Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БАЛАБАНОВ ЈА ОТВОРИ НАШАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА КОН СВЕТОТ

February 10, 2026 Filed Under: Ревија

На 96 години почина доаенот на историјата на уметноста и археологијата во земјава, но и значаен мост кон многу нaдворешни донатори, особено од Јапонија

ДОНЕСЕ МНОГУ ДОНАЦИИ ВО ЗЕМЈАВА Балабанов со јапонската амбасадорка Коцуко Кавахара

Почина Коста Балабанов, доајен на македонската историја на уметноста и археологија, автор на повеќе од 200 стручни и научни трудови посветени главно на средновековната уметност, филмски и телевизиски сценарист. Долги години беше почесен конзул на Јапонија во Република Македодонија. Имаше 96 години

Роден е на 5 април 1929 го Штип. Од 1953 работеше во Централниот завод за заштита на споменици од културата, во својство на историчар на уметноста-конзерватор. Во 1955 дипломира историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Како стручњак за средновековната уметност, во 1955 ја објавува својата прва посебна книга посветена на истражувањата на Топличкиот манастир, Демир Хисар.

Со филм почнува да се занимава како автор на сценарија и на текстови за документарни филмови од областа на археологијата и средновековната уметност на територијата на Македонија. Соработувал со „Вардар филм“ и ТВ Скопје (МРТВ) и според неговите текстуални подлоги, реализирани се 32 документарни филма (или епизоди), често синхронизирани на странски јазици.

Од 1981 работеше во Републичкиот завод за заштита на спомениците, а во 1994 беше именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје.

На 5 април 1989 година се пензионира. За своите активности има добиено бројни награди и признанија меѓу кои се и: 1975 година Медал и Диплома за извонреден придонес во заштита на културното наследство, на Сојузот на здруженијата на конзерватори на Југославија; 1986, Претседателството на Заводите за заштита на спомениците на културата на Полска, во Варшава, му доделува медал Памјаткови, во знак на признание за успешна соработка; 1995 година, Министерството за надворешни работи на Јапонија го прогласува за истакната личност која придонесува за соработката на Јапонија со странство; Во 2001 година во Токио, Министерот за надвореш ни работи на Јапонија му доделува Сребрен пехар со Златен амблем на Министерството за посебни заслуги околу продлабочувањето на пријателството и соработката помеѓу Јапонија и Република Македонија. Истата година, на конкурсот на Јапонската Државна Фондација, на кој биле пријавени 167 кандидати од целиот свет, Балабанов ја добива како прв од двајцата добитници на Специјалната награда на Фондацијата за 2001 година.

ТОПЛИЧКИОТ МАНАСТИР Првата книга на овој доаен-историчар на уметноста ја посвети на овој саккрален објект од демирхисарско

Мора да се истакне дека Балабанов, благодарејќи на своите релации со Јапонија донесе во земјава низа донации од кои некои мораше да се вратат назад по приватизацијата на примарниото здравство, бидејќи земјата –дарител сметаше дека медицинските скапи апаратури ги сдава на државата, односно јавното здравство но не и на поединци – матични доктори.

Презимето Балабанов инаку има азербејџански корен – балабан е дувачки инструмент. Инаку семејството на овој наш високо ценет интелектуалец доаѓа од ерменските корени. Инаку поединци од ова семејство, со истакнати академиски титули својата кариера ја граделе во соседна Бугарија.

Семејната куќа на Балабанови во Штип ја има присвоено брегалничката епархија на МПЦ а Коста Балабанов не успеа во обидите да ја поврати! Последните ецении живееше во Скопје, каде и почина.

Filed Under: Ревија

ЈАН БЖЕЖИНСКИ: АКО РУСИЈА ЈА ПОБЕДИ УКРАИНА, НЕКА СЕ ПОДГОТВИ ЗАПАДЕН БАЛКАН
РИСТОСКА: ОЧЕКУВАМ ДА БИДАМ ИЗБРАНА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
EЛИС ДАГНИС: ТРАМП ИМА ПОДДРШКА НА 32 ОТСТО ОД ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО А ТОА НЕ Е МНОЗИНСТВО
БАЛАБАНОВ ЈА ОТВОРИ НАШАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА КОН СВЕТОТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (165): РУСКИ ГЕНЕРАЛИ ГИНАТ НА ФРОНТОТ АМА МНОГУ ПОВЕЌЕ ПРЕД ДОМАШНИТЕ ПОРТИ

Најново

  • ЈАН БЖЕЖИНСКИ: АКО РУСИЈА ЈА ПОБЕДИ УКРАИНА, НЕКА СЕ ПОДГОТВИ ЗАПАДЕН БАЛКАН
  • РИСТОСКА: ОЧЕКУВАМ ДА БИДАМ ИЗБРАНА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
  • EЛИС ДАГНИС: ТРАМП ИМА ПОДДРШКА НА 32 ОТСТО ОД ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО А ТОА НЕ Е МНОЗИНСТВО

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet