Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АРОГАНЦИЈА ВО СУДНИЦА НА СВЕДОКОТ ЈОРДАН КАМЧЕВ КОН СУДОТ И СЈО

July 8, 2019 Filed Under: Македонија

„Ова е театар“ – изјави бизнисменот Орце Камчев, како сведок во судницара каде му се суди на неговиот довчерашен голем пријател Мијалков, изветува Здружението Зелена лупа, кое го следи случајот „Тортура“

ПОВТОРУВАЊЕ Мијалков го повторуваше снмањето на апсењето на Љубе Бошковски со „репетиција“ на сцената а сега Судот му го штити истиот од „погледите“ на камрите!

На последното рочиште за случајот „Тортура” кој го води судијката Александра Ристеска сите странки беа на време пристигнати вклучувајќи ги и сведоците новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Јордан Камчев, кои беа повикани како сведоци на СЈО.

Прва сведочеше новинарката Трајковска која одговараше на прашања на обвинителот Љубомир Лапе.

Потврди дека разговорите се автентични и воедно го опиша и критичниот ден и самиот настан на апсењето на лицето Љубе Бошковски пред ресторанот “Воденица”.

Во разговорот помеѓу неа и бизнисменот Јордан Камчев, кој бил на ден 6 јуни 2011 година таа потврди дека тој и пренел информација дека за еден час нешто ќе се случува, а на нејзино прашање кој му ја дал таа информација тој одговорил „пријателот“, мислејќи на сега обвинетиот Сашо Мијалков.

За настанот пред ресторанот „Воденица” сведокот изјави дека имала впечаток како да се пречекува странска делегација, бидејќи, имало голем број на медиуми, полициски сили и го видела и лицето Љубе Бошковски кој постојано го движеле од јавниот тоалет па до автомобилот.

Во еден момент обвинетиот Мијалков гласно дофрли кон сведокот, па беше опоменат од судијката Ристеска.

Трајковск изјави дека останува во целост на изјавата која ја дала во обвинителството. Одбраната не сакаше вкрстено да го испитува овој сведок.

ПРЕД ЕДНО ОД РОЧИШТАТА На септемвирското рочиште присуствуваше и оштетениот Бошковски

Втор сведок кој пристапи кон судот беше бизнисменот Јордан Камчев, кој беше многу краток во своите одговори и сведочеше „цели“ 12 минути.

На почетокот на легитимирање од страна на судот беше прашан дали е државјанин на РСМ, тој на тоа при кратко молчење одговори со зборовите „Македонец само”.

Во голем револт и со голема ароганција кон обвинителот и судот тој изјави дека не знае зошто е повикан на денешното рочиште а воедно и демантираше за претходната покана од судот, велејќи дека тоа не е негов потпис, а лицето кое го злоупотребил неговиот потпис требало да сноси одговорност. За разговорите кои му биле презентирани во обвинителството тој кажа дека се „сечени, лепени и монтирани”.

За разговорот со новинарката Оливера Трајковска тој изјави дека воопшто не се сеќава, бидејќи, тој ден се слушнал со преку сто луѓе говорејќи за самиот настан пред „Воденица” дека како и сите луѓе така и тој имал разговори поврзани со апсењето на Љубе Бошковски, наведувајќи ги зборовите „да не е забрането да се зборува за криминал”.

ДОФРЛУВА Мијалков беше опоменат заради дофрлување

За настанот пред „Воденица” тој изјави дека дознал од телевизија гледајќи како одредено лице прима мито за да го менува името а потоа било уапсено.

Кога обвинителот Лапе кажа дека нема повеќе прашања за овој сведок, бизнисменот Камчев веројатно заборави дека е во судница а не во својата канцеларија па веднаш сакаше да ја напушти судницата.
На тоа реагираше судијката Ристеска и му се обрати со зборовите „Чекајте, може одбраната има прашања за вас” а тој веднаш возврати „немаат”.
Одбраната потврди по сведокот дека нема вкрстено да го испрашуваат.

Од секојдневниот мониторинг на Зелена лупа многу често гледаме како обвинети но и во некој случај сведоци наметнуваат свои „услови” за одржување на тековното рочиште, што е недозволливо и истото треба да биде соодветно санкционирано од страна на судот.

Често сме сведоци на присуството на камерманите, на кои буквално едвај им е дозволено да снимат материјал за да ги покријат вестите за тоа рочиште, па така може да потврдиме дека токму за овој случај на истите едвај им е дозволено снимање од 30 секунди, по што следеше гласното обраќање од судијката Ристеска  – „соволно е со камерите, ајде господа“.

Следното рочиште е закажано за 13.09.2019 во 10 часот.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet