Џаровски, Жељо, Суд на здружен труд, бунт на Жарко Зечевиќ и вистината која никогаш нема да се дознае. Потсетување на најконтроверзниот последен круг во историјата на југословенскиот фудбал
ПРЕДРАГ ДУЧИЌ
Жешко бешпе фудбалското лето 1986 … Аргентина во Мексико по втор пат стана шампион на светот, Марадона на Англичаните им ја продаде Божјата рака и неповторлив слалом; Гери Линекер и Марк Хјуз потпишаа за Барселона со гголема помпа; Стеауа направи невиден бум со победата над Каталонците во финалето на Европскиот куп, а малку подоцна Алекс Фергусон го презеде Манчестер Јунајтед.
Тие денови во поранешна Југославија требаше да биде обележан со XIII конгрес на Дојузот на комунистите и со познатите мерки за штедење донесени од југословенска „железната дама” Милка Планинц. Куповната моќ на просечниот граѓанин се врати назад во ’68, за еден литар бензин и еден килограм шеќер се чекаше во редици, се бараше цикорија, замена за кафето кое гои немаше, беше привилегија.а возилата возеа според табличките – „чифт или тек” … Во такво опкружување, југословенското фудбалско првенство влезе во најинтересната финале досега. Тоа беше спектакл, но подоцна низ аферата Шајбер се опиша како историска фарса. Истата ги потресе најсилно социјалистичките структури, повеќе од наведените проблеми на земјата.
Славко Шајбер беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија, инаку политичар и успешен спортски работник. Пред да дојде во канцеларијата на првиот човек, ФСЈ беше познат по еден од клучните луѓе во создавањето на голема и моќна Цибона. Клубот го промени своето име во 1978 година (наречен претходно Локомотива), ги собра сите најмоќни компании од Загреб од тоа време и ги удри темелите за две континентални титули на Цибоси..
Шајбер, наводно, дошол во Белград како способен менаџер за да работи на професионализирање на фудбалот, искоренување на неправилностите и разни блокади, со секундарна цел да ги омекне властите во ангажирање на странци. Наместо ова тој создаде услови да јакне фудбалката мафија. Наводно социјалиситчкиот лидер Стене Доланц го советувал да не влезе во тоа милје, ама Шајбер не го послушал.
Славко Шибер го поништи цлото последно коло од Првата лига на Југославија во сезоната 1985/86 поради сомнежите дека мечевите се местени. По првичните резултати, благодарение на подобрата разлика во голови, Партизан стана шампион пред Црвена Ѕвезда. Меѓутоа не беа оштетени само белградските ривали, туку и сит други на кои последното колоп нешто им значеше! ФСЈ нареди да се повтори целото коло, но бидејќи црно-белите не сакаа повторно да излезат на теренот, ја загубија титулата. Шампионите станаа црвено-белтеи, а сите клубови за кои се сомневаше дека се вклучени во местењата беа казнети со минус шест поени во следниот шампионат. Но, ова не беше крај. Бидејќи Судот на здружен труд и Уставниот суд интервенираа во целата приказна, ги поништија сите одлуки на фудбалските власти, се појави комплетен хаос, кој исто така ќе се прошири и на следната сезона.
Поминаа скоро три децении од најголемиот скандал во историјата на југословенскиот фудбал, и сеќавањата не се избледени. Приказните за „Шиберки” или „Шајберовото коло”, како што често се нарекува одлука на ФСЈ, и понатаму предизвикуваат контроверзии. Кој профитирал а кој бил оштетен? Дали некој во целата приказна беше искрен? Отвореното признавање на еден од главните протагонисти на Велибор Џаровски по многу години не придонесе да се разјасни целиот случај …
„Шајбер ме обвини за местење на 17 натпревари од Првата и Втората Лига! Тоа не е точно! Јас наместив 18 “.
(продолќува во следниот број)