На конференцијата “Западен Балкан на новата геополитичка крстопат: Помеѓу внатрешни проблеми и европска интеграција, беше подвлечено дека државите од Полуостровот не се проблем туку се дел од решавање на проблемот
АЛЕКСАНДРА НЕНАДОВИЌ
Регионалниот директор на Фондацијата Ханс Зајдел за Југоисточна Европа – Клаус Физингер рече дека кога станува збор за земјите од Западен Балкан, Србија и Црна Гора се гледа како на лидери на земјата во процесот на интеграција и дека позитивно е тоа што во 2025 година се споменуваат како можни кандидати за приклучување.
„Членките на ЕУ имаат можност самите да одлучат дали тие се подготвени да се дел ид проширувањето а особено треба да се пофали улогата на Бугарија, која овозможи размена на мислења меѓу земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ на самитот во Софија”, вели Физингер.
Во Белград на завршената меѓународна конференција „Западен Балкан на новата геополитичка крстопат: помеѓу внатрешните проблеми и европската интеграција”, во организација на Центарот за надворешни работи, со поддршка на Фондацијата Ханс Зајдел во Србија.
Балкан и Европската унија се на крстопат, па затоа треба да го изберат вистинскиот пат кон ЕУ и затоа земјите од Западен Balan им треба подобра и појасна операција, објави претседателот на Центарот за надворешни работи Александра Јоксимовиќ. Таа рече дека од нејзиното основање, ЕУ е во процес на реформи, кои ги подобрија односите меѓу земјите-членки, додека во исто време се одвива процесот на проширување.
Се случи, потсети Јоксимовиќ, еден член да ја напушти ЕУ и симболично, ова беше силна порака. Другите кризи – економски, онаа со мигрантите, и зголемување на скепсата на населението кон новите членки претставува отежнувачки фактор за понатамошен развој на единство меѓу земјите-членки. А во таква атмосфера поддршката за проширувањето не е во пораст.
Шефот на преговарачкиот тим за преговори за пристапување на Србија,кон ЕУ – Тања Мишчевиќ рече дека историјата на европската интеграција е историја на постојана криза, која почна од договорот Париз, и тие се појавуваат и денес, но која секогаш завршува со раѓање на нов успех. Таа истакна дека процесот на проширување оди „рака под рака” со процесот на продлабочување и дека тоа е невозможно новите членови да влезат во ЕУ ад ане дадат свој белег на Унијата.
Мишчевиќ рече дека Европа никогаш не се соочи со толку голем број на предизвици, но дека на земјите од Западен Балкан во овој контекст треба да се гледа како на дел од решението, а не како на дел од проблемот.
Проблеми во рамките на ЕУ во врска со големиот број на држави, како на пример бавниот процес на донесување одлуки, нецелосно спроведување на Лисабонскиот договор, се дел од размислувањето за зголемувањето на бројот на членовите на Европската комисија, рече Мишчевиќ.
„Улогата на земјите од Западен Балкан, јас не го гледам како уште еден проблем, и ние не сме безбедносен предизвик, што најдобро се гледа од мигрантската криза, кога помогнаа да ја реши во согласност со ширење на европските вредности”, рече Мишчевиќ.