Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АРИС ПАПАДОПУЛОС И МАРТА ПАСАКОПУЛУ: ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО, ТАНЦОТ И УМЕТНИЧКИТЕ ПАТЕКИ

December 3, 2024 Filed Under: Ревија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Компанијата Aris and Martha е танцова компанија од Атина. Работиме заедно од 2016 година, создавајќи перформанси за сцена, како и локациски специфични проекти и истражувања во областа на танцот и изведувачките уметности.

СÈ ШТО Е ВАЖНО Ова е името на уметничкиот танцов перформанс што беше изведен на МОТ

ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА

Последната вечер на МОТ разговаравме со Арис Пападопулос и Марта Пасакопулу, грчки танчери и уметници, по нивниот настап со перформансот „Сè што е важно“. Иситот беше изведен во салата 25 Мај при Младинскиот културен центар во Скопје. Оваа изведба, заедно со украинскиот перформанс „Танцот на смртта“, го означи затворањето на 49. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ), што се одржа од 15 до 21 ноември.

Две години по нивната последна претстава „Луси: Туторијал за еден ритуал“, соработката меѓу Марта Пасакопулу и Арис Пападопулос беше ставена под микроскоп во обид да се истражи и изведе сценско пријателство. Двајцата уметници, кои се и пријатели, соработници и уметнички партнери, во перформансот навлегуваат во заедничката архива на движења, танцови практики и белешки. Овие материјали, црпени од минатото, се обликуваат и оживуваат на сцената во сегашноста. Како што велат тие, „ничија сопственост, потенцијално на двајцата“.

Публиката, како сведок, игра улога на огледало кое го рефлектира пријателството на овие двајца уметници и неговата интерактивна динамика.

Можете ли накратко да ни ја претставите вашата компанија и вашата заедничка работа?

– Компанијата Aris and Martha е танцова компанија од Атина. Работиме заедно од 2016 година, создавајќи перформанси за сцена, како и локациски специфични проекти и истражувања во областа на танцот и изведувачките уметности.

Нашиот перформанс „Сè што е важно“, или „Белешки за изведување пријателство“, го создадовме во 2022 година, веднаш по периодот на COVID. Ова е многу лично дело за нас, бидејќи, истражува што значи нашето пријателство и нашата соработка како креатори и танчери.

Беше време да размислиме за нашата врска како пријатели и уметнички партнери, отворајќи материјали од претходни дела и повторно истражувајќи ги. Делото е комбинација на лична архива и нов материјал, создаден како рефлексија на нашето минато и сегашно искуство. Прашањето што си го поставивме беше многу едноставно, но суштинско: што е навистина важно?

Прв пат сте во Скопје, Македонија. Какви се вашите впечатоци за фестивалот Млад отворен театар (МОТ) и за градот Скопје?

– Ова е наш прв пат во Скопје и на фестивалот МОТ. За жал, немавме многу можност да гледаме други изведби, но програмата изгледа одлична и носи дела со меѓународен квалитет. Организацијата беше навистина беспрекорна, а тимот на фестивалот се погрижи сè да се одвива непречено.

Што се однесува до градот, иако немавме многу време за разгледување, успеавме да почувствуваме топлина од луѓето и енергија што инспирира.

УМЕТНИЧКО ПАРТНЕРСТВО Арис и Марта се дел од компанија но и уметнички партнери

Каков театар е популарен во Грција, особено во вашиот град Атина? Каков вид изведби се преферираат?

– Во Атина има силна театарска сцена, која доминира како жанр. Современиот танц, кој е нашето поле на делување, исто така има своја публика, но не е толку популарен како театарот. Сепак, последните години грчки кореографи сè повеќе успеваат да претставуваат свои дела надвор од земјата. Вратите полека се отвораат за грчкиот современ танц на меѓународната сцена.

Кои се вашите идни планови за турнеи и изведби?

– Моментално се фокусираме на турнејата на „Сè што е важно“. Пред две недели настапивме во Варна, Бугарија, а сега во Скопје. Нашата цел е да изградиме турнеја низ Балканот, вклучувајќи земји како Србија, Хрватска и Турција. Исто така, избрани сме како дел од платформата Move in Balkans, која ќе се одржи во мај, во Љубљанa и Загреб. Таму ќе го презентираме нашето дело пред меѓународна публика.

Покрај турнејата, планираме повторно да го изведеме овој перформанс во Атина, а истовремено работиме и на индивидуални проекти со други соработници.

Што е следно за вашата компанија?

– Не сме во продукција на ново дело оваа година, бидејќи, главен фокус ни е да го презентираме „Сè што е важно“ на што повеќе сцени. Ова ни овозможува да ја истражиме публиката на различни места и да го развиеме нашиот уметнички израз. Следниот период ќе биде посветен на тоа, заедно со учество во проекти со други креатори.

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Ревија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet