Македонски икони се продаваат на аукција во Германија, Управата за културно наследство ќе проверува дали тие навистина потекнуваат од земјава
До Управата за културно наследство неодамна пристигнале и две барања за информации од јавен карактер за тоа дали сме запознаени со ситуацијата на изложување на аукција на икони од 15 и 16 век на аукција во Германија, изјави во Утрински брифинг Марија Пујаз, советник инспектор за безбедност на културно наследство при Управата за културно наследство.
Проверката за тоа дали навистина тие икони потекнуваат од Македонија може најдобро да ни се каже на терен и по добиени информации од конкретните, а во најголем дел имател е МПЦ-ОА. Во минатото пред постењето на Управата, која отпочна со работа во 2005 година, кога ја собра документацијат која се наоѓаше во Републички завод за заштита на спомениците на културата Скопје, како и документација која се наоѓа низ другите установи за заштита во земјата, проверката дали навистина дали тие предмети се од Македонија, Управата презема конкретни активности за проверка, дали тоа навистина потекнува од земјава. Напишаното во каталогот треба да се провери од каде тие информации при составувањето на самиот каталог, каде е објавено дека потекнуваат од Македонија, вели Пујаз.
Во докуметацијата со која се располага во јавните институции прв податок за тоа дали навистина е тоа од Македонија треба да се одговори врз основа на фотографиите. Точно е дека во нашата земја во 1915 година, според приказната дека тогаш се изнесени предметите што одат на аукција, тогаш не постоела евиденција, ниту систем за заштита дали тоа е навистина од Македонија. Но во името на соработката со другите институции за заштита во нашата земја, во рамките на ЕУ или пак на светско ниво е токму тоа прашање – да се потврди дали тоа се само шпекулации или навистина потекнуваат од земјава. Приказната го продава производот, вели Пујаз.
Ако разговараме на ниво на шпекулација, теоретски во Законот за заштита на културно наследство постои механизам, а тоа е враќање на незаконски инзнесени, доколку се докаже дека тие незаконски се изнесени. Има податоци во самиот каталог за кои јас лично имам основ да проверам дали тоа е навистина така, смета Пујаз.
Десетина икони беа откорнати и неодамна како жртви на крадците на артефакти кои го задоволуваат растечкиот апетит на меѓународните пазари за православни верски слики. Пазар кој вреди десетици милиони долари.
Арсе Глигуровски, кој се грижи за црквата Св. Ѓорѓија од 19. век во близина на Лазарополе, вели дека секојпат кога ќе погледне во олтарот чувствува како „крадците да ни ги откорнале душите“.
Меѓу 30-ната икони украдени од црквата во Лазарополе, 23 беа дела на познатиот Дичо Зограф, еден од најпознатите автори во државата. Делата на Зограф се продаваат за десетици илјади евра на црниот пазар.
Во последната деценија, во оваа мала балканска земја беа украдени повеќе од 10 илјади верски артефакти од црквите, меѓу нив и вредни икони во византиски стил. Речиси ништо од украденото не е пронајдено. Крадците одземаат цели иконостаси, олтари, крстови, икони, лампи и Библии.
Чувари на идентитетот
За Македонците, богатите рурални религиозни светилишта кои датираат од периодот меѓу 15. и 19. век претставуваат чувари на културниот и верскиот идентитет. Од Заводот за културно наследство велат дека повеќе од 200 цркви и манастири се регистрирани како културно богатство. Според проценките, околу две третини од нив се слабо обезбедени.
„Најголемиот дел од црквите кои се цели на напади се во оддалечените села, кои се напуштени во текот на зимските месеци“, вели Милчо Георгиевски, кустос во галеријата на икони во Охрид. „Нема никаква заштита и секој може да ја отвори портата со едноставен удар. Ова се идеални услови за крадците“.
Крадците најчесто се фокусираат на цркви во западниот дел од земјата, на границата кон Албанија, каде во мнозинство се етнички Албанци. Едноставното образложение би било дека на муслиманските Албанци не им е многу грижа за ова наследство. Властите веруваат дека најголемиот дел од кражбите се организираат во Албанија, преку организирана мрежа на соработници во регионот.
„Албанија е можеби само центар каде се собираат украдените икони. Се шпекулира дека повеќето се продаваат на тајни аукции во западна Европа и завршуваат во приватни колекции, вклучително и оние на руските тајкуни“, вели Георгиевски.
Сашо Цветковски, директор на музејот во Струга вели дека повеќе од 500 „непроценливи“ икони биле украдени од црквите во западна Македонија во изминатата деценија. Во земјата, севкупно има околу 23 илјади регистрирани икони.
„Тешко е да се процени вредноста на ова национално богатство. Тоа има извонредно историско, културно и верско значење за Македонија“, вели Цветковски.
Во октомври минатата година, полицијата во Тирана, Албанија заплени 1,077 украдени икони, фрески и други видови уметност со потекло од 15. до 20. век, меѓу нив и парчиња од Македонија. Цветковски и уште еден експерт од Македонија ја посетија Тирана во декември, и при инспекцијата на украдените дела откриле 21 икона од Македонија.
Георгиевски вели дека не може да ја процени вредноста на иконите, но за да се добие идеја за нивната вредност споменува дека петте највредни икони од Македонија биле осигурени на 50 милиони долари кога патувале на изложба во Њујорк во 2004 година.
Задачата да се грижи за безбедноста на верските објекти во земјата ја има Македонската православна црква, и некои велат дека во тоа е всушност и проблемот. На Црквата и недостасуваат стручни лица кои можат да водат сметка за црквите и нивниот имот. Во многу случаи, локалните црковни власти одбиваат да дозволат вредните предмети да се складираат на друго место. На пример, црквата Св. Никола од 19. век во селото Радожда беше нападната три пати од 2012 година, пред надлежните да дозволат да се преместат некои од вредните предмети кои останаа во неа. Дотогаш веќе биле украдени 23 вредни икони.
Владиката Тимотеј, кој е портпарол на МПЦ, вели дека се прават напори да се документираат и регистрираат сите икони на западот на земјата, и се надева оти до крајот на следната година сите ќе бидат сместени во новиот музеј кој се гради во Охрид. Тој додава дека десетици од највредните примероци веќе биле префрлени на посигурни локации.
За жал, сега е предоцна за Лазарополе, иако Арсе Глигуровски сѐ уште се надева дека иконостасот ќе си ги врати украдените икони.
„Тие се основата на она што сме ние“, вели тој.