Крајот на првенството го извалкаа фудбалерите на седум мечеви. Се местеше се – од пласман во европските купови, опстанок во лигата па дури и тоа кој ќе биде прв стрелец!
ПРЕДРАГ ДУЧИЌ
Мечот на Хумска се уште не започна а Ѕвезда веќе водеше со 2:0 со головите на Милко Ѓуровски. Кога Милан Јанковиќ погодил за 0:3 на Кошево, во Белград се играла 17-18 минута и немало голови. Потоа Партизан повел со 1:0 со голот на Живковиќ во 26 минута, во период кога црено-белите биле во соблекувалната. Биле потребни нови голови за партизан и тие дошле во 40 и 42 минута, со головите на Варга и Смаиќ. Веќе немаше навиваќ во тогашна Југославија кој не се посомнева или свати за што се работи.
Напаѓачот на Желеничар Радмило Михајловиќ, изнервиран од индолетноста на своите соиграчи, постигнал гол. Но судијата Шинаси го поништил – „Што ти е човече? Каков офсајд“ – го раскаќжувал тој момент во печатот фудбалерот Михајловиќ. Потоа то дијалог влезе во сријалот „Фудбал, ногомет и уште по нешто“. „П зарем ти не знаеш? Бегај ќе те истрам“ – велел Шинаси. „Бев револтиран и на полувреме во соблекувалната го фрлив дресот. Не сакав потоа да играм“, се присетува потоа Михајловиќ.
Црвена ѕвезда последниот гол, за 4:0 го постинала во 49 минута. Стрелец, кој друг – Милко Ѓуровски. И тогаш црно-белите покачиле на 4:0 со голот на Милинко Пантиќ. Имаше уште 15 минути ама резултатот не се промени. Немаше потреба. Шампионското славење во Хумска можеше да почне.
Во Сараево тегобна слика. Домаќините посрамени, гостите изиграни – или поточно надиграни вон теренот од посотјаниот ривал. Новинарите залудно ги остреа перата. Бошко Антиќ никој со часови не можеше да го пронајде. А требаше да дговори на некои прашања. Како бранителот на титулата, кој дома нема нит еден проаз да погине „без истрелан куршум“, без создадена шанса, без сериозна акција на половината на Ѕвезда? Како тоа Живан Луковчан да остане неоценет во едно од најголемите дербија таа сезона? За што тоа Антиќ разговараше со новинарите неколку денови пред тоа?
Околу еден час после мечот фудбалерите на Ѕвезда ја завршуваат експедицијата во автобус за аеродромот Бутмир. Гробниот мир го пркеинува Жаре Ѓуровиќ: „Првенството е изгубено во Никшиќ! Имвме резултат, игра, титула… Самите сме виновни“. Накусо расправата меѓу играчите ја прекинува Бора Костиќ. Милко последен влеува во автобусот како преепана мачка и одново ја отвора расправата со констатација дека тој секако ќе игра во Лигата на шампионите. Имено, се овореше дека веќе потпишал за Партизан, ама оа се крие. Се покажа дека прикзната е точна ама тој чесно се прости од Ѕвезда.
– Се сомневам – му одговорил бекот Радовановиќ. – Ти имаше уште три суспензии од УЕФА а Партизан ќе излезе во првото коло. Милко во разговор за Темпо открива пооа дека би л разочаран од својот пријател – фудбалерот Баждаревиќ. Тој не заминал за Белград, рекол дека го чека одење во војска и сакал за последен пат да се искапе во Дубровник. Ама не отишол на море, бил виден во Сараево.:
Баждаревиќ беше фудбалер на годината во Југославија и секако најдобар и во Жељо.
Но петно врз првенсвото не фрлија само клубовите Ѕвезда, Партизан, Сарево и Желеничар. Уше најмалку 10 клубови имаа матни мечеви. Динамо на Ќиро Блажевиќ ја понизи прежалената Војводина во Нови Сад со 7:1. Зошто беше потребна толкава разлика? На загрепчаните им требаше за пласман во Купот на УЕФА. Ама Челик и Риека одиграа пријателски 1:1 и обата клуба беа задоволни. Заничаните си обезбедија опстанок а риечаните влегоа во споменатиот Куп. Сините не можеа ниту против Хајдук, кој го победи винковечки Динамо со 5:3. Е сега зошто на винковчаните им требаа тие три гола? Па на стрелецот Чоп му требаа за да го мине Милош Бурсаќ од Сутјеска во борбата за најдобар стрелец и во тоа успеа – си замина како таков во Емполи. Имаше скор од 22 голови а ривалот остана на 20.
И во црногорското дерби меѓу Будуќност и Сутјеска беше таман како што одговара и на едните и на другите. Требаше повисока гол разлика во однос на можните ривали. Најголемо беше изненадувањето во Мостар. Освојувачот на Купот на маршал Тито и третопласираната екипа во првенството – Вележ изгуби од ОФК Белград 2:3,
Таа недела само два мечеви беа чесни – оној меѓу Осиек и Слобода и меѓу Приштина и Вардар. Ним ништо не им требаше.
(продолжува)