Клиентите и биле главно жени а жртви и биле нивните сопрузи. Хазбуршката монархија не сакала да ги истражува сториите за Банатската вештерка, па дури во време на Кралстото Југославија, во 1929 година започнале прите судења, што предизвикале огромен интерес на светскиот печат
„Многумина дојдоа кај неа за помош. Доаѓаа генерали, доаѓаа министри, кои веруваа во нејзината моќ и веруваа дека може да им покаже на кој пат да одат. Таа всушност развила многу профитабилен бизнис, може да се кажете беше – волшебничка. Таа беше во можност, кога ќе процени дали клиентот е во добра финансиска состојба, се преправала дека не може да ги сослуша тој ден, всушност ја искористувала можноста да им рече да дојдат друг ден, проценувајќи дека нема да заминат, затоа што тогаш патувањето до други градови беше многу тешко, и кога се обидувале да ја убедат дека таа да ги прими сепак тој ден, тогаш ќе им речела: „Подобро да ја поминеш ноќта таму.“ Тоа се однесувало на анексот на нејзината куќа, готилница каде можеле да се сместат такви гости, имала можност да им понуди храна, што секако беше специјално наплатено “, објаснува Шармати.
Во секој случај, Банатската вештерка убила десетици и десетици луѓе – точниот број што никогаш нема да го знаеме – и нејзините злосторства не може да се докажат затоа што семејството, кое учествувало во злосторството, редовно одбивало да дозволи обдукција на трупот и да соработува со полицијата , пишува српски Блиц.
Како и да е, интересно е што, барем што се однесува до труењето, нејзините клиенти биле претежно жени, а убиените претежно биле нивни сопрузи, од кои тие сакале да се ослободат од една или друга причина.
Сепак, се чини дека бабата Анујка не секогаш убиваше по нарачка – барем понекогаш тоа го правеше од чиста злоба. Според „Телеграф“, според сведочењата на мештаните од тоа време, таа обично седела во нејзината соба, во црн фустан и со црна марама на главата, типична за вдовици во селата. Понекогаш излегуваше пред куќата и ги поздравуваше минувачите.
Една вечер, двајца тазе земени млади, Марија и Тито Вакареску се враќале од забава. За нивна несреќа, поминале покрај нејзината куќа. Старицата седела на скалите на куќата. Било лето, надвор било многу топло и таа им понуди да се освежат со нејзината лимонада.
После седум дена, двајцата починле, раскажува најстариот жител на Владимировац, Георги Весеј (82), раскажа за една од најпознатите трагедии на ова село. Имале само по 18 години. Нивниот гроб се наоѓа на самиот влез на селските гробишта, како потсетник за оваа трагедија.
Анујкината крвава „кариера“, наводно, траела 40, па дури и 50 години, и со текот на времето, почнале да кружат грозоморни гласини за неа и стотиците убиства што ги извршила. Сепак, австро-унгарските власти ги игнорирале тие приказни, сè додека таа не беше уапсена за прв пат во 1914 година. Сепак, на судењето во градот Бела Црква, таа била ослободена, според австрискиот весник Тагблат и српска Политика од 1929 година.
Баба Анујка успешно ја избегнувалка правдата уште 14 години, за време кога завршила Првата светска војна, австро-унгарската монархија се распаднала и беше заменета со Кралството Југославија. Ова избегнување на правдата траело додека по едно труење во 1928 година не тргнало наопаку.
Имено, дозата на отров наменета за богатиот вдовец Гаја Прокин од Инџија не беше доволно силна, така што несреќниот човек успеа да оди на лекар пред да умре, неколку дена подоцна. Пијалокот во овој случај, имено, не го подготвила баба Анујка, туку нејзината асистентка Љубинка Миланков. Овој пат била извршена обдукција и, се разбира, се открила дека Прокин е отруен. Миланков ја призна својата улогата и улогата на нејзината шефица, по што клопчето започна да се расплетува.
Откриени се и други труења, како што се оние на Никола Момиров и Лазар Лудошки, за кои таа беше судена затоа што беше директно вклучена во нив, за разлика од убиството на Прокин.
Софија Момиров, убава млада жена, наводно го труела нејзиниот сопруг Никола за да може да биде со нејзиниот љубовник. Таа признала за своето дело, но дури кога го нашле отровот.
„Отидов кај бабата“во Владимировац затоа што слушнав дека може да мидаде напиток. И се пожалив на неа и таа плачеше со мене, а потоа ми даде отров … “, наводно сведочела оваа млада вдовица, на која баба Анујка, наводно, во судот скокнала и викала:„ Лажеш, змија, змија, кучка!“ Судските службеници едвај ја замолкнале лутата старица.
Иако таа ги негираше своите злосторства и се преправаше дека не ги слуша засрамувачки прашања додека сведочеше, на крајот Баба Анујка беше осудена на 15 години, додека нејзините соучесници Стана и Софија Момиров беа осудени на доживотен затвор.
„Таа почина на сто години од сенилна деменција. Дали таа сторила нешто кога се вратила од затвор или не, не е познато. Постојат многу непроверени приказни. Според некои, таа сè уште го практикувала занаетот, дека муштериите сè уште доаѓале кај неа „Јас лично се сомневам во тоа. Иако со своите отрови убила барем 150 души, таа е една од највлијателните жени на сите времиња “, заклучува Шармати.
Но, едно е сигурно – случајот со Банатската вештерка беше светска вест кога беше осудена во 1929 година, за што сведочат и тогашните написи на весниците од Австрија (Кронен Цајтунг, Тагблат), Австралија (Воркер, Адвајзер) и САД (Балтимор Сан, Њујорк Хералд Трибјун), со наслови како: „Обвинети за 50 убиства, една жена (93) доби 15 години -„ Баната вештерка“им даде отров на жените кои беа малтретирани од своите сопрузи“. Затоа, уште понеобично е што приказната за Банатската вештерка е толку малку позната денес.
Има многу непознати за тоа како го завршила животот. Иако е осудена на 15 години затвор, по некои верзии аа била во затвор само осум години, заради големата старост и умрела две години подоцна, на 100години. По друга верзија, за која пишува спрскиот „Ало“ неа ја пуштиле во затвор германските војници во 1941 година, по што живеела уште 4 години и умрела во 1944 година.
(крај)