Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АФЕРАТА „ШАЈБЕР“ 33 ГОДИНИ ПОДОЦНА (2)

July 8, 2019 Filed Under: Фељтон

Џаровски, Жељо, Суд на здружен труд,  бунт на Жарко Зечевиќ и вистината која никогаш нема да се дознае. Потсетување на најконтроверзниот последен круг во историјата на југословенскиот фудбал

ПРЕДРАГ ДУЧИЌ

ДОСЛЕДЕН Судијата Гоце Попев останал доследен – не дозволил игра со времето во Сараево

Со години после аферата Шајбер на неа највеќе се дискутираше во Белград. Во Ѕвезда и денес не можат да прежалат зошто и е одземена титулата (па вратена на Партизан) по судски пат, а црно – белите отидоа чекор понатаму. „Да не беше Шајбер, Патизан ќе играше во Купот на шампионите две години по ред. Но по игра на случајот таму отиде еднаш Ѕвезда а втората година Вардар. Ова ќе значеше дека повеќе квалитетни играчи ќе доаѓаа во Хумска отколку во Ѕвезда. Објективно ние можевме да отидеме на европскиот врв“ – вели Жарко Зечевиќ, од управата на Партизан.

„Не раскажувам случајно, ниту напамет. Партизан во период од две и пол децении четири пати создаваше големи тимови. Најнапред со Милко Ѓуровски, Вучичевиќ, Вокри… Освоивме две титули, а да освоивме уште две, три играчи веројатно би биле во позицијата на Ѕвезда. Беше и Синиша Михајловиќ во план, ама најблиску во тоа време беше Дарко Панчев. Со македонскиот напаѓач направивме аранжман, бараше да му дадеме банкарски гаранции. Тогаш се вмеша Ѕвезда….“.

Па да се потсетиме како изгледаше првенството на шампионатот на Југославија во сезоната 1985/86…

Беше сабота, 14 јуни. Партизан и Ѕвезда имаа ист број на бодови, но црно-белите беа први на табелата заради подобра гол разлика. Очите на 20 милиони Југословени беа завртени кон стадионот Кошево каде Сараево ја дочекува Црвена Ѕвезда, односно кон Хумска каде Партизан го дочекува Железничар. Со денови пред таа одлучувачка сабота во фудбалските кругови ширум земјата отворено се говори за она шго ќе се случи. Се мирисало на бесрамна режија. Во хотелот Европа судиите вечераат со управите на двата клуба и со новинарите., ножта спроти мечот.

РАДМИЛО МИХАЈЛОВИЌ Како играч на Жељо признава дека натпреварот со Партизан бил наместен

– На кого типувате дека ќе биде шампион, директно го прашал главниот судија Гоце Попев известувачот на Темпо Стефан Зец, откако на телевизија го одгледале мундијалскиот меч Данска – Германија од Мексико.

–  Тоа е барем лесно да се погоди. Шампион ќе биде оној кој пдооцна ќе го започне мечот. Доволно е да се задоцни 10-15 минути -категоричен е Попев.

– Што се однесува до мене, ќе видите утре, мојот меч ќе започне и ќе се заврши во минут точно – рекол судијата.

Утринските весници се преплавени со изјави на тренерот на Сараево Бошко Антиќ, кој поторувал дека неговиот клуб е во мигот актуелен шампион, иако се зборува во градот дека Ѕвезда ќе им ја наполни мрежата. Исто се говори за Жељо, дека во Белград ќе мине како бос по трње. А една година пред тоа Железничар стинал до полуфинале на Купот на УЕФА, со екипата во која се Баждаревиќ, Шаќирбеговиќ, Самараџија, Чапљиќ,Радмило Михајловиќ…  „Та не сме ниту ние, ниту Жељо боксерски вреќа за удирање. Не сме ни филијали на Ѕвезда и Партизан! Со победа ќе покажеме дека сите приказни за местење се обична лага…“ – велел Антиќ.

ХОТЕЛ ЕВРОПА Сараевскиот хотел наблдуван од спортските новинари

И тогаш на ред дошле 90-те минути на одлука.

И Патизан и Ѕвезда имале кец во ракавот со тоа што намерата на Ѕвезда не успеала. Судијата Попев, како што ветил натпреварот го почнал на време. Иако трик постоел. Имено, голманот на белграѓаните Живан Луковчан требал во идната сезона да замине во Фенербакче и му била готвена свеченост. Но, Попев тоа не го дозволил. Тој знаел за јадецот дека врачувањето на подароци и цвеќе ќе го отегне почетокот на натпреварот. И истиот започнал точно во 17 часот.

Во Белград пак друга приказна. Од црно-белите се простувале Живковиќ (оди во Бенфика) и Варга (Лиеж), но за разлика од Попев судијата Шинаси ја голтнал јадицата. Потоа морал да ги брка фоторепортеритњ од теренот самиот, па се потраело едно 15 минути.

(продолжува)

 

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet