Омилената кај народот и режимот, државна службеничка се претвори во најголем издајник
СЛОБОДАН ГЕОРГИЕВ
Генерално новинарите се плашеа да и го споменат името, иако таа беше омилена и во народот и кај државниот врв. За краток временски период во таблоидната војна и се одзеде она што и беше давано подолго време. Ова не значи дека дека таа нема повторно да исчезне и да се појави подоцна во подобра инкарнација
Како се случи Дијана Хркаловиќ, поранешна приправничка на БИА, секретар на Управата за криминалистичка полиција и страшен државен секретар на Министерството за внатрешни работи на Србија, да се влече низ белградските таблоиди како да е член на организирана криминална група или опозициска партија? Тоа му доаѓа исто. Имено, во последните денови таа беше прикажана како личност одговорна за наводното незаконско прислушување на претседателот на СНС и Република Србија, Александар Вучиќ, нејзиниот поранешен модел и ментор, човекот заради кого таа ја напушти академската кариера и се посвети на напорната работа за Промена на Србија,.согласно планот од 2012 година.
Овој паракриминален и параполитички настан, што телевизиските станици контролирани од режимот сè уште го држат под радарот на гласачите, може да биде причина за многу поголеми земјотреси во владејачката коалиција, која стана толку вкоренета во власта што веќе не може јасно да види кој и што игра улоги во неа. Едноставно, пред јавноста се отвора бесконечно поле на скандали, гласишта, информации и лажни вести, во кои се појавуваат луѓе од државниот врв и криминалот, измешани како турли-тава и каде не е познато што ќе се појави утре, како нова приказна што ќе потврди дека нешто се „готвело“ со години.
Затоа сега се зборува за лицето кое беше иод најголема доверба кај Вучиќ како потенцијален соработник на нарко-клановите, а кога пред неколку години тоа беше „истакнато“, владата реагираше со гнев и одлучно да ги потисне и ликвидира сите тие оценки. Дијана Хркаловиќ до неодамна беше фаворит, надеж, онаа која ќе биде една од лидерите во безбедносниот сектор на Србија во следните години, а сега се вели дека сето тоа можеби го сторила за мафијата и со цел да ги елиминира сите, вклучително и самиот Вучиќ, ако им се попречи на криминалците.
НЕ ЖАЛИ ЗА НИШТО Се разбира, проблемите на Дијана Хркаловиќ започнаа порано, пред година и пол – ако некој се сети на тоа – кога го напушти МУП под суверено владеење на д-р Небојша Стефановиќ, еден од полицајците со најдолг стаж во историјата на Србија. Кога на крајот на мај 2019 година беше објавено дека таа го напуштила Министерството за внатрешни работи, тоа беше случајна вест, но многумина видоа нешто неприродно во тој чин и нешто што укажува на значителни пукнатини во монолитот на извршната власт.
Пофалена како жена која знае сè, следи сè и влијае на многу истраги, бидејќи од времето кога беше секретар на УКП, Хркаловиќ остана залудно нокаутиранА во прашина, со многу прашања и сомнежи. Денес, година и половина подоцна, нешто е појасно.
Нејзиниот случај и институционалното иследување се совпаднаа, сега е познато, со откритието дека Вучиќ бил прислушуван. Она за што се зборуваше во безбедносната заедница и некои членови на Владата во тоа време преку апликациите за Сигнал и Телеграм, стана многу јасно: Вучиќ доби информација дека МУП-от го прислушува, а тој сознанието му ја претстави на Стефановиќ. Последица, по тој настан дијде смената на Дијана Хркаловиќ од власта.
Се разбира, таа негираше такви приказни. Во интервју за таблоидот „Ало“ во октомври 2020 година, таа вели:
„Претседателот Вучиќ не ме смени, министерот Стефановиќ не ме смени, никој воопшто не ме смени. Во договор со нив, поради борбата против злобна и комплицирана болест, ја напуштив претходната работа, која ја сметам за чесна во мојата дел, затоа што не можев да се посветам во полн капацитет на работа која е премногу тешка, премногу одговорна и бара целосна посветеност, ако некој сака да го стори тоа правилно “.
И понатаму:
„Како што предвидоа лекарите, во следните месеци конечно би можела да ја завршам оваа важна животна битка … Кога човек ќе се спаси, тогаш може да продолжи да се справува со сите предизвици. Но, ако го изгуби своето здравје, тој губи сè. Значи не жалам за ништо, не жалам за својата судбина, конечно ја завршувам оваа голема битка за да си го опоравам здравјето, а потоа со нетрпение ги очекувам новите предизвици што животот може да ми ги донесе. Бидејќи сакам предизвици “.
Од денешна перспектива, можеме да заклучиме дека нејзините пријатели, модели и ментори Стефановиќ и Вучиќ чекаа Хркаловиќ да излезе од проблемот со болеста (каква и да беше тоа) и потоа да се соочиат со „реалната ситуација“. Во меѓувреме, и покрај нејзината болест, таа успеа да ја заврши својата докторска дисертација на Филозофскиот факултет во Белград.
ТАБЛОИДИТЕ ГО ПРОМЕНИЈА ОДНОСОТ Интервјуто со неа се појави во весниците кои се „блиски до властите“ и со новинарот Дуле Вукајловиќ, кој ќе објави нов весник „Објектив“ два месеци подоцна (првиот број излезе на последниот ден од 2020 година) и за кој се тврди дека го сиоздал д-р Небојша Стефановиќ.
Не е јасно што ќе им направи друг таблоид на овие луѓе на власт. Сепак, нешто друго е јасно – а тоа е дека штом се создаде нов таблоид, тоа има врска со политиката. Интересно е и тоа што овој нејасен таблоид не се завртенуи кон Хркаловиќ.
Најмногу се занимаваа таблоидите „Курир“ и „Српски телеграф“, кои директно ја поврзуваат со еден од црногорските кланови и гја позиционираат како крт во Владата на Србија. Наводно, таа не само што го изневерила она што полицијата може да го подготвува во областа на борбата против организираниот криминал, туку дури и ја искористила својата моќ да ги прислушува Вучиќ и неговото семејство, со злоупотреба на Секторот за специјални истражувачки методи на УКП.
Чудно дека Вучиќ објаснува сè „за да разбере народот“, не знаеме што друго би било. Сепак, засега, претседателот на Србија задржува резервирана, тактичка незаинтересираност, па дури и започна да избегнува да зборува за скандалот со прислушувањето, затоа што тогаш ќе мораше да одговори на многу сомнежи.
Она што е „слатко“ и дава нови елементи во приказната за Дијана Хркаловиќ е еден вид потврда дека во меѓувреме го сменила идентитетот, што веќе подолго време е предмет на „дискусија“ на социјалните мрежи – пред година и пол тоа беше речено дека го зела името Ника, дека ја избричила главата, направила некои естетски корекции … Исто така беше речено дека била во врска со поранешен полицаец, но и со Небојша Стефановиќ, што е само по себе бизарно. Но, сè изгледаше невозможно, па сега таблоидите го презентираат на јавниот простор како факти.
Надвор од овие лични односи, она што е полошо за неа и за државата е ужасното обвинување дека соработувала со црногорските кланови, за што се споменуваше уште во 2016 година, во деновите на убиството на Александар Станковиќ наречен Мутави, срамежливо и полугласно . На ист начин, беше речено дека постои можност таа да е на чело на новата „единица за специјални операции“ што не беше формално дел од МУП-от, но беше составена од членови на разни навивачки групи, и владата ги користеше за разни операции, инженеринг, преку зајакнување на Српската листа на Косово до уривање на Савамала и контрола на пазарот на дрога меѓу членовите на навивачките групи / банди.
Хркаловиќ беше доведена во директен контакт со Сале Мутави, бидејќи тие се поврзани со неговиот наследник во бизнисот и на трибината, Вељко Беливук. „Веja Неволја“, како што го нарекуваат таблоидите, беше претставен како амбасадор на кланот Кавачки во Белград, а во наредните денови ќе се види дали министерот Вулин е способен да