Ако сега и во овие околности, после толку значајните напори за постигнување на согласност во долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина, нема за нас срдечно добредојде во Западна Европа, тогаш на што треба да се надеваат оние на опашката – Србија, Косово и БиХ?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Веројатно не е мал бројот на скопски интелектуалци кои кон дејствувањето на француските инетерси на Балканот покажувале некаква скепса или неразбирање. Често се чинело дека интересот за случките во нашата, сега, најголема опозициона партија кај Галите се доста видливи во последно време а и многу постапки укажувале, претходно, на „навивање“ против македонските интереси. Уште, да речеме, од нвремето на Саркози. Како и да е Договорот со Грција деновиве е во некаков француски сендвич, стиснат во багет кој е доволно просторен за во него да биде ставен и интересот на целиот Полуостров. Бидејќи аргументите на Париз за евенетуалното одложено отпочнување на преговори со ЕУ, што треба да се случи во вториот дел на неделавата, не само што евентуално ги фрла во вода долговремените напори на Македонија и Грција да постигнат спогодба околу името, туку индиректно ги вскиселува лиоцата и кај сите други асппиранти за влез во Унијката.
Самиот телефонски разговор кој во саботата попладне го водел американскиот државен секретар Помпео со својот француски колега на тема – преиемот на Скопје во евроатланските структури, покажува до каде дошол „учкурот“. Тоа може да се свати пред се како зголемен притисок врз Франција, да не го кочи она што целиот Запад го очекува. При тоа, многу е веројатно дека влезот во НАТО е речиси сигурен, бидејќи, тој е на некој начин „авансиран“ по непримањето во 2008 година на земјава во Алијансата. На Самитот во Букурешт беше отприлика заклучено дека Македонија ги исполнува сите услови за членство, освен да го реши прашањето со името со Грција. Тоа се случи, договорот во Преспа веќе беше прославен, нашиот Парламент го ратификуваше договорот а отпорот на претседателот Иванов може да се смета за решлив. Во секој случај приемот зависи од ратификување на одлуката во парламентите на сите 29 членки на Алијансата, процес кој има свое траење. Се смета дека може да се оддолжи на две години.
Во понеделникот претпладне генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум.
– Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање, ако тоа се случи оптимист сум, повтори Столтенберг. Тој рече дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко Македонија да добие покана за НАТО. Ако ПЈРМ го имеплементира и финализира Договорот со позитивно гласање тогаш НАТО ќе ја покани земјата да стане полноправно членка. Ова е историски Договор кој пружа историска прилика на ПЈРМ да стане членка, и ги повикувам луѓето во земјата да ја зграпчат оваа прилика и да го поддржат Договорот. Ако не се поддржи Договорот не гледам како е можно да се покани земјата. Ова е единствена прилика и треба да се зграпчи, рече Столтенберг.
Ако тука може да се забележи – никој и не го споменува претседателот Иванов. За сите референдумот има поголемо значење од т.н. џебно вето на шефот на државата!
Инаку приемот во ЕУ и онака е доста долг како процедура и веќе е ставен на дневен ред за таму некаде после 7- 8 години, кога и дилемите и растројствата во Унијата би требало да го минат Рубиоконот. Значи во меѓувреме нашите органи и тела во државата би си ги решавале своите домашни задачи а матурирањето е оставено за доста долг период на „школување за европско однесување“.
„Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како рамка за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето“ – вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за EURACTIV.com а го пренесува МИА. Шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да сфатат дека постојат проблеми со двете земји, но проблемите можат поефективно да се решат преку мониторинг и скрининг.
– Им кажав на моите колеги дека можат да бидат колку што сакаат строги. Но, ние мора да не ја блокираме перспективата. Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни, би можеле да бидат ставени во опасност, вели Коѕијас во интервјуто.
Тој нагласи дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат. Сега, го имаме извештајот на Комисијата и предлог да разгледаме отворање на преговори. Сега стигнавме до таа точка и треба да го сториме тоа. Европа мора да си го одржи зборот“ додава Коѕијас.
Викендов зад нас имаше многу недосразбирања околу тоа каде имало отпори и се споменуваа неколку земји – Данска, Белгија, Холандија и Франција, но наводно имало несогласувања и во германската коалициска влада. „Поентата е Франција да се согласи со Германија за да се избегне дестабилизација на Балканот“ – рекол Коѕијас во интервјуто. Реално отпорот е само во Франција, бидејќи претпоследната во таа елимиаторна низа – Холандија, во петоикот претпладне преку своите парламентарци донесе одлука да даде зелено светло за отпочнување на преговори со нас. Таква виза нема за Албанија.
Има многу малку време за корекции кај Французите. Тие можеби од тактички причини се оставени како последен бастион во однос на Западниот Балкан, заради својата големина и моќ, за помалите држави да не се споменуваат толку, иако се чини дека од некоја причина Париз или исполнува некаков долг кон некого, кој не сакиа Западсниот Балкан да тргне напред или се обидува да направи притисок кон внатре, кон другите членки на Унијата, чувајќи ја Македонија и нејзината апликација, како алатка за раскусурување.
Кога се споменува целиот Балкан имаме на ум дека ако сега и во овие околности, после толку значајните напори за постигнување на согласност во долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина, нема срдечно добредојде во Западна Европа, тогаш на што треба да се надеваат оние на опашката – Србија, Косово и БиХ?