Рускиот олигарх, кој имал своја улога во изборите од 2016 година во САД, е под санкции. Омилен во вреето на Трамп сега плаќа за своите минато,, но и н еговите помагачи, американски државјани
Поранешен висок функционер на контраразузнавањето на ФБИ е уапсен и обвинет за помагање на руски олигарх да ги избегне американските санкции, објави во понеделникот Министерството за правда. Се работи за поранешен висок агент на ФБИ, кој беше вклучен во истрагата за контактите на кампањата на Трамп со Русија за време на изборите во 2016 година, за потоа и самиот да се најде под лупа на федералните обвинители поради неговите врски со Русија и други странски влади.
Кон крајот на минатата година, според внатрешните судски документи до кои дојде Инсајдер, американските адвокати тајно свикаа голема порота која го испитуваше однесувањето на Чарлс Мекгонигал, поранешен шеф на контраразузнавањето во теренската канцеларија на ФБИ во Њујорк. Одделот за правда одби да коментира за тоа што го истражувала големата порота или дали тоа останува во тек. Но, поканата за сведок, добиена од Инсајдер, се чини дека укажува дека владата, делумно, ги разгледувала деловните зделки на Мекгонигал со врвниот помошник на Олег Дерипаска, рускиот милијардер олигарх кој беше во центарот на обвинувањата дека Русија договарала со кампањата на Трамп за се мешаат во изборите во 2016 година.
Чарлс Мекгонигал (54) беше приведен во саботата 21 јануариi, заедно со Сергеј Шестаков (69), поранешен советски и руски дипломат кој стана преведувач и стана американски државјанин. Обвинението од пет точки, објавено во понеделникот во јужниот округ на Њујорк, ги товари за кршење и заговор за кршење на американските санкции, како и за заговор за извршување и за перење пари.
Шестаков е посебно обвинет за една точка за лажење на федералните истражители, обвинение поврзано со интервју во ноември 2021 година со агенти на ФБИ во кое поранешниот руски дипломат е обвинет дека ги лажел агентите за неговата и поврзаноста на Мекгонигал со поединец кој служел како агент на олигархот.
Лицата се обвинети дека му помогнале на Олег Дерипаска, руски олигарх кој беше ставен под американски санкции во 2018 година поради помагање во напорите на Русија да го анектира полуостровот Крим на Украина. Тие се обвинети за истрага против ривалскиот руски олигарх во име на Дерипаска во замена за, како што рече судијата, „скриени плаќања“.
Плаќањата, наводно, биле вршени преку компании без активни деловни операции, а се обвинети дека се обиделе да го сокријат Дерипаска со тоа што се воздржувале од неговото именување директно во електронските комуникации.
Покрај тоа што беше ставен под американски економски казни, Дерипаска беше обвинет во септември под обвинение дека сакал директно да ги избегне американските санкции.
Мекгонигал работеше како специјален агент задолжен во Одделението за контраразузнавање на ФБИ во Њујорк две години додека не се повлече од бирото во 2018 година. Тој и Шестаков треба да се појават на суд подоцна во понеделник, na 30 јануари попладне.
На Мекгонигал му се заканува затворска казна до 80 години доколку биде прогласен а виновен. Шестаков се соочува со казна од 85 години.
Д асе потсетиме кој е Олег Владимирович Дерипаска. Тој е роден на 2 јануари 1968 во Ѕержинск, Нижегородска област. Неговиот татко починал кога имал четири години, и затоа тој бил одгледан од страна на неговите баба и дедо. Завршил на Московскиот државен универзитет Михаил Ломоносов – отсек физика во 1993 година. Во 1996 година завршил економска академија во Г.В. Плеханов. Од 1994 до 1997 година бил генерален директор на металуршкото претпријатие Сајаногорск, а од 1997 до 2001 бил претседател на Сибирска алумииј. Во 1999 година бил награден со орден од страна на претседателот Борис Елцин. Дерипаска е оженет за ќерката на Валентин Јумашев, шеф на претседателската администрација на Елцин. Дерипаска е мнозински сопственик на РУСАЛ, односно руска компанија за алуминиум. Се смета дека е еден од најблиските до Владимир Путин од руските олигарси. Според списанието Times, неговото богатство се проценува околу 14,5 милијарди американски долари, па важи за најбогат човек во Русија, заедно со Роман Абрамович.