Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АФРОАМЕРИКАНЕЦОТ ОВЕНС СИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ ПРИЗНАНИЈА ГИ ДОБИ ДОЦНА

July 23, 2018 Filed Under: Ревија

Најголемиот парк во Охајо ќе го носи името по олимписката ѕвезда Џеси Овенс. Практично општествените признанија за олимпискиот херој од 1936 година стигнааили доцна во животот или посмртно, како сега

МЕЃУ НАЦИСТИТЕ На победничката скала меѓу луѓето кои го поздравуваат нацистичкиот лидер (1936 година)

Државата купила земјиште од американското „Електростопанство“ за паркот „Џеси Овенс“

Гувернерот на Охајо, Џон Кесич го именуваше најголемиот парк и место за диви животни во државата по големата американска олимписка ѕвезда Џеси Овенс.
Овенс беше светски рекордер во спринт на Државниот универзитет во Охајо и освои четири златни медали на Олимписките игри во 1936-та во Берлин. Почина 1980-та, на возраст од 67 години.
Државата купила земјиште од американското „Електростопанство“ за да го создаде државниот парк „Џеси Овенс“ во источниот дел на Охајо.
Охајо планира да купи 5.260 хектари за паркот. Една од двете ќерки на Овенс, изјави дека тој ќе бил горд доколку знаел дека е достоен за такво признание.

Атлетичарот Овенс живееше 69 години. Роден бил во Окленд, Алабама а живеел бо Кливлеенд, Охајо.Името Џеси му го дал учителот кој не го разбирал добро говорот на ученикот.Тој се викал Џејмс а децата го викале Џеј- Си . Неговиот талент за атлетиката ја забележале учителите во основното и го натерале да тренира. Неговата посветеност кон спортот била пред да започнат часовите, а по нив одел кај еден чвлар за да помага и да заработува за живот.

Кон себе го привлекол вниманието на ржавното првенство во Чикаго во 1933 година. Тогаш го изедначил светскиот рекорд на 100 јарди (91 метар) и победил во скок во далечина. Како стипендист на Охајо стејт јуниверзити тој во 30-тите рушел свески рекорди како од шега, некогаш во растојание од 45 минути од една во друга дисциплина. Еден ден соборил четири светски рекорди.

СТАРТ Овенс стартува на трката на 200 метри во која освои еден од четирите златни медали

Секако, врвот на славата ја достигнал на Олимпијадарта во Берлин во 1936 година кога освоил четири златни медали. На 3 август победува во трката на 100 метри а следниот ден добил злао за скок во далечина. На 4 август победил во трката на 200 метри а како член на штафетата добил златен медал на 9 август. Дури на Олимписките игри во Лос Анѓелес во 1982 година неговите четири медали го освојува една личност – Карл Луис.

Митот за Џеси Овенс посебно нараснал заради отпорот што кон нго го покажал Хитлер. Тој Олимпијадата сакал да ја искористи за да пласира тезата за супериорна нација во рамките на нордиската раса. Германија на Олимпијадата освоила најкмногу медали, но Овенс ги зел трофеите во „германските“ дисциплини. Не само шпто не бил ариевец, туку бил Афроамериканец, што го нервирало нацистичкиот водач. Тој не сакаллично да му чстита на црниот атлетичар туку само еднаш му мавнал од далечина. Публиката посебо била лута што тој го победил во скок во далечина локалниот миленик Луц Лопнг.

КОНКУРЕНТИ Луц Лонг и Џеси Овенс на Олинпијадата во Берлин

Но него го понизил повеќе самиот Рузвелт кој таа година имал избори и не сакал да ги лути гласачите во јужните држави и не го примил сјајниот олимпиец во Белата куќа! Ова посебно го нагласува олимпиецот во својата биографија („Приказна за Џеси Овенс“, објавена во 1970 години)

Една од медалите е продадена на аукција за 1,4 милиони солари. Всушност, и после берлинските игри Овенс не живеел ништо полесно. Осанал во спортот, но не тренирла сериозно. Снимал само реклами. Исто така одел на локални настани и се тркал за кладба, давајќи им на конкурентите прдност од 20, 30 или 40 метри. Конечно станал диск џокеј во еден клуб во Чикаго. Но и следни Олимпијади немало – заради војната игрите во Хлсинки во 1940 година не се одржале, како и оние во 1944 година, кои требале да се одржат во Лондон.

Признанијата од државата, како онаа од почетокот на текстот стигнуваат доцна. Дури во 1976 година претседателот Џералд Форд миу го дал орденот „Presidential Medal of Freedom“, а Џорџ Бушг, посмртно, 1990. године, го одликовао со „Congressional Gold Medal“. Стадионот на Универзитетот во Охајо стејт го носи његовото име као и една улица во Берлин.

Бил голем пушач и умрел од канцер на градите на 67 години, на 31 март 1980 година, во Тусон, Аризона.

ГО УБИ ПУШЕЊЕТО Џеси почина од канцер на белите дробови, како страстен пушач

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet