Во Хрватска згасна легендарното „Радуио Национал“ а во Црба Гора беа со часови малтретирани дцвајца угледни новинари кои известуваа од нелегалното поставување на споменикот на четничкиот војвода Ѓуришиќ во близина на Беране . Само една – викенд слика- за неволјите на медиумните со балкансата стварност

На почетокот на август рпестана да емитува програма легендарното Радио Национал. Според Хрватсикто новвинсрско друштво (ХНД,) „затнувањето на Радио Национал не е само крај на еден медиумски проект, туку и симптом на ерозијата на медиумските слободи и улогата на медиумите во демократското општество. Се губи не само фреквенцијата во етерот, туку и просторот за критичко новинарство“, истакнуваат тие.
За потсетуваме е дека пред неколку месеци Здружението на дигитални радио новинари на ХНД се обрати до Собранието и надлежното Министерство за култура и медиуми, апелирајќи за започнување јавна кампања што ќе ги информира граѓаните за дигиталниот начин на емитување радио програми, како и за ослободување од плаќање на концесијата за дигитално емитување, сè додека не се постигнат еднакви пазарни услови со радиостаниците што емитуваат на FM. Да додадеме дека апелите на новинарите за помош до Брисел не вродиле со плод. Имало само игнорирање.
Во исто време во Црна Гора полицијата и свештениците го набљудувале малтретирањето на новинарите. Се работи за новинарот на „Вијести“, Балша Рудовиќ, и фоторепортерот Борис Пејовиќ, кои тврдат дека во Горњи Заостро, село во близина на Беране, „лута маса пијани луѓе“ психолошки ги малтретирала и им се заканувала со смрт еден и пол час, додека присутните свештеници го гледале сето тоа и не се одзвале на нивниот повик да им помогнат. Фоторепортерот „Побједа“ Стево Васиљевиќ дури бил физички малтретиран. Тој, заедно со Пејовиќ и Рудовиќ се обиделе да снимат како статуата на четничкиот војвода Павле Ѓуришиќ ја отстрануваат оние што ја поставиле претходниот ден од страна на жителите на Горњи Заостра 9 и ја внеле во месната црква!). Инцидентот се случил пред двајца полицајци во цивил, кои мирно го набљудувале тоа, според новинарите, пренесува „Вијести.ме“.
Извор од врвот на полицијата потоа изјавил дека тие полицајци не биле во близина кога новинарите биле малтретирани.
Полицијата во Беран по инцидентот привела четири лица, уапсила две (Данко Фемиќ и Владо Стијовиќ, кај кои биле пронајдени две мемориски картички украдени од Васиљевиќ), додека едно лице се бара. Полициската администрација соопшти дека, доколку се утврди дека имало пропусти на полицајците, „кон нив ќе се применат мерки и дејствија пропишани со закон, без исклучок“, според Vijesti.me.
На Пејовиќ му се заканиле дека ако „нешто излезе на Vijesti“ ќе го „убијат со голи раце“.

Пејовиќ рекол дека на почетокот на настанот, свештениците на Српската православна црква им дале благослов на тимовите на Vijesti и Pobjeda да работат: „Кога се случи нападот, побарав помош од еден свештеник, кој на почетокот ни даде благослов за фотографирање и снимање, го замолив да ни помогне да ја вратиме нашата опрема и да престане да нè напаѓа. Тој тврдеше дека благословот важи само за фотографирање околу црквата, а со другите свештеници го набљудувал малтретирањето на новинарските екипи.“
Васиљевиќ вели: „Ние, како што велат, снимивме нешто што не требало да се сними. Алкохолот зборуваше од тие луѓе, потпомогнат од нивните погледи на светот, еден од нив ја запали толпата, тие трчаа кон нас и тоа беше буквално она што на англиски се нарекува „линч толпа“. Да излезеше религиозно лице пред таа толпа, ништо од ова немаше да се случи.“
Рудовиќ рече дека Васиљевиќ бил претепан од десетици луѓе.
„Откако беше извлечен од таа разбеснета толпа со помош на неколку мештани, тие успеаја или да му ја одземат или да ја уништат целата опрема“, изјави Рудовиќ за ТВ Вијести.
Милатовиќ ги повика сите надлежни институции во земјата да обезбедат јавен ред и мир и доследна примена на законот, бидејќи никој не треба да биде посилен од државата. Премиерот Спајиќ рече дека одредени верски достоинственици, со своето неодговорно однесување, создале средина во која медиумските работници станале жртви.
„Секој напад врз новинари е директен напад врз слободата на медиумите и основните демократски вредности“, напиша Спајиќ на мрежата X. Делегацијата на ЕУ соопшти дека очекува црногорските надлежни органи да спроведат брза и ефикасна истрага за нападот и да обезбедат итно и ефикасно спроведување на законот.
Мрежата SafeJournalists соопшти дека е длабоко загрижена од чинот на насилство.
„Употребата на физичка сила, заканите, уништувањето на професионалната опрема и принудата врз новинарите за време на извршувањето на нивната работа претставуваат грубо кршење на слободата на медиумите и основните човекови права“, се наведува во соопштението.