Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БАЛКАНОТ ВО 2019 ГОДИНА

January 1, 2019 Filed Under: Македонија

Најголем успех во 2018 година беше договорот меѓу Македонија и Грција. Иако сé уште не е гарантирано дека договорот ќе ги надмине последните пречки во двете земји, сегашниот успех се чини поверојатен од неуспех. Овој договор станува најзначајниот чекор со добра волја за решавање на еден од клучните регионални спорови со текот на времето. Сепак, останува сосема нејасно дали ЕУ ќе ја награди Македонија. Членството во НАТО се чини веројатно, не подоцна од 2020 година

ФЛОРИЈАН БИБЕР

АНТИДЕМОКРАТИ И Орбан и Груевски се антидемократи – да змислиме сега некој комесар во ЕУ да дојде од Унгарија!

Оваа 2018 година беше година на големи очекувања. Откако претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер вети можно членство во Европската унија на Србија и Црна Гора во 2025 година, а неговата Комисија подготви нова стратегија, изгледаше дека годините на запоставување на Западен Балкан од страна на ЕУ минаа. Бугарското претседателство со ЕУ го врати проширувањето на агендата и направи значително поместување во односите меѓу Македонија и Грција, што доведе до Преспански договор во јуни 2018 година.

Олеснувањето се случи во втората половина на годината. Патот кон ратификација на Преспанскиот договор стана трнлив и не може да се опише како завршен. Надежта за постигнување на сеопфатен договор меѓу Србија и Косово останува слаба. Во рамките на проширувањето на ЕУ повторно се најде на листата на приоритети, и што е најважно, Франција и Холандија во јуни сигнализираа дека не сакаат да продолжат понатаму во проширувањето, и покрај грчко-македонскиот договор. Што може да очекуваме за Балканот во 2019 година?

ЕУ ЕВАЛУАЦИЈА И ИНТЕРВЕНЦИЈА: Накратко, следната година ќе стане јасно дека промените во регионот мора да доаѓаат одвнатре. Регионалната опсесија со „позитивни сигнали” од ЕУ нема да биде корисна. Напролет сегашната Комисија ќе биде само набљудувач кој ќе го чека исходот од изборите во Европскиот парламент и новата комисија, и затоа не може да се очекуваат нови проекти или иницијативи. Како резултат на тоа, останува многу малку простор за дијалогот меѓу Косово и Србија, бидејќи договорот треба да се постигне до пролет. Нешто што сега е тешко да се замисли, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовската влада ставаат повеќе акцент на ескалацијата место на соработката. Имено, и двајцата веруваат дека можат да постигнат подобар исход со новата комисија и наследникот на Федерика Могерини.

Меѓутоа, во Косово во моментов никој од официјалните лица нема поддршка за спроведување на договор. Хашим Тачи се чини дека има уште послаба позиција од пред една година, така што е малку веројатно да се обезбеди поддршка за договор со Србија. На српската страна, Вучиќ се чини дека повеќе е заинтересиран за преговори со ескалација отколку што посакува договор. Впрочем, брз исход не му е интересен. Купува време, за да може да го убеди новиот состав на Комисијата за одделување на преговорите со Косово од влезот во ЕУ, особено ако тоа не може да биде одговорна за неможноста од договор, каде што секое брзо решение би го свртело вниманието од слабеењето на демократијата и владеењето на правото во Србија. Затоа, со ескалација на судирите, се слабее можноста од интервенција на ЕУ и тоа е доста изгледно во  2019 година.

БИБЕР Од ЕУ нема да дојде поттик за демократизација за Западниот Балкан во 2019

ОРБАНОВАТА СЕНКА: Најголем успех во 2018 година беше договорот меѓу Македонија и Грција. Иако сé уште не е гарантирано дека договорот ќе ги надмине последните пречки во двете земји, сегашниот успех се чини поверојатен од неуспех. Овој договор станува најзначајниот чекор со добра волја за решавање на еден од клучните регионални спорови со текот на времето. Сепак, останува сосема нејасно дали ЕУ ќе ја награди Македонија. Членството во НАТО се чини веројатно, не подоцна од 2020 година, а уште поважна цел – започнување на европската интеграција – е помалку сигурна. Скептицизмот на некои земји-членки на ЕУ во врска со проширувањето може да биде клучен во процесот на проширување и започнување на разговорите за пристап со Македонија и Албанија следната година. Овој ризик го нагласува фактот дека пристапот во ЕУ не се базира само на напредокот во односите меѓу земјите, туку и врз подготвеноста на членките на ЕУ да го продолжат процесот на пристапување.

Иако популизмите и националистите ќе бидат посилни во следниот состав на Европскиот парламент кој ќе биде избран во мај, промените најверојатно ќе бидат помалку драматични во споредба со промените во европската политичка сцена во последниве години. Некои од екстремно десничарските партии се спротивставуваат на проширувањето, па така новиот парламент ќе биде порезервиран во однос на проширувањето и ЕУ воопшто. Ова, исто така, ќе се одрази и во Комисијата, иако ова најверојатно ќе биде одраз на големите центристички европски партии, социјалистите, Народната партија и центристичките либерали.

ТЕШКО Малку е веројатно дека во мај 2019 година во Сибиу ќе се појават лидерите од Западен Балкан!

Лесно може да се претпостави дека новата комисија нема да има ниту комесар за проширување. Со оглед на постојаниот пад на важноста на портфолиото за експанзија во текот на изминатите 15 години, ова нема да биде изненадување, и, пред се, тоа би било лош сигнал. Сепак, оваа можност треба да се гледа со ладни глави. Тоа е одраз на нискиот степен на приоритет за проширување како тема, но тоа нема да ја промени постоечката реалност во ЕУ. Полошо е што комесарот беше од „погрешна” земја. Ако, на пример, следниот комесар задолжен за проширувањето биде од Унгарија, тој или таа може да предизвика поголема штета на проширувањето во споредба со ситуацијата што нема да постои комесар задолжен за проширувањето. Повеќето од оние кои се скептични за проширувањето веќе се загрижени дека проширувањето ќе воведе повеќе „орбани” во ЕУ (или земји како Романија и Бугарија). Затоа, комесар од таква земја само ќе ја зголеми оваа загриженост.

ОБЕСМИСЛУВАЊЕ НА БЕРЛИНКИОТ ПРОЦЕС: Во последниве години, ЕУ и нејзините земји-членки направија некои добри работи, но, исто така, и му нанесоа штета на регионот. Само погледнете кон силната поддршка на регионални моќници и саботирање на владеењето на правото, вклучително во Унгарија, која му понуди азил на Никола Груевски, осудениот поранешниот премиер на Македонија. Еден од најголемите предизвици за односите на ЕУ со држави кои отворено го кршат владеењето на правото, вклучително и Унгарија и Полска, но исто така и во други држави како Италија. Засега нема алатки ама е искрена  политичка волја за соочување со овој предизвик. Наместо тоа, оние што ги прекршуваат правилата во ЕУ фрлаат сенка, директно или индиректно, на Балканот. Еден пример е следниот самит на Берлинскиот процес закажан во Познањ. Одлуката да се одржи следниот самит во Полска е речиси толку катастрофална одлука колку и онаа да се одржи овогодинешниот самит во Лондон. Ако некој намерно сака да се обесмислени Берлинскиот процес, не постои подобро место (освен, можеби, Будимпешта). Порака од британските и полските средби и во двата случаи е „прави како што ти велиме, ама не се угледувај на нас”. За време на романското претседателство со ЕУ, некои намери се направени за вклучување на Западен Балкан на самитот во романскиот град Сибиу во мај, но тоа се чини дека се повеќе се доведува во прашање.

САМИТ Ноемврискиот самит во Познањ семодржа во погрен град, во погрешна земја

Накратко, промените и напорите за позитивна трансформација најверојатно нема да дојдат од ЕУ во 2019 година. Ова може да претставува повик за будење: слабеење на демократијата и во ЕУ одеше рака под рака во последниве години со регионот на Западен Балкан, па јасно е дека приближувањето кон ЕУ веќе не е начин за зајакнување на демократијата – европеизација и демократизацијата повеќе не се синхронизиран процес. Ова не значи дека општествата треба да се откажат од нивната интеграција во ЕУ, како што сугерираат некои националистички партии во регионот. Наместо тоа, трансформацијата кон плуралистички, демократски општества мора да дојде одвнатре.

 

 

Filed Under: Македонија

БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ
СОРЕНТИНО И СТРУГАР МИТЕВСКА ЈА ОТВОРААТ ФИЛМСКАТА СМОТРА ВО ВЕНЕЦИЈА: БУНТОВНИОТ ПАНК-РОК ДУХ И ЖЕНСКИОТ СВЕТОГЛЕД НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ФИЛМОТ „МАЈКА“
ПРЕДИЗБОРНИ „ПОТЕМКИНОВИ СЕЛА“ НА ВЛАСТА ИЛИ ВИСТИНСКА НАМЕРА ДА СЕ ПРАВАТ ШТЕТИ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
  • МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
  • АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet