Првиот човек на југословенската Фудбалска федерација бше истеран од фудбалот. Беше тоа бомба – беше уапсен во Виена со златни дукати кои наводно непријавено сакал да ги пренесе во странство! Човекот на кого целиот искрен свет на Југославија најпрво му ја стегна раката и го поддржа во намерата да ја протера мафијата од фудбалот, беше целосно отфрлен од политичкиот и општествениот живот воопшто
И додека се славеше 10-та титула на шампион на Југославија на Стадионот на ЈНА, Славко Шајбер се подготвуваше да донесе радикална одлука. Конечно, шест дена подоцна (20-ти јуни), ФСЈ објави: „Сите сомнителни натпревари од последното коло ќе се повторат, а клубови за кои постојат индикации дека се занимавале со несоодветни акции ќе го започне следниот циклус со минус шест поени”. Сите освен Партизан и Динамо Загреб ја прифатија командата на Шајбер.
Жарко Зечевиќ, генералот Здравко Лончар и агентот на СДБ, Спиро Синовчиќ, ја претставуваа црно-белата екипа во фудбалска федерација. Лоњар и Синовчиќ се најгласните противници, демонстративно напуштајчи го состанокот најавија поведување на судски спор и кривична пријава против првиот човек на ФСЈ, велејќи дека „не можат да влечат такви чекори и да ја вознемират јавноста за време на одржување на партиски конгрес”.
Шајбер не се исплаши. Тој остана на својата одлука и им се закануваше на Динамо и на Партизан со тоа што ќе ги исфрли од лигата ако не сакаат да ги повторат своите натпревари. Загрепчаните наскоро се повинуваа на одлуката ама менаџментот на Партизан остана доследен: „Ако повторно играме, тоа би значело дека ќе го признаеме учеството во лажирањето”.
Ѕвезда во повторениот меч беше поразена во Сараево 1: 2. Фудбалерите на Железничар истрчаа на теренот во Хумска, но црно-белите ги немаше. На тој ден за прв пат од просторот на публиката на стадионот на ЈНА, се слушна скандирањето: „Не ја даваме титулата, не ја даваме титулата”! Фудбалската федерација на Југославија го забележа натпреварот во Белград со резултат од 3: 0 во корист на гостите, па затоа титулата отиде во Маракана заади подобра гол разлика, овој пат еден гол во корист на клубот од Љутица Богдан. И повторно, привремено.
Се покажа дека заканите од водачите на Партизан не беа само протоколи. Клубот од Хумска, сепак, не беше отстранет од лигата, како што беше најавено, и ја започна следната сезона со минус шест поени. Додека се одржуваше шампионатот, судскиот спор траеше. Шампионот за 1987 година стана скопски Вардар (Панчев, Најдоски, Канатларовски, Горачинов, Чеда Јаневски …) со поен повеќе од Партизан. Како и претходната сезона Црвена Ѕвезда, македонскиот клуб доби шанса да игра во Купот на Шампионите, што особено ќе ги повреди навивачите на Партизан кога ќе ја слушнат одлуката на Судот:
„Нема доказ за местење на натпреварите, сите одлуки на Фудбалската федерација на Југославија се поништени”.
Ова значеше дека одлуката за одземање на бодови беше укината, така што црно-белите станаа официјални шампиони за двете оспорени сезони. Партизан си ја врати 10,- та титула а со одлуката ја доби и 11-та. титула.
Партизан беше елиминиран во првото коло од настапот во Лигата на шампионите од Борусија од Менхенгладбах. Потоа беше избламиран највеќе во историјата на клубот откако изгуби од албанскиот клуб Фљамуртари, исто така, во првиот круг од најголемите европски натпреварувања. Вардар не беше прославен со своето учество во елитата, беше поразен од Порто со вкупен скор 0: 6. Само Ѕвезда отиде најфалеку во куповите – стигна до четврт-финалето на Купот на шампионите со Реал Мадрид.
Првиот човек на југословенската Фудбалска федерација бше истеран од фудбалот. Беше тоа бомба – беше уапсен во Виена со златни дукати кои наводно непријавено сакал да ги пренесе во странство! Човекот на кого целиот искрен свет на Југославија најпрво му ја стегна раката и го поддржа во намерата да ја протера мафијата од фудбалот, беше целосно отфрлен од политичкиот и општествениот живот воопшто. Некои фудбалски моќници ја раскажа приказната за подметнување со златниците како одмазда за она што тој се обидел да го стори, но Шајбер повеќе не се врати. Хрватите подоцна на Шајберовата работа гледаа како на остерувањето на правдата и одговорот на српската доминација во ФСЈ. На директното прашање на хрватските колеги до Шајбер, дали тој имал чувство дека ќе ја претставувал „хрватската работа” во Белград, тој рече:
– Воопшто не. Пред неколку години ме посети Дарко Тирони, тогашниот главен и одговорен уредник на Спортске новости и побарав интервју со образложение дека казнувајќи ја Звезда и Партизан беа прв Хрват што им удрив шлаканица на Србите на јавната сцена. Го прашав: „Што е со Динамо и Риека, што исто такаги казнив?. Не казнував Срби, туку крадци, а меѓу нив има и Хрвати. Сваќам, Белград е центар на моќта и Србите на многу начини беа привилегирани. Затоа се согласив да ја преземам улогата на претседателот на ФСЈ. Сакав да ја скршам оваа хегемонија и да воведам малку ред. Но, тоа немаше никаква врска со ничија националност. Отсекогаш имав многу добри пријатели кои беа Срби и многу непријатели меѓу лошите Хрвати “.
Славко Шајбер почина по долга болест во 2003 година во Загреб. Тој планирал да напише мемоари, но никогаш не го сторил тоа
Во сенката на невидениот до тогаш фудбалски скандал, во 1986 година останаа незабележани одличните резултати на југословенските спортисти. Ракометарите во Швајцарија станаа шампиони на планетата, Шабачка Металопластика ја одбрани титулата на првак на Европа. Сепак, српскиот главен град претрпе пораз на трката за добивање на Олимпијадата во 2008 година (ја доби Барселона) . Бранко Пешиќ почина, а потоа Мика Антиќ. Љуба Магаш беше убиен во Франкфурт. Србите започнаа масовен егзодус од Косово …
Најдобро од сè, сепак, годината се помни по аферата „Шајбер”. И ние никогаш нема да ја дознаеме целата вистина за неа.
(крај)