Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АРМ ПОСТОЈАНО СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО МОДЕРНА И СОФИСТИЦИРАНА ВОЕНА СИЛА

November 8, 2022 Filed Under: Македонија

Годинава 106 милиони долари од САД и 10 милиони евра од ЕУ за модернизација на Армијата

СОЛУНСКО ПРИСТАНИШТЕ Лесните оклопни возила за АЕМ се истоваруваат

Една придобивка од процесот на европската интеграција е дека се отвораат нови фондови во делот на одбраната, изјави министерката Славјанка Петровска во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24, истакнувајќи дека 10 милиони евра од Европскиот мировен фонд се достапни за Министерството за одбрана за купување на различен вид на опрема.

Во контекст на сојузничката поддршка од Соединетите Американски Држави, Петровска информираше за вкупниот износ кој Северна Македонија го има добиено годинава од САД за процесот на опремување и модернизација на Армијата.

„ САД за помалку од 10 месеци донесоа одлука за финансиски средства од вкупно 106 милиони долари, поддршка за процесот на модернизација на Армијата“, потенцираше министерката Петровска, објаснувајќи дека не станува збор за заем или кредит кој ќе треба да го вратиме.

Овие средства дополнително ќе го зајакнат капацитетот на Армијата за модернизација – процес за кој се предвидени над 30% од буџетот за одбраната за 2023 година.

Во контекст на опремувањето и модернизацијата на Армијата, министерката Славјанка Петровска на еодамнешната Топ тема истакна дека неперспективната опрема во Армијата забрзано се менува со нова и софистицирана опрема, што е поддржано и од буџетот на Армијата кој согласно плановите до 2024 година ќе изнесува 2 проценти од бруто домашниот производ.

Оваа година, истакна Петровска, одбранбениот буџет изнесува 1,77 проценти од БДП, односно околу 220 милиони евра од кои 30 проценти се одвојуваат за модернизација и опремување. Пристигната е првата пратка од Лесните оклопни возила, JLTV, во тек е набавка на возила Stryker, а потпишан е и повеќегодишен договор за набавка на француски системи за противвоздушна одбрана, информираше Петровска.

Во процесот на модернизација, опремување и развој на Армијата, Северна Македонија доби и сојузничка поддршка од САД со 78 милиони долари, средства кои ќе се наменат и за развој на капацитетите за сајбер одбрана.

Министерката Славјанка Петровска на гостувањето во Топ тема се осврна на Измените на законот за служба во Армијата кои беа договорени во дијалог со сите четири синдикати и во кои се вклучени платите и покачувањата и други придобивки и бенефиции. Од утре припадниците на Армијата добиваат покачување на платите од 2.000 денари, а исплатата на отпремнината во висина од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата започнува следната недела.

Се отвара уште една можност за сите оние професионални војници кои ќе наполнат 45 години, со што им престанува нивниот договор за работа како професионални војници, да земат отпремнина, да останат во Министерството или пак да бидат превземени во некоја од другите институции“, рече Петровска.

Министерката истакна дека пресметките се веќе вкалкулирани во буџетот и од следната недела ќе започне исплатата на отпремнина за професионални војници кои ги исполнуваат условите и доставиле барање за отпремнина.

 

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet