Случајност или не – Јордан Камчев требаше да стане почесен конзул на Бугарија во земјава, околу тоа беа едно време вжештени односите меѓу Софија и Скопје а битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски е веќе 12 години почесен конзул на Србија во Македонија, потсетува деновиве „Политика“. Како на Балканот се добиваат овие титули и за што служат? Не е тешко да се каже: интересите и на нашите соседи за ваквите луѓе е толку провизорни и калкулаторски
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Како што одминуваат деновите од стартот на аферата „Рекет“ се повеќе елементи од неа наликуваат на сегменти од комедијата „Госпоѓа министерка“ на авторот Бранислав Нушиќ, или Алкибијад Нуши по потекло од ресенско. Освен новинарското пишување во стилот на белградските весници од самиот старт старт на 20 век, со кое започна оваа афера, полно со алузии и имиња на актерите во форма на „кинески закачки“, имаме и присуство на двајца значајни актери во аферата кои беа кандидати или се во конзуларни фотелји. Слично на оној почесен конзул од Никарагва со кого театарската министерка имаше толку проблеми при своето навикнување на новата општествена позиција.
Да се потсетиме дека Бугарија официјално го прогласи овој најбогат Македонец, според магазинот Форбс за свој почесен конзул, додека Мицевски, веќе подолго време е почесен конзул на северниот сосед во земјава. Првиот човек, кој за стартуваше со присуство во просториите на СЈО на 29 август 2016 година (!) очевидно имаше силно јатачко лоби на високо ниво во Софија уште тогаш, кога бугарските моќници требаа да му обезбедат дипломатска закрила. Вториот конзул, оној на Србија, веќе два пати беше кај обвинителката Рускоска и тој треба да има некаква дипломатска закрила, која му била нужна кога своевремено си ја барал во Белград. На таа негова „позиција“ потсетува деновиве белградска „Политика“, пишувајќи за целата афера и за фактот дека нивниот претставник од Битола два часа имал соочување со обвинителката Русковска.
Барањето Камчев да биде проглаен за почесен конзул ги имаше минато сите бугарски филтри а преостануваше, во втората половина на април лани за тоа прашање свое мислење на да дадат министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата на РСМ. Ова не наиде на добар одглас во Владата на Заев бидејќи беше јасна целта на овој ни малку пријателски гест на Софија: да се штити еден балкански олигарх од оние кои секако мусе равни во „бизнисот“ на својот побратим Камчев. Или пак се работеше за услуга која треба да се даде заради „посебни заслуги“ во корист на бугарските интереси во регионот?! Тука, помниме дека ниту Борисов не беше индиферентен кон судбината на обвинетиот Камчев. Но по додатното загревање на насание кои го компромитираа до крај Камчева, Бугарија се откажа од првобитната идеја. На 24 јуни годинава вицепремиерот и министер за одбрана Каракачанов Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, рече дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владатана РСМ.
– Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата, изјави Каракачанов.
Тој рече дека со внимание ја следат аферата „Рекет“, но ги демантираше сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот. Такво нешто нема, кажувам најодговорно. Не сакам да навлегувам во детали но кажувам дека Бугарија не учествува во тој внатрешно – политички проблем на Македонија.
Малку е веројатно дека Србија ќе ги следи чекорите на Софија по прашањето за соодветноста на неговата позиција во дипломатскиот корпус на Србија, која ја доби пред 12 години. Впрочем, Мицковски својот влез во јавниот живот го имаше за време на владеењето на Црвенковски кога (1996) беше избран за прв градоначалник Битола на демократски избори во Република Македонија, со мандат до 2000 година. Ниту аферата ТАТ не му го попречи богатењето а тој веднаш по победата на ВМРО ДПМНЕ во 2008 година си се прешалтува во таборот на победниците.
„Политика“ го претставува конзулот Силјановски во текстот од пред една недела како жртва на противправните работи кои ги иницирал Боки Тредичи а Силјановски, кој одбегнувба да каже и една просто проширена реченица за македонските медиуми даде подолга изјава за овој белградски весник. Медумот сепак посочува дека во бомбите на Заев се слушаат факти кои го товарат Силјановски за политичко мешетарсво при изборите во земјава, особено во контекст на местењето на тендери со ЕЛЕМ.
„Мојата фирма со организаицјата на Боки 13 склучи договор да се купат одредени локации за изградба на домови за пензионери во Охрид. Му исплативме 720 илјади евра за купување на плацеви во Охрид. Кога премина градоначалникот на Охрид и бидејќи за нас Боки е недостапен, проектот е прекинат. Кде се парите кои фирмата ги уплатила јас не знам. Се работи за чисто деловен однос. Се надевам дека истрагата ќе утврди каде се тие пари и тие ќе ми се вратат. Во меѓувреме покренавме против вмешаните лица во договорот тужби бидејќи тие не се придружувале до одредбите во договорот и парите не се наменски потрошени“ – изјавуа за Политика Мицевски.
Мицевски беше два пати кај Русковска, вториот пат по свое барање, очевидно да го дополни или измени својот прв исказ за својата улога во аферата. Јасно е дека тежштето на правната позиција на битолскиот бизнисмен треба да се одреди во однос на дилемата како парите наменети за фирмата на Боки завршиле на сметката на пензион ерката Тодоровска?! Бидејќи ако е тоа точно, а според Финансовата полиција тоа е точно, имаме случај на перење на пари! Затоа Мицевски ќе тврди дека парите се сепак дел од деловен потез идека се префрлени на Меѓународниот сојуз, значи на правно лице. Во случајот со сметката на Тодоровска може да постои рекетирање, во вториот случај него може да говнема.
Но да не го изгубиме основниот контекст. Случајот со конзулските аспираии на Бугарија и Србија јасно покажува како се измешани картите на Балканот и кои исли се тие коистојат зад политиките на државите?! Србија секако мораше да знае кој е Мицковски, особено после аферата ТАТ, кога Силјан, заедно со неговата сопруга Виолета Мицевска 21 ден беше притворени во Истражниот затвор во Битола, по обелоденувањето на аферата ТАТ во 1997 година. Мицевски, сепак низ кривично-правна и судска постапка беше ослободен од сите обвиненија за негова вмешаност во аферата „ТАТ” и поведе постапка за надомест на штета против државата. Народната банка му исплати отштетата од повеќе од 25 милиони денари (нешто над 406 илјади евра) на градежното претпријатие „Пелистер” од Битола. Без оглед на процесот здравите дипломатии не се вмешуваат во „дружењето“ со такви личности како Мицевски или Камчев. Да не говориме дека соседните земји меѓу себе не поставуваат почесни конзули. Како ида заврши аферата „Рекет“, изходот нема да биде поволен за комшиските кадровици.