АНДРЕЈ НИКОЛАИДИС
Додека се уште постои идеологијата на „повисоки национални интереси” како неизмиено сеќавање, важно е да се потсетиме колку морално е одвратна политиката на релативизација на кривичните дела.
Постјугословенските држави отидоа толку далеку во ревизија на минатото, во релативизација и величење на воените злосторници, што немаме друг избор освен тоа минато, со сето свое криминалнип наследство – да го повториме.
Сепак, додека се уште постои идеологијата на „повисоки национални интереси” како неизмиено сеќавање, важно е да се потсетиме колку морално е одвратна политиката на релативизација на кривичните дела.
Претходно овој месец во Горна Заостра се одржа „Народно собрание” од каде се испрати проглас за братско помирување меѓу потомците на завојуваните страни во Втората светска војна. Како што се вели во прогласот, потомците на „невините жртви – припадници на Југословенската Кралска армија во татковината,” значи четниците, се собраа во Горна Заостра, „во слободните српските планини”, односно во северниот дел на Црна Гора, за да направат „Собрание кое ќе се обрати до Собранието, Владата и другите државни органи на Црна Гора да ја прифатат раката на мир а Владата на Душко Марковиќ да овозможи изградба на споменик на војводата Павле Ѓуришиќ.
Потписниците на Декларацијата ја потсетуваат јавноста дека не постои европска интеграција без братско помирување. Јасно е дека не може да биде во Европа додека на Ѓуришиќ не му се подигне споменик. На крајот, тие велат дека„”Црна Гора мора да види некои историски факти и аргументи во врска со братоубиствената војна и тие да се третираат еднакво, Кко оние за партизанското, така и за четничкото движење, бидејќи и двете движења беа антифашистички, но како што е направено во некои соседни држави, како што е случај во Србија”.
Ако има некоја вонземска цивилизација чии членови би дошле во посед на декларацијата од Горна Заостра, ова што би го прочитале можеби би имало смисол за нив.. За нас, кои живееме на оваа планета, фактите се едноставни: овие луѓе бараат споменик да биде подигнат на човек кој убил илјадници муслимани. На човекот кој на 13 февруари 1943 година, на Дража Михајловиќ му испраќа извештај во кој зборува за акција што ја спровел на поширокото подрачје на Санџак со „расчистување на теренот” од вооружените „фесароши” и пишува:
„Потоа беше исчистена ослободената територија. Сите муслимански села во трите спомнати области беа целосно изгорени, ниту еден од нивните домови не беше оставен цел. Сите имоти беа уништени, освен добитокот, житото и сеното … За време на операцијата целосно е уништено муслиманското население, без оглед на години и пол … 8.000 жени, постари и деца беа убиени … Еден дел успеа да се повлече преку Дрина”.
Ѓуришиќ се пофалил дека неговата армија ја извршила акцијата „во секој поглед извонредно”. Тој вели дека „моралот на муслиманите е страшен, доминираше епидемијата на стравот од нашите четници”.
Ако ова не е доволно за споменикот, што би било друго?
Затоа, група луѓе, со нагласен морален гнев, во морализаторска интонација, од позицијата на жртват (го предлагам терминот: жртви на „четникофобијата”) бара чест за манијак кој спровел психополитичко-воена програма.
Или ова. Судот во Хрватска, кој го легализира она „за дом спремни“. Парола со која манијаците извршија психопатски проект на НДХ, кој го имапе својот креативен врв во Јасеновац, концентрационен логор за истребување на Србите.
Или парламентарната акција на Додик за измислување на Сребреница, онака како што му одговара и неговиот политички проект, кој во суштина е само социопатски шоу, што се одржа во Собранието што за негова потреба се претвори во социопатски клуб.
Но, што е тоа, кој е тоа – социопат? Еве што, ајде да не одиме подалеку и подлабоко, вели за тоа Википедија.
„Опис на психопатите или социопати:
– агресивен и арогантен кон жртвите, а другите мили и љубезни (кого сакам- сакам, кого не сакам – колам, кон жртви; познта е усташката инфериорност против Италијанците и Германците, а исто така и нивното верување дека тие се подобри од Србите);
– студен и пресметан (без овие особини не е можно да се убијат десетици илјади луѓе и да се криеш од Хашкиот суд со години или да се сокриваш во Јужна Америка);
– тие се добри актери, тие не се предмет на закони и морални норми (треба да му се даде Оскар на Радован Караџиќ за улогата на Драган Давид Дабиќ);
– често тие можат да бидат фатени во некои криминални активности (освен ако што колат, тие исто така и крадат, некои како Радован краделе и пред тоа, некои од нив, како и неговите наследници, по војната, а најчесто за време на војната);
– оние кои ќе ги откријат, веднаш стануваат нивни жртви и ги пренесуваат сите нивни (не) дела кон нивните жртви! (нападот е најдобра одбрана: тие се жртви на нивните жртви);
– не покажуваат емпатија, сожалување и вина;
– тие сакаат да ламентираат, од општите факти да развиваат „длабоко вкоренети” теми, за да бидат во центарот на вниманието; ги крадат туѓите идеи или ги повторуваат истите и да ја прикажат како свои (на пример, идеите на Мољевиќ, Његош, Добрица Ќосиќ или Бечковиќ, или тезата на Хрватите како „бастион на христијанството”);
– тие го сакаат својот глас; тие се најгласни во друштвото; тие се љубезни кон луѓето само кога имаат корист од тоа, во сите други врски тие се арогантни; социопатот е во можност, како истата личност, во еден ден неколку пати целосно да го промени начинот на комуникација, па дури и бојата на гласот;
– со текот на времето е сè потешко да ги контролираат лагите што се натрупуваат (лага е нивниот татко);
луѓето кои ги сметаат за пријатели може бесрамно да ги измамат; седнат на иста маса и стори нешто лошо (“зад грб”), како што се лажење, подкрадување, разоряње на бракот, гадање, итн.
тие често морализираат или се кријат зад некоја хуманитарна или религиозна асоцијација (ех, ние не го набљудувавме).
Најпознати социопати се: Тед Бунди, Ед Џин, Рудолф Хес и Јозеф Менгеле.
Ако не ја препознаете сличноста / идентитетот со локалните социопати / ревизионисти во горенаведеното, постои шанса дека и вие сте еден од нив.