Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АХМЕТИ: НЕ СМЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ВЛАДАТА, СЕТО ОВА Е ПАЗАРЏИСТВО

January 27, 2026 Filed Under: Македонија

Заинтересирани сме за дискусија за теми важни за државата – рече лидерот на ДУИ за ТВ 21

АХМЕТИ Има незадоволство кај Албанците во земјата, но и дека има незадоволство во регионот, односно кај Бугарија и кај Грција

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во моментов не се заинтересирани да станат дел од Владата, туку да се дискутира за теми кои се важни за државата. Кажа дека има незадоволство кај Албанците во земјата, но и дека има незадоволство во регионот, односно кај Бугарија и кај Грција.

„Ние не сме заинтересирани да станеме дел од Владата, бидејки… како да кажам, овие работи станаа многу пазар. Ние сме заинтересирани за теми. Теми кои директно влијаат во зачувување на стабилноста на државата, во зачувување на добрите меѓуетнички односи, за теми кои директно влијаат во поправење на односите со соседните држави. Ова се многу важни теми, теми од кои добиваат сите граѓани, но добива и регионот. Треба активно да придонесуваме за овие теми. За внатрешна стабилност и стабилноста во регионот, бидејќи како се движат сега работите, сигналите не се добри. Има незадоволство и внатрешно, особено кај Албанците тука во земјава, но нема некое задоволство ниту во регионот. Бугарија има свои незадоволства. Грција има свои незадоволства. Овие незадоволства можат директно да влијаат и внатре во земјава, било тоа во политичките прашања или на економски план. Така што ние сме заинтересирани за овие теми да се дискутира. За овие теми да се најдат решенија. За да не бидеме заложници на нерешени прашања со кои ние се соочуваме.“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното издание на Клик Плус изјави дека уште пред околу една година имал средба со премиерот Христијан Мицкоски на која било договорено заедно со локалните да има и парламентарни избори. Сепак, како што вели Ахмети, Мицкоски го сменил ставот. Тоа било договорено на првата средба, а потоа на втората како што изјави Ахмети, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле презентирани две опции, кои тој не ги прифатил. Овие средби биле одржани пред сегашнава влада да наполни 100 дена владеење.

ТВ21: Кога кажавте дека ќе се сретнете тет-а-тет со Мицкоски, се интерпрерираше дека сакате посебно да се сретнете за да се усогласите за предвремени избори. Дали може да се каже дека е така?

Ахмети: Не, не е така. За парламентарни избори сум разговарал со Христијан Мицкоски многу порано, повеќе од една година, можеби и порано…

ТВ21: Можеби веќе господин Мицкоски сменил став?

Ахмети: Не, тогаш се договоривме, парелелно со локалните избори минатата година, да имаме и парламентарни избори.

ТВ21: И не го одржа зборот?

Ахмети: И сигурно направиле соодветни анализи во ВМРО-ДПМНЕ, и во втората средба презентираше две нови опции, со кои јас не се согласував, и остана ситуацијата вака како што е досега.

ТВ21: Добро, овие разговори биле многу порано, можеби сега Мицкоски сменил став?

Ахмети: Овие разговори беа кога Владата сѐ уште немаше 100 дена.

Ахмети: И сигурно направиле соодветни анализи во ВМРО-ДПМНЕ, и во втората средба презентираше две нови опции, со кои јас не се согласував, и остана ситуацијата вака како што е досега.

ТВ21: Добро, овие разговори биле многу порано, можеби сега Мицкоски сменил став?

Ахмети: Овие разговори беа кога Владата сѐ уште немаше 100 дена.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната лидерска средба истакна дека партијата се залага за една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во однос на предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, Ахмети нагласи дека пред да се донесе одлука потребни се консултации со меѓународната заедница.

„Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународниот фактор и партнери кои се коавтори на текстот за Пржинска влада – ЕУ и САД“, рече Ахмети.

Во врска со измените во Изборниот законик, лидерот на ДУИ потенцира дека партијата ги презентирала своите предлози: „Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5 проценти и со отворени листи. Сега ова прашање останува за понатамошни дискусии.“

Ахмети се осврна и на изборот на Народен правобранител, истакнувајќи дека се потребни дополнителни консултации: „Не се направени потребните консултации, туку дејствијата биле преземени произволно, а консензуалната демократија има свои правила. Она што останува е координаторите на пратеничките групи да бараат решенија и дополнителни консултации за тоа како може да се реши ова прашање.“

За законите за проектот „Сејф сити“, кои бараат Бадентерово мнозинство и се блокирани од страна на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Ахмети посочи дека координаторите на пратеничките групи ќе се сретнат за да изнајдат решение.

Во однос на другите прашања кои тој планирал да ги покрене денеска, било договорено Ахмети дополнително да се сретне со премиерот Мицкоски.

Filed Under: Македонија

БАЛКАНОТ  И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА
СTРАЗБУР: ИЗБОРНИ РЕФОРМИ БЕЗ ДИЈАЛОГ (3)
ТОКСИЧНАТА ПОЛИТИКА: КОЛКУ ЧИНИ ГРЕНЛАНД?

Најново

  • БАЛКАНОТ И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
  • ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
  • СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet