
Во меѓувреме, кога сме кај грабежите, да кажеме дека во Лондон осудена меѓународна банда која упаднала во неколку лондонски куќи на славните и украла луксузни предмети во вкупна вредност од 30,5 милиони евра.
Меѓу осудените е и еден Балканец – Југослав Јовановиќ, кој заедно со Алесандро Малтезе и Алесандро Донати призна дека во декември 2019 година ја ограбил куќата на ќерката на поранешниот директор на Формула 1, Тамара Еклстон.
Пресудата се однесува на некои други грабежи во западен Лондон – упадот во домовите на поранешниот репрезентативец на Челзи и Англија, Френк Лампард и покојниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, Вичаи Шривадханапраба.
Обвинетите добија вкупно 28 години затвор.
Дваесет и четиригодишниот Јовановиќ е осуден на девет години за кражба со умисла и две години за перење пари, одлучи Крунскиот суд во Ислеворт. Донати (45) и Малтезе (44) се осудени на по осум години и девет месеци поради кражба со умисла.
Обвинет беше и Данијел Вуковиќ, уште еден Балканец, кој е во бегство.
Алесандро Малтезе, Југослав Јовановиќ и Алесандро Донати се уапсени во Италија и екстрадирани потоа во Велика Британија
Станува збор за „многу сериозни грабежи“, рече судијата Мартин Едмундс.
Помеѓу 1 и 13 декември 2019 година, се проценува дека украле вредни предмети, а најголемиот дел од накитот и часовниците не се пронајдени.
Обвинителот Тимоти Креј рече дека „бандата ги планирала и ги извршила највредните грабежи“ со кои британското правосудство воопшто до сега се соочило.
„Потфатите бараа внимателно истражување и извидување, а жртвите беа избрани според богатството и славата“, додаде тој.
Креј пред судот изјави дека Јовановиќ пристигнал во Лондон на 20 ноември 2019 година. Тој дошол од Стокхолм, а со него патувал и човек по име Данијел Вуковиќ. Последниов бил „главниот организатор“ на бандата, а Јовановиќ неговата „десна рака“, изјавил Креј.
Вуковиќ се уште е во бегство, соопшти судот. Тој користи најмалку 19 идентитети и најверојатно е со седиште во Белград, покажа неодамнешната истрага на БиБиСи.
По пристигнувањето во Лондон, Вуковиќ и Јовановиќ се сместиле во хотелот Опингтон во југоисточниот дел на градот, според Креј
Југословенот Јовановиќ беше уапсен во октомври 2020 година во Италија
На 1 декември Јовановиќ упаднал во куќата на Лампардс.
Во сведочењето пред судот, жртвите изјавија дека со недели по грабежот не спиеле добро.
„Оттогаш многу повеќе се плашам да бидам сам дома, примам помалку посетители и не се чувствувам безбедно во сопствениот дом.
Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити Вичаиџи Шривадханапраба загина во хеликоптерска несреќа во 2018 година.
Потоа на 10 декември Јовановиќ, Донати и Малтезе упаднале во куќата на милијардерот и сопственик на англискиот фудбалски клуб Лестер Вичаи Шриваданапраба.
Инспекторите рекоа дека крадците отвориле шише шампањ во вредност од 500 фунти (600 евра) за време на грабежот.
Тие одзеле вредни часовници и околу 400.000 евра во кеш.
Семејството на жртвата вели дека домот бил „место за размислување и молитва“.
Последен во низата бил грабежот на куќата на Тамара Еклстоун во Кенсингтон Палас Гарденс, најскапата улица во светот.
Крадците го избрале 13 декември, а со нив бил и Вуковиќ, осомничен дека упаднал во куќата со Малтезе и Донати, додека Јовановиќ бил на стража.
Неколку часа пред да пристигнат крадците, Тамара Еклстоун со семејството заминала на одмор. Во куќата имало обезбедување, но еден од чуварите бил во супермаркетот за да купи зеленчук во моментот на кражбата, вредна 25 милиони евра
Во деновите по последниот грабеж, крадците отишле на голем шопинг во стоковната куќа Херодс, па дури и отвориле картички за лојалност.
Донати, Јовановиќ и Малтезе ја напуштиле Велика Британија до 18 декември.