И руските и американските климатолози се концетрирани на Сибир – промените што тaму ќе се случат најмногу ќе влијаат на глобалното затоплување како процес
Кога станува збор за климатските промени, многу автори деновиве пишуваат за Амазонија, нејзиното уништување и влијанието врз климата и квалитетот на животот. Има написи за топење на мразот на Гренланд.. Но и за промените во Сибир, каде климатски услови, во однос на нашите претстави се менуваат и овој традиционално многу студен дел на Русија станува привлечен за живот! Тоа дури некои го третираат како добра вест! На сајтот fakulteti.mk можеме да прочитаме за нова студија која открива непосакуван но можен позитивен резултат на еколошката катастрофа. Излегува дека климатските промени може да направат големи делови од Сибир да станат погодни за живеење.
Но, ова би можело да се случи најрано кон крајот на 21 век. Истражувачите од Федералниот истражен центар во Краснојарск, Русија и Националниот институт за вселена од САД ги истражувале моменталните и предвидел климатски сценарија за да излезат со сопствена теорија.
– Претходните миграции на луѓето биле поврзани со климатските промени. Како што цивилизациите развиле технологија која овозможила тие да се адаптираат, луѓето станале помалку зависни од околината, особено во однос на климата. Сакавме да сфатиме дали идните промени на климата можат да доведат до тоа помалку гостопримливите делови од азиска Русија да станат попогодни за живот за луѓето – истакнува Елена Парфенова од Федералниот истражувачки центар во Краснојарск.
За да ја направат анализата, тимот научницци ги истражувале температурите во јануари и во јули, како и годишните врнежи. Тие ги разгледувале нивните ефекти на три климатски индекси кои се важни за егзистенција на луѓето: потенцијал за еколошки предел, острина на зимата и покривката од пермафрост.
Потоа тимот ги проценил двете сценарија за репрезентативно движење на концентрацијата (РЦП) на јаглерод диоксидот. Првото, РЦП 2,6 посочувало благи климатски промени, а второто, РЦП 8,5 посочувало на подрастични промени.
-Утврдивме зголемување на температурите од 3,4 степени Целзиусови (РЦП 2,6) на 9,1 степени кон средината на зимата, зголемување од 1,9 степени (РЦП 2,6) на 5,7 степени (РЦП 8,5) кон средината на летото и зголемување на дождовите од 60 милиметри (РЦП 2,6) на 140 милиметри (РЦП 8,5) – истакна Парфенова.
Таа додава дека нивните симулации покажуваат дека со РЦП 8,5, до 2080-ите години во азискиот дел од Русија би можело да има поблага клима, со помала покривка од пермафрост – траен мраз (намалувајќи се од сегашните 65% на 40% од областа до 2080-ите години).
Сепак, според истражувачката, дури и во случај на потопли услови, би имало проблем во однос на инфраструктурата.
-Соодветниот развој на областа зависи од социјалните и економските политики на властите. Пределите со развиена инфраструктура и голем земјоделски потенцијал очигледно ќе бидат населени први – вели Парфенова.
Таа додава дека големи делови од Сибир и Далечниот исток имаат слабо развиена инфраструктура.
Во порталот „Russia beyond“ зголемувањето на просечната годишна температура ќе ја направи климата во Сибир до 2080 година помалку сурова и многу повеќе достапна за живот на луѓето. Таму се пренсуваат фактички констатации на руски и американски климатолози објавени во списанието Environmental Research Letters.
Во тој случај, ако ефектот на стаклена градина не биде запрен, јануарските температури во Сибир ќе пораснат за девет степени Целзиусови, јули ќе биде потопол за 5,7 степени, а нивото на врнежи ќе биде повисоко за 140 милиметри. Климата ќе стане поблага, а површината на вечно замрзната почва ќе се намали до 2080 година за 25 проценти, забележува веќе споменатата Елена Парфенова од Институтот за шумарство на Сибирското одделение на Руската академија на науки во Краснојарск.
Арктикот, заедно со планинските глечери, останува еден од најчувствителните региони во однос на глобалното затоплување. Во последно време, просечните годишни температури во Заполархето веќе пораснаа за шест до седум степени. Според мислењето на научниците, во иднина топењето на арктичкиот мраз значително ќе влијае на циркулацијата на струите и ќе доведе до неповратни промени на климата на Земјата во целина.
Како клучни индикатори на затоплувањето се земаат две појави – поместувањето на климатските зони, а со тоа и миграцијата на претставниците на растителниот и животинскиот свет, како и промените поврзани со доаѓањето на годишните времиња, наведуваат научниците. Како што истакнуваат тие, неодамна се покажа дека во рускиот и канадскиот дел од Арктикот пролетта пристигнала две-три недели пред време, а темпото на топење на вечниот мраз и брзината на повлекувањето на глечерите практично се зголемиле двојно.
Според Памфилова и нејзините колеги, овие процеси ќе се одразат многу негативно врз функционирањето на веќе постојната арктичка инфраструктура, а би можеле да доведат и до сериозни промени во екосистемите.
(продолжува)