Американското списнаие „Хафингтон пост“ оценува дека треба да се заборави на населеувањето на Марс – Сибир нуди непрегледен животен простор
Кога станува збор за климатските промени, има многу малку добри вести, но нова студија открива несакан можен позитивен резултат на еколошката катастрофа. Излегува дека климатските промени може да направат големи делови од Сибир погодни за живеење.
Ова би можело да се случи најрано кон крајот на 21 век. Истражувачите од Федералниот истражен центар во Краснојарск, Русија и Националниот институт за вселена од САД ги истражувал моменталните и предвидел климатски сценарија за да излезат со сопствена теорија.
– Претходните миграции на луѓето биле поврзани со климатските промени. Како што цивилизациите развиле технологија која овозможила тие да се адаптираат, луѓето станале помалку зависни од околината, особено во однос на климата. Сакавме да сфатиме дали идните промени на климата можат да доведат до тоа помалку гостопримливите делови од азиска Русија да станат попогодни за живот за луѓето – истакнува Елена Парфенова од Федералниот истражувачки центар во Краснојарск.
За да ја направат анализата, тимот научницци ги истражувале температурите во јануари и во јули, како и годишните врнежи. Тие ги разгледувале нивните ефекти на три климатски индекси кои се важни за егзистенција на луѓето: потенцијал за еколошки предел, острина на зимата и покривката од пермафрост.
Потоа тимот ги проценил двете сценарија за репрезентативно движење на концентрацијата (РЦП) на јаглерод диоксидот. Првото, РЦП 2,6 посочувало благи климатски промени, а второто, РЦП 8,5 посочувало на подрастични промени.
-Утврдивме зголемување на температурите од 3,4 степени Целзиусови (РЦП 2,6) на 9,1 степени кон средината на зимата, зголемување од 1,9 степени (РЦП 2,6) на 5,7 степени (РЦП 8,5) кон средината на летото и зголемување на дождовите од 60 милиметри (РЦП 2,6) на 140 милиметри (РЦП 8,5) – истакна Парфенова.
Таа додава дека нивните симулации покажуваат дека со РЦП 8,5, до 2080-ите години во азискиот дел од Русија би можело да има поблага клима, со помала покривка од пермафрост – траен мраз (намалувајќи се од сегашните 65% на 40% од областа до 2080-ите години).
Сепак, според истражувачката, дури и во случај на потопли услови, би имало проблем во однос на инфраструктурата.
-Соодветниот развој на областа зависи од социјалните и економските политики на властите. Пределите со развиена инфраструктура и голем земјоделски потенцијал очигледно ќе бидат населени први – вели Парфенова.
Централна Европа во текот на мај е зафатена со температури кои се под просек, а во северозападна Русија е вистинска тропска жештина со температура околу 30 степени.
Во местото Којнас, во близина на поларниот појас во Русија се измерени максимални 31 степен, а во целата руска област Архангелск измерени се меѓу 25 и 30 степени.
Тие температури се значително над просекот за овој период од годината во тие делови на Русија, особено ноќите се за 15 до 20 степени повисоки од вообичаениот просек.
Температурите на воздухот во тие делови од Русија ќе останат екстремно високи од среда поради присутниот топол бран.
Американското списание „Huffington Post” во текст со наслов „Заборавете на колонизација на Марс, сите можеме да се преселиме во Русија кога светот премногу ќе се загрее”, сериозно ја заговара идејата за колонизација на преголемата Русија кога климатските промени ќе станат неподносливи.
Сите знаеме дека Русија е огромна, речиси два пати поголема од Канада. И сета таа огромна површина е одвај населена: по глава на жител доаѓа четири пати поголема територија отколку во САД, пишува Елија Кабанов.
Сибир е огромен и според руските стандарди: зазема 77 проценти од територијата на Русија, а во него живеат само 27 проценти од жителите, односно 39 милиони луѓе. Главната причина за тоа е суровата клима. Земјиштето е постојано замрзнато, снег и мраз го покриваат речиси цел Сибир, што оневозможува земјоделство и градење. Количината на дождови е премала, се наведува во текстот.