Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АРХЕОЛОГИЈА: ВО ГРЦИЈА ОТКРИЕН НАЈСТАРИОТ ЧОВЕЧКИ ФОСИЛ, ВО БУГАРИЈА НАЈДЕНИ КАМЕНИ ТОПОВСКИ ЃУЛИНА

July 16, 2019 Filed Under: Ревија

Хомо сапиенсот дошл во Европа многу порано отколку што се мислело а дури и пред неандрталците! Откритијата во Бугарија говорат за несовршените, но први топови кои „работеле“ како фрлачи на камења и кои потекнуваат од 15.век

ПРОНАЈДЕНО И РЕКОНСТРУИРАНО Она пто е најдено пред 40-тина години деновиве е рекоснтруирано во Грманија: се работи за лереп на најстариот хомо сапиенс на европско тло

Летото е време кога археолозите работат највеќе. Оттаму тоа е доба кога дознаваме и за работи кои не сме претпоставувале дека постојат! Така, деовиве дознаваме дека во Грција е откриен најстариот човечки фосил кој потекнува од пред 210илјади години, односно 150 илјади години, пред времето кога предокот на модерниот човек се очекувал дека дошол на европското тло.

Или поинаку, дознаваме дека хомо сапиенсот дошол од Африка во Европа доста порано отколку што до сега важеше како можен период. Ова доаѓа од проучување на најдените черепи кои не се од ова лето, бидејќи остатоците потекнуваат од работа на археолозите во 70-тите години на самиот југ на Грција, но резултатите за нивната старост се од овие денови.

Катерина Харвати од Универзитетот во Тибинген (Германија) и нјзиниот тим компјутерски анализирали оштетени делови од черепот за кого веруваат дека е стар 210 илјади години. Зобленото теме укажува на тоа дека навистина се работи за хомо сапиенсот. Тоа е „најстариот“ современ човек откриен вон Африка, пишуваат научниците во стручното списание „Нејчер“.

Научниците се согласни дека анатомски современиот човек потекнува од Африка, од каде се раширил низ целиот свет. Најновите резултати потврдуваат дека ја населил Европа многу порано од до сега одредениот период, објаснува палентеологот Харвати. Реконструкцијата на темето докажува дека се работи за примерок од суштество кое живеело пред 210 илјади години. Инаку, на истото место се најдени остатоци од неандерталецот кој таму живеел пред 170 илјади години.

ДОКАЗИ Остатоите е најдени на крајниот југ на Грција

Ова наведува на заклучок дека тлото на денешна Грција, во време на раниот плеоцен (од 781.000 година се до пред 120 илјадита година) прво живеел хомо сапиенсот а потоа дошле неандерталците. Овие последниве веројатно ги истерале претците на хомо сапиенсот.

Фејсал Биби од Природнонаучниот музеј од Берлин вели дека резултатите на истражувањето се во согласност со низа откриени факти во последно време што зборуваат дека историјата на хомо сапиенсот е многу посложена и постара отколку што се мислело.

Во меѓувреме во соседна Бугарија се откриени камени топовски ѓулиња. Ги користел грофот Дракула во битката со Турците во една од своите пресметки. Местото на откритието е тврдината Зашова, која била напаѓана од Влад Тепеш Третиот, попознат како Дракула, или грофот кој неријателите ги набивал на колец, Оваа тврдина ја имале освоено Турците а тој во 1461 година ја повратил.

Тврдината Зишова потекнува од 13 век на новата ера и се наоѓа на врв на ридот кај градот Свишова, кој е на северот на Бугарија, на Дунав, јужно од границата со Романија. Оваа тврдина е користена се до 1810 година, кога руската војска ја разурнала во 1810 година.

ПОЛНЕЊЕ НА ТОПОВИТЕ Колумбрините биле полнети со камења како ѓулиња

Тимот на археолози, предводен од Николај Овчаров од Националниот имнститут во Софија, моментно работи на ископувањата во тврдината. Тповските ѓулина потекнуваат од 15.век, известува бугарскиот магазин „Археологија“

Се претпоставува дека ѓулињата од камен ги исфрлиле од колумбрините, еден вид на пратопови од 15.век. Но истите можеле да ги користат и бранителите.

– Најинтерсно е дека сме нашле топовски ѓулиња од 15.век, кои несомнено се од раниот период на турското владеење – вели Овчаров. – Тие топови, колумбрини, се користени само во тој век. Тоа биле многу несовршени оружја. Но,, ова што е откриено се совпаѓа со војувањето на грофот Дракула..Имаме и писмо на Влад Тепеш до унгарскиот крал. Тој се фали дека ја освоил тврдината и после жестока борба и дека во тој поход убил 410 турски војници. Некои од нив, во негов стил, секако биле набиени на кол – вели Овчаров.

ТВРДИНАТА ЗАШОВА Чувар на Дунавст, тоа била оваа тврдина која руските војници ја разурнале во 1810 година

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet