Научниците на НАСА веднаш виделе дека астеродиот 2020-bx12-has- не е опасен по Земјата. Потоа виделе дека тоа не е еден, туку два астероиди кои меѓусебно си фрлале сенка и ја зголемувале привидно масата. Дури и како таква појавата не е со димензии кои се претставуваат.Малку како оној виц – не е Москва туку Ереван, не е мерцедес, туку жигули…
Авторката Меган Бартелс околу 16 часот на 13 февруари објави на сајтот https://www.space.com/news вест https://www.space.com/near-earth-binary-asteroid-2020-bx12-has-moon.html дека научниците забележале дека во релативна близина на Земјата два одделни астероиди. Тоа не е голема карпа како што се велеше. „Еден од најголемите инструменти на Земјата за проучување на астероидите во близина е повторно на работа откако беше потресен од земјотреси, а неговите први нови набудувања покажуваат дека новооткриената вселенска карпа се всушност два одделни астероиди“.
Се работи за радарот во опсерваторијата „Аресибо“ во Порто Рико. Опсерваторијата беше затворена најголем дел од јануари, откако серија земјотреси го погодија островот со почеток на 28 декември 2019 година. Опсерваторијата беше отворена на 29 јануари, значи после цел месец. Во меѓувреме, на 27 јануари, научниците со помош на телескоп на Мауна Ло на Хаваи забележаа астероид што астрономите не го виделе порано. Тимот го нарекол новооткриената вселенски карпа 2020 БХ12 врз основа на формула со која се признава датумот на откривање.
Поради големината на 2020 година БХ12 и начинот на кој нејзината орбита се приближува до онаа на Земјата, таа е означена како потенцијално опасен астероид. Како и да е, вселенската карпа веќе се приближи до Земјата и ќе помине на оддалеченост од 4,3 милиони километри; астрономите ги пресметале и блиските пристапи на астероидот со Земјата за следниот век, и сите идни ќе бидат на поголемо растојание од ова.
Сликите на радарите го прикажуваат бинарниот астероид 2020 БХ12, што научниците го откриле оваа година. (Да разјасниме растојанието меѓу Земјата и Месечината изнесува 384.000 километри па тоа значи дека растојанието по кое ќе мине астероидот (двете карпи) ќе изнесува 11,1 пати поголемо од она меѓу Месечината и нас!
Зошто немало паника или нешто слично? Текстот вели дека пролетувањето на астероидот не претставувало опасност по животот на Земјата, но тоа било можност за научниците кои се надевале да дознаат повеќе за вселенските карпи, се вели во овој текст!. На 4 и 5 февруари радарската станица во „Аресибо“ ги постави своите фотографии на 2020 БХ12. Врз основа на наблудувањата, научниците откриле дека 2020 БХ12 е бинарен астероид, со помал карпа која кружи околу поголемата. Поголемата карпа е веројатно долга 165 метри, а помалата е околу 70 метри, според набудувањата собрани од Аречибо. Кога инструментот ги наблудувал двете вселенски карпи на 5 февруари, тие се чинеле дека се одвоени меѓу себе 360 метри. (или три фудбалски игралишта).
Авторката на текстот кој се држи до вистината која ја дава НАСА Меган Бартелс предава на одделот за научен журнализам во еден њујоршки универзитет и е новинар на Њузвик. Објавува текст речиси секој ден и овој, од четвртокот попладне по наше време или 10 часот наутро по њујоршко е прв за астероидот а кој таа седнала да пишува, повеќе од аспект на фктот дека се работи за камен со друг камен кој орбитрира околу него, како феномен.
Зошто ова го кажуваме? Заради фактот дека познатиот дистрибутер на проблематични вести на Балканот – Спутњик беше тој кој прв ја рашири веста за „крајот на светот“ и дека се чини многумина наседнаа на истата, иако не се исклучува дека имало и други извори на насловите во тој стил кои се објавени и кај нас.
Текстот на Спутњик (https://rs.sputniknews.com/nauka/202002111121698895-potencijalni-asteroid-ubica-priblizice-se-zemlji-za-cetiri-dana/) беше објавен на 11 февруари со слика која е повеќе од застрашувачка (ја предаваме). Просто да почне човек да се простува од животот и да се поздравува со семејството, сите да започнат да плачат над судбината на цивилизацијата … Тоа е класичен сензационализам. Внате и нема вистински податоци, има дуења, ообено кога се кажува дека вселенскиот камен е широк меѓу 400 и 900 метри (!), што е големо промашување во однос на прецизното мерење, што секако ја зголемува потенцијалната опасност; дури на крајот од текстот се вели дека „се надеваме дека астеропидот ќе ја заобиколи планетава“, демек не се исклучува да не удри и според авторот да ја уништи планетата; се вели дека истиот астероид одново ќе не посетел за 14 години, но не се наведува дека тогаш ќе биде подалеку, ако веќе наводно текстот се повикува на НАСА! Погрешно е дадено и растојанието а грешката изнесува цели 2 милиони километри. Што знае дете…
Необично е што Спутњик се повикува на американски извор а не на руски – та нели се работи за вселенска сила која мора да има свои извори за оваа така страшна, катастрофална појава?! Зошто нема повик на мислење на руски стручњаци а се држи до наводно некои од НАСА? Или Спутњик не им верува на своите откако не се предвиде упадот на небесното тело (метеорит) во близина на Чељабинск на 15 февруари 2014 година, кога пред очите на граѓаните, кои одеа на работа се распаѓаше тоа тело и содаде вистински „спектакл“ и доенесе многу искршени прозорци среде сибирската зима. Во пречник тој „камен“ имал 20 метри.
Јасно, не можеше ваква сензација да мине туку-така во нашите медиуми и портали. На пример https://a1on.mk/magazin/video-nasa-vo-sabota-zemjata-kje-bide-izlozhena-na-seriozna-zakana-od-vselenata/?fbclid=IwAR3Vadh_O5iBALsehgmqXDVIyWu4sW33AD3jHh4nZBxY3fxMt70-yny2aDs објави текст со наслов кој вади од памет, и кој ја има истата грешка во растојанието со кое астероидот ќе мине крај нас (како што вели Спутњик а не како што навистина вели НАСА – разликата е цели 2 милиони километри). Во тркстот се дава споредба со големи астероиди како „потврда“ на сериозноста, се прави асоцијација од типот што ќе ни стане кога би биле удрени, ама не се дава елементарна илустрација што е тоа, како што таму стои пет милиони килоемтри и колку е тоа далеку од Земјата. Јасно, не се чекало и да има официјално соопштение што веќе говори за битно помали димензии и ја отсранува опасноста дека следната средба ќе биде опасна, туку се тврди, според НАСА дека растојанието само ќе се зголемува. Но, смирувањата не се во игра, треба народот „да се истресе од гаќи“.
Во Проверка на факти мноупати сме пишувале за овој феномен на астероманија која „само шо не не уништила“. Да наведме само еден прилог proverkanafakti.mk/predupreduvanje-i-so-senzacionalizmot-se-pretera/?fbclid=IwAR2RBeBAUHP6Sv4gizxFN4jZnS-YaYd6aiiutXmjJ-ABCEby_pFCVx9w0Cs, кога Сител пред Божиќ ни ја уби волјата за живот, но тое мина со било каква реакција на ААВМУ или слично тело. Или прилогот кој одеше на Канал 5 една година претходно кој е регистрирн и коментиран на Проверка на факти http://proverkanafakti.mk/pad-na-asteroid-za-gledanost-po-sekoja-cena/. Тогаше беше користен трикот на постепено создавање паника во рамките на содржина која нема врска со темата, што е секако нешто што не е измислено во Македонија. Прв пат таквата „вест“ беше пласирано од страна на познатиот режисер Орсон Велс, како радио драма под наслов „Војна на световите“, која не беше најавена, а која беше вметната во пренос од концерт на сериозна музика! Беше емитувана за време на Ноќта на вештерките во октомври 1938. На слушателите на концертот им се пласирани вести дозирано, со сѐ погуста фрекфенција за тоа дека „овде и таму“ се спуштиле Марсовци и тоа создало паника – луѓето бегале од домовите, земале во автомобилите некои нужни работи и практично не знаеле каде да се скријат, особено во отсуство на други паралелни информации.
Во прилогот на Канал 5 беа искористени ТВ сериите за да најави една неточна содржина, која навистина може да вознемири во голема мерка. Кајронот се пушташе сѐ почесто како што се приближуваа вестите во 18 часот, а спикерката потврдуваше дека нешто страшно ќе му се случи на светот (овој пат тоа не е авион кој паднал на Петровец, „специјалитет“ на истата куќа)). Фактот што за време на „развивањето на веста“ немаше ни ронка оправдување за ваква најава, просто беше трик за да се зголеми гледаноста на вестите, особено кога во нив има „важни вести“ –премиерот Никола Груевски бара од граѓаните да врзат појас кога влегуваат во автомобил, меѓу другото!
И тогаш алармиравме дека во нормална земја ова не може да биде дозволив трик. Ако ширењето паника преку невистинита вест (има член за тоа во КЗ) еднаш практично успеа – тоа е онаа вест дека паднал авион на Петровец (велиме дека успеа, бидејќи мина без активно учество на јавниот обвинител, што е скандал сам за себе), а тогашниот ААВМУ ја казни телевизијата само со два дена емитување на програма без реклами. Веста за тој настан е избришана од меморијата на сите медиуми во кои посакавме одново да ја овориме! Некој работи системски…
Кај нас и тогаш а и сега нема паника – гледачите останаа тогаш дома за да ги следат новите продолжувања на турските серии од „ноќната смена“. Слично е и со нашите портали – многу труид за некој лајк повеќе. Ама што кога ќе има вест која треба навистина да не подигне на нозе? Ние сме веќе отапени од лажните Армагедони!
Спутњик веќе во средата ја ргна веста од својата насловна страница. Немаше ниту исправка.