Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АФЕРИ: ДАЛИ САЛТИРОВЦИ КАКО ДОНАТОРИ НА ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА ИМАЛЕ ЗАШТИТА ВО ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА?

June 24, 2025 Filed Under: Македонија

Релативното доцната кривична пријава против началникот на штипската полиција Дејан Салтировски го отвори досието на значајна фирма во финансиското поддржување на партијата на Мицкоски. Од ова може рефлексивно да се дојде до прашањето – била ли затоа сокривана патека до разрешницата на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“?

АФЕРА Сознанија што жестоко ја обвинуваат власта за врската со виновниците за пожарот во „Пулс“

Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја. Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква намера да работат во корист на правдата, ниту пак на крај памет им доаѓа да спроведат неселективна правда – беше констатација на еден од последните пресови во седиштето на СДСМ на Бихаќка.

Согласно на јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево.

Фирма чиј сопственик е сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита Салтировска. Таа освен донации преку компанијата, вршела уплата на донации и од свое лично име.

Она што ВМРО-ДПМНЕ – се рече на пресот – треба да го одговори за македонската јавност е дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата  – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“? Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко? Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“?

При тоа, како индикативно за опозиционата партија се отвори и дилемата – дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси?

Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?

Од ова се извлекува и заклучокот дека Македонија нема никаква надеж за неселективна правда, бидејќи, ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс“ ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски треба да објасни, до кога мисли да врши притисок врз обвинителите со надеж дека ќе ја сокрие вистината – беше речено и се додаде – да го потсетиме на една мудрост на неговиот претходник „вистината е како шило, врти, врти и на крајот ќе излезе“.

Ниту збор од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за огромниот скандал. Документи потврдуваат дека„Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип кој Мицкоски четри месеци го штитеше, е донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

По овој прес на главната опозициона партија завладеа молк кој за политичарите од Бихаќка беше – речит. Се чини како ним да им се случи настан за кој немаа одговор или мортаа долго да го осмислуваат? Беше повторен сомнежот дека токму со пари од подземјето се финансирала сега владеачката партија. Дали Мицкоски ќе излезе да го признае она што всушност е јавна тајна? При ова одново беше опоменат Мицкоски да тргне партиските канџи од Обвинителството  и судството.

„Нема да ги заштитиш своите и да ја скриеш вистината, затоа што ја знаеме целата. Истрагата покажува директна врска меѓу трагедијата во ’Пулс’ и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги објавиме сите податоци од прв до последен.

Одговорот дојде од посчената фирма од Делчево. „Ниту фирмата Салтировски консалтинг вршела рекет, ниту водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката ’Пулс’. За наводен рекет за кој СДСМ зборува, тоа е тотална лага“ – вели Анита Салтировска, сопственик и управител на „Салтировски Консалтинг“.

Што се однесува до информациите дека оваа фирма е донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Салтировска вели, дека тука нема ништо за криење, бидејќи тоа биле јавно достапни информации.

Инаку сопругот на Салтировска, Дејан Салтировски, по пожарот во Кочани беше разрешен од позицијата началник на СВР, СДСМ обвинува дека владејачката партија го штитела бидејќи бил донатор. Анета Салтировска повика да се сочека што ќе рече истрагата за евентуалната вина на нејзиниот сопруг. По однос на трансакциите на мојата фирма, со кочански фирми, тоа лесно можам да го докажам, претпоставувам тоа веќе го имаат во Обвинителството, бидејќи за се има трансакции, докази, и тие се достапни, додава Салтировска.

СДСМ и потоа реагираше дека немало да дозволат да се сокрие вистината. Обвинуваат за директна врска меѓу трагедијата во „Пулс“ и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако обидот со соочување на раководителката на делчевската фирма веројатно е оценет како недоволен во сдиштето на ВМРО ДПМНЕ тиен сепак одговорија без да дадат одговор на даденото прашање. Од таму веројатно не биле сигурни во она со кои фактии располага нивниот политички опонент па се фатија за старата мантра – „а пожарот во болницата во Тетово“. Одговор кој се користи скеогаш кога треба да се говори за сопствеата вина во конкретна ситуација.

 

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet